ПО УСПЕШНАТА УЛОГА ВО ДОМАШНОТО ВИДЕО
Северина на саем на еротика
Сексапилната хрватска пејачка Северина Вучковиќ ќе биде специјална гостинка на првиот фестивал на еротика и секс кој кон крајот на јуни ќе се одржува во Ровињ. "Сексополис" ќе се одржи од 26 до 28 јуни во ровињскиот ноќен клуб "Анаконда", а доаѓањето на Северина се очекува на 27 јуни. Северина, инаку, е повикана како специјална гостинка затоа што пред неколку години нејзиниот еротски филм крена толку многу прашина ширум Балканот, а Севе никогаш не се посрами па така и на саемот се очекува нејзината поддршка.
"На фестивалот на секс ќе дојдат неколку познати личности. Пред се се очекува доаѓањето на Северина што ни го потврди менаџментот на пејачката. Таа е наша ВИП гостинка, а ја повикавме за со своето доаѓање да потврди дека тоа што го правиме е нормално и здраво бидејќи и самата минуваше низ некои табу скандали", изјавила Мама Латифа, директорка на фестивалот и објаснила дека Северина како и сите гости (засега се продадени повеќе од 2.000 влезници) ќе може да ужива во разноразни програмски посластици, сексот во живо, стриптиз, лезбоигри...
Своевремено Северина го доби спорот со хрватскиот портал "Индекс" бидејќи тие први го пуштија филмот на Интернет. Но, филмот се уште може да се најде на интернетските страници доволно е само да се напише "северина видео".
А, како на фестивалот на секс и се што ќе се случува таму ќе реагира свршеникот на Севе, Славко Шаиновиќ, останува да видиме по 28 јуни.
|