ВО "РЕЈС ХЕЛ БУРГЕР"
Обама и Бајден чекале ред за хамбургери
Претседателот на САД, Барак Обама не може да и одолее на омилената храна на Америкаците - хамбургерот. Неодамна, заедно со неговиот потпретседател Џозеф Бајден, го прекршија строгиот протокол и се почестија со хамбургери. Тие побарале колоната возила со која патувале да застане пред популарниот ресторан "Рејс хел бургер" во Арлингтон за да си купат сендвичи, пренесе МИА. Обама и Бајден влегле во ресторанот, застанале во ред заедно со останатите гости, си нарачале хамбургери и потоа си ги платиле - секој својот сендвич.
|