понеделник, 17 декември 2012  ::  Бр. 15166
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
Изјава на денот
Овој СДСМ не може да биде никаква алтернатива на власта
Ивица Боцевски, поранешен функционер на СДСМ
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан и Свет Култура Спорт Забавна Од почеток Видео


ЦЕПРОСАРД ПОМОГНА ВО КОРИСТЕЊЕТО НА ОБНОВЛИВИТЕ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ЗА СУШАРА ВО ЗЛОКУЌАНИ


Македонско оригано во американски пици


Вентилаторите во сушарата што ќе ги движи енергијата на сонцето ќе го сушат органското оригано кое ќе се пласира на американскиот пазар. Сушеното оригано се продава по цена од 2,4 до 2,6 евра за килограм, а етеричните масла кои можат да бидат нус појава чинат 165 евра за литар. Од ориганото може да се произведува мед. На американскиот пазар тегла од 800 грама чини 30 долари


Сите знаеме дека ориганото е зачинско растение кое често се користи во доматните сосови. Заедно со босилекот, придонесува за исклучителниот вкус на многу италијански јадења (како пицата, на пример). Листовите се користат во готвењето, а исушената билка како зачин. Но, сигурно ни на крај на памет нема да ви падне дека од ориганото може да се произведе мед.
- Да, точно е. Од ориганото може да се произведува мед. На американскиот пазар тегла од 800 грама чини 30 долари. И не само мед, од оваа зачинска билка, освен сува маса може да се добијат уште четири други производи, како на пример, етерично масло, џусеви, чаеви (има антибиотско и антисептично дејство), се користи скоро секаде, во медицината, во фармацијата, во козметиката особено, потоа во месната и прехранбената индустрија и многу други работи - вели Кујтим Хаџи Хамза, директор на Земјоделската задруга Токаа, кој со финансиска помош од центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој ЦеПроСАРДД, гради сушилница за оригано во скопско Злокуќани, каде што првично во план му е годишно да се произведуваат 210 тони сува материја.

Сончевите панели ќе ги движат вентилаторите
Задругата има свој расадник за оригано, а потоа билката ја засадуваат на изнајмено земјиште тука во Злокуќани.
- Оригано има над 38 видови, од кои економска вредност имаат шест-седум вида. Ние се одлучивме за оригано монитес од фамилијата лабита, а сестрата или братот на тоа оригано може да се најде и на овие простори, а тоа е мајчината душица или оригано вулгаре - вели Хаџи Хамза.

Планираат наредната година да засадат 70 хектари под оригано, односно од еден хектар може да се добијат 3 тони сува материја. А за тоа потребна му е сушарата која до пролет ќе биде подготвена за работа.
- ЦеПроСАРД" ни даде грант 50:50 за изградба на сушарата (инвестиција од 20.500 евра), во која ќе користиме сончеви панели. Значи ќе користиме алтернативна енергија (сонцето) за да можат билките да се сушат од јуни до октомври. Засега оваа енергија ќе ни биде доволна, но во иднина планираме од лековитите билки да вадиме биомаса која ќе ја користиме како енергенс - појаснува Хаџи Хамза.

Сушилницата, објаснува тој, ќе има три тунели во кои ќе се суши ориганото, чиј капацитет е по 600 килограми на еден тунел, или вкупно 1.800, а ќе има и посебен дел за пакување на ориганото.
- Процесот на сушење зависи од сонцето и мора да се одвива природно, а енергијата од сончевите панели ќе служи за движење на вентилаторите, бидејќи при сушење на билката постојано мора да има свеж воздух за да ги задржи квалитетот, бојата и мирисот. Производството не е наменето за домашниот пазар, туку за извоз. Од Турција за американскиот пазар се извезуваат 60.000 тони суво оригано, а колкави количества ќе извезуваме зависи од нас - вели Хаџи Хамза, кој додава дека кај нас нема пласман бидејќи немаме навика да го користиме лековита билка, туку како ароматична.

