НОВ, ЧЕТВРТИ СПОТ ЗА МАКЕДОНИЈА ОД МАНЧЕВСКИ
Македонски храмови - премиерно на Си-Ен-Ен
Ова е прв спот специјализиран за одреден сегмент на туризмот, во случајот за сакрален туризам (цркви, манастири и џамии). Продолжувајќи ја темата од циклусот Македонија - вечна, прикажано е единството на природата и човекот во сакралните објекти во Македонија
Четвртиот во низата спотови за туристичко рекламирање на Македонија, насловен Македонски храмови (Macedonian Temples) деновиве ќе биде премиерно прикажан на Си-Ен-Ен. Сценариото и режијата е на Милчо Манчевски, а продуцент на спотот е Елена Станишева.
Ова е прв спот специјализиран за одреден сегмент на туризмот, во случајот за сакрален туризам (цркви, манастири и џамии). Продолжувајќи ја темата од циклусот Македонија - вечна, прикажано е единството на природата и човекот во сакралните објекти во Македонија. Вечното течение на времето е преточено во магична промена на светлото, боите и сенките од страна на директорот на фотографија Мишо Ристов. Во контрапункт, ноќните сцени се случуваат во хипер-урбана средина. Како дел од циклусот, повторно е употребена современа обработка на народната песна "Учи ме, мајко, карај ме" во аранжман на Кирил Џајковски. Спотот е сниман речиси два месеца и тоа на локации во Зрзе, Варош, Матка, Вељуса, Велес, Мустафа-Пашина Џамија и ГТЦ во Скопје. Во спотот е употребен метод и технологија кои се користат за снимање научно-популарни документарци и вложени се стотици часови снимање, а снименото потоа трпеливо е обработувано со најсовремени специјални ефекти.
Инаку, ова е четврти спот во циклусот Македонија - вечна. Премиерниот го режираше Милчо Манчевски, вториот во серијата е на Игор Иванов - Изи, а третиот на Ѓорче Ставревски. Првиот спот на Манчевски, пак, освои прва награда на Меѓународниот фестивал за туристички филмови и спотови во Полска каде предизвика огромен меѓународен интерес, а има и над половина милион посети на интернет линковите.
или во поголема резолуција на: http://digitalmedia.org.mk/miso/temples/webverzii/Macedonia%20timeless%203_website.mov
(Д.Т.)
|