вторник, 18 август 2009  ::  Бр. 14179
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
пред 2 ч.
Вељаноски очекува нормализирање на политичкио
пред 1 ч.
1.400 станови до касарната Илинден
пред 3 ч.
Продолжува одисејата со вратените случаи од Х
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан Црна хроника Култура Life Style Спорт Stars Свет Од почеток


ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШУТО ОРИЗАРИ РЕШИ ДА ГО ЗАГРЕЕ СТОЛЧЕТО


Елвис Бајрам се спрема за во школо

Бајрам ќе нема мака со набавка на учебници. Од оваа година Владата започна со делење на бесплатни учебници за сите средношколци. Единствено останува неговиот татко, Амди Бајрам, да му набави школски ранец, тетратки, молив и гумичка

Елвис Бајрам, градоначалникот на општина Шуто Оризари ќе стане средношколец. Тој од први септември ќе се запише во едно од скопските средни училишта, но во кое се уште не открива. На прашањето на ВЕЧЕР дали ќе го оствари своето ветување дека ќе заврши средно училиште, Бајрам прво одбиваше да одговори бидејќи бил на состанок. По нашето инсистирање, тој не препрати да исконтактираме со шефот на неговиот Кабинет, Аднан Мемед. Мемед кратко ни одговори:
Она што градоначалникот го вети ќе го оствари. Запишувањето во средно училиште е во процедура.
За жал ни тој не ни го откри името на гимназијата во која Бајрам ќе учи. Единствено што успеавме да дознаеме е дека Бајрам нема да седне во училишна клупа. Тој ќе биде вонреден ученик, со оглед на неговите обврски кои ги има како градоначалник на Општина Шуто Оризари.
Бајрам ќе нема мака со набавка на учебници. Од оваа година Владата започна со делење на бесплатни учебници за сите средношколци. Од минатата година средното училиште е задолжително. Па наместо да плаќа казна што неговиот син не се запишал во школо, неговиот татко, Амди Бајрам, ќе даде пари за школски ранец, тетратки, молив и гумичка. На Еливис му останува само да го загрее столчето и да седне да учи.
Вчера тој беше домаќин на американскиот амбасадор Филип Рикер. Гостинот го пречека заедно со својот татко, актуелниот пратеник во македонскиот парламент, Амди Бајрам. Рикер и семејството Бајрам час и половина муабетеа во канцеларијата на градоначалникот. Американскиот амбасадор се интересирал како функционира локалната самоуправа, со кои проблеми се соочува и кои се нивните приоритетни проекти на кои се фокусирани.
- Јас сум задоволен што имав шанса да видам како еден мал проект на САД се реализираше со активност на локалните власти и ние подаривме компјутерски систем и финасиски менаџмент систем кој што беше дониран од УСАИД за да и помогне на Општината. Дониравме три персонални компјутери, сервер и специјален софтвер за обука. Ние сите треба да се фокусираме на децентрализација бидејќи тоа е многу важно за иднината на Македонија, за демократијата и за поцврста иднина на државата. Шутка е добар модел за тријазична општина каде што се зборува на македонски, албански и ромски јазик - изјави Рикер по средбата со семејството Бајрам.
Вчера попладне американскиот амбасадор беше во посета и на општината Арачиново. Тој имаше средба со тамошниот градоначалник, Бастри Бајрами.


#



Статијата е прочитана 5373 пати.

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    

 

Гола вистина


 

Галичка свадба 2010
 
Марфи
Секоја жичка исечена на потребната должина ќе биде прекратка.