За Македонија одгледувањето на оригано е како џокер
Одгледувањето оригано Кујтим го научил во Турција, каде работел 20 години. Вели дека сака успешната приказна од Турција да ја продолжи во родната земја која има природни услови да се култивира овој вид на ароматични билки.
- За да се може да се успее, да не остане само приказна треба доста да се работи, потребна е едукација на младите луѓе. Ова е еден синџир на работа, значи не е само луѓето да ги натераме, да ги загрееме да почнат да работат и после да ги оставиме на пола пат, како што се работи претежно во Македонија. Пазарот е многу голем и со многу голема конкуренција, значи точно треба да се знае како треба да се работи, треба да се оди чекор по чекор за да се успее, за да може да се влезе во тој систем - вели Хаџи Хамза.
Освен во Злокуќани, Кујтим вели дека прават педолошки анализи на земјиштето и на други локации низ Македонија каде би можело да култивира ориганото.
- Пилот фирми имаме и во Балван Штипско, во Гевгелија, во Волковија, во Козјак, накај Блаце. Билката за среќа не лаже како човекот и таа самата ќе каже дали може тука да се култивира, или не. Ако може да се одгледува, тогаш влегуваме во тие рурални средини каде мислиме дека ќе има ефект. Но, сега доаѓа најтешката работа, социјалната, значи човекот кој треба да се убеди тоа е еден стриктен договор кој од двете страни треба да се почитува, односно да не користат хемикалии при одгледувањето на ориганото, бидејќи тие ги уништуваат лековитите ефекти на билката. Ориганото треба да е органски производ, што значи не треба да се прска, бидејќи се прават анализи во независни лаборатории и тоа се открива - вели Кујтим.
Тој очекува бизнисот со оригано да заживее бидејќи во Македонија ги има сите предуслови за тоа: климата и поевтината работна сила.
- За Македонија одгледувањето на ориганото е како џокер. Откако ќе се засади, билката живее седум години. Иако бербата во Турција и на Кипар е еднаш во годината, сепак, верувам дека во Македонија ќе има две берби. Оваа година веќе посадивме и имавме две реколти од посаденото оригано, едната е при крај на јуни, другата при крај на септември. Ова е јака билка, која опстанува на минус 40 и на плус 60 степени - вели Хамза.

Тој размислува во иднина да ги произведува сите други производи што се прават од ориганото, но сето тоа ќе се одвива етапно, во зависност од успехот.
- Размислуваме и за нивно амбалажирање, брендирање, за што ќе ни биде потребна соодветна машина. Засега приоритет е комплетирање на сушилницата, каде што следната година ќе ги сушиме билките што ќе ги откупуваме од кооперантите - раскажува Хамза.
Сушеното оригано на европскиот пазар се продава по цена од 2,4 до 2,6 евра за килограм, а етеричните масла достигнуваат по 165 евра за литар.


Обично оригано
Обичното оригано или планинскиот чај, односно Origanum vulgare е вид оригано кое потекнува од Европа (нејзиниот медитерански дел) и од јужна и средна Азија. Тоа е повеќегодишно растение кое расте 20 до 80 сантиметри во височина, со листови долги од 1 до 4 сантиметри. Цветовите се розови, долги 3-4 милиметри и се издигнуваат од исправени боцки. Името на овој вид доаѓа од грчкиот збор origanon, а значи планина. Семето од обичното оригано е познато и како аџвајн на урду.

Подвидовите на Origanum vulgare се важни хранливи растенија. Тие најчесто се користат во грчката и италијанско-американската кујна. Листовите се користат во готвењето, а исушената билка како зачин. Сличните видови Origanum onites (Грција, Мала Азија) и О. heracleoticium (Италија, Балкански Полуостров, Западна Азија) имаат сличен вкус и миризба. Близок сродник на ова растение е мајораната, но нејзиниот вкус е мошне поразличен. Видовите од овој род се користат како храна од страна на ларвите на некои пеперутки, вклучувајќи ја и Coleophora alibitarsella.

Светлана БЛАЖЕВСКА





Статијата е прочитана 3471 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 
 

Блесок 10
Канаѓани со "Минус еден" премиерно во Скопје
Марфи
Испробај ја својата среќа за да знаеш во каква работа да се впушташ.