четврток, 17 април 2014  ::  Бр. 15553
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
Изјава на денот
Македонија под снег. Април не платил пролетарина
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан и Свет Култура Спорт Забавна Од почеток Видео


ПОНЕДЕЛНИЧКИ


Прочка


Бев во саботата на концертот на Слаткар, Тони Зен... со слични на мене, но и пар илјади копиљаци, најчесто помлади од матура. Лепота.

Нема поделени по тоа кој за кои партии гласал, нема приватизации и стечаи во нивните лица, нема кои се наши и кои се ваши... само чиста лепота.

И си мислам ќе успееме ли на таа лепота да и го видиме, час поскоро, крајот. Онака, душмански, да ја одземеме од своите деца и да ја ставиме во своја функција. Да ги поделиме по тоа кој за кои партии ќе гласа во иднина, да ги поделиме на наши и ваши во секој случај. Било по тоа во која црква одат, на кој господ му се молат, по презимињата на нивните дедовци, функциите на нивните татковци, или по историјата на нивните фамили...

Да ги поделиме, отруеме и пуштиме низ улица сопствените деца. Затоа што тоа им треба на шефовите на партии, им треба на оџите и поповите, амбасадорите, им треба на историчарите, соросоидите, музичарите, шефовите на навивачките групи. Да ја сјебеме лепотата на сопствените деца, со време.

Така е тоа, овде на Балканите. Не затоа што овдека се раѓа ретардиран свет. Не, се раѓаат исти како во Швајцарија, Холандија или Германија. Но, ако ги погледнете замоците, дворските галерии, балските сали, музеите... во Германија, Шведска, Англија или Холандија, ќе видите дека, барем пола од тоа богатство, е искрадено низ војни и освојувања, на се што е источно од нив.

Тие се обединувале, школувале и создавале солидарни општества и демократии. Овде рушеле, не поттикнувале на делби и кланици меѓу себе и носеле се што може да се однесе кај нив. Нашите држави, после се, денес се мали, сиромашни, со поделени и раскарани граѓани по сите основи