ВО ГЕРМАНИЈА
Роберт Вукелиќ ќе слави денеска на концерт на Брајан Адамс
Роберт Вукелиќ на сопругата Даниела, но и фановите за денешниот ден, Денот на вљубените, им ја подарува новата песна насловена Еден убав денн. Пејачот од неодамна живее во Келн, Германија, таму го однесе љубовта, а за полесно да ја поднесе оддалеченоста од дома сопругата за денеска купила билети за концертот на Брајан Адамс и го израдувала саканиот.
Дали има поубав подарок и пооргинално од ова што жена ми ми го подари и приреди за денот на вљубените - карти за Брајан Адамс, а за возврат и ја подарувам мојата најнова песна ,,Еден убав ден", што наскоро ќе ја чуете. Сакајте се и уживајте", напишал Роберт на Фејсбук.
Песната беше реализирана непосредно по новогодишните празници во студиото на композиторот Ристо Апостолов ((Водолија"), на текст на новинарката Валентина Ѓоргиевска Парго. Роберт наскоро ќе дојде во Скопје за да направи спот за нумерата, во кој ќе има кадри направени во Германија и тука.
(А. Ѓ.)
|