сабота, 29 септември 2007  ::  Бр. 13613
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан Црна хроника Култура Life Style Спорт Stars Свет Репортажа Од почеток Видео
Вести


ГРЦИТЕ ВО КАНАДА СО РАСИСТИЧКИ ИСПАДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ


Грција повторно на грб


Според сознанијата на Катимерини, следни под уставното име ќе не признаат Јужна Кореја, Индонезија и една од скандинавските држави


Македонската заедница во Канада побара казна за пратеникот во канадскиот Парламент, Џим Каријанис по неговите расистички коментари, со кои Македонците ги именува како "Скопјани". Заедницата побара јавно извинување и од неговата, опозициска Либерална партија, која се обиде да го игнорира инцидентот.

- Владата на Конзервативната Партија го повлече вистинскиот потег и направи нешто што либералите одбегнуваа да го сторат за сите 12 години додека беа на власт, а тоа е признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име и на тој начин уште еднаш ја докажа својата принципиелност во доменот на човековите права - изјави Бил Николов, претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП).

На реакцијата на македонската заедница, либералите одговориле дека партијата "го почитува меѓународниот компромис за употреба на името "Поранешна Југословенска Република Македонија".

- Додека се во тек преговорите за името меѓу двете држави, Либералната Партија на Канада, ќе ја почитува одлуката донесена од Обединетите Нации - се наведува во одговорот на партијата.
Истовремено, последното признавање на нашето уставно име се уште ја тресе Грција. Во тамошните медиуми и вчера главна вест беше канадското признавање и последните настани во ООН.

"Катимерини" објави дека "долг е списокот на држави" кои ќе ја признаат земјава под уставното име. Според сознанијата на овој конзервативен весник, следни како Република Македонија ќе не признаат Јужна Кореја, Индонезија и една од скандинавските држави.

- Уште многу држави ќе ја признаат ПЈРМ под уставното име, откако тоа го направи Канада. Партнерите на Грција во ЕУ (Велика Британија, Германија, Франција) една по една веќе долго време го прават скришум и тивко, она што Канада го направи гласно - пишува весникот.
Катимерини потсетува дека како Македонија не признаваат, меѓу другите, Литванија, Словенија, Бугарија, Романија, Естонија, сите земји членки на ЕУ и НАТО.

- За жал, Атина не успеа да убеди никого, дури ни "браќата Кипарци", во праведноста на грчката позвија во спорот за името на новосоздадената држава. А сега, во новата ситуација (присоединување на ПЈРМ во НАТО, Косово и др.) Грција одново е на грб, приклештена до ѕид и "треба сите да се помириме со идејата дека ќе ни се наложи да направиме болен компромис" - заклучува Катимерини.

Канада беше 118. земја во светот што не призна под уставото име. Три од нив се и постојани членки на Советот за безбедност - САД, Русија и Кина. Македонија има воспоставено дипломатски односи со 159 држави.

(Г.М.)





Статијата е прочитана 3232 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ
Насловна
 
Гола вистина
 

Снег на Водно
Блесок 10
  

 

m
Кога доволно ќе го натопиш бетонот, ќе падне дожд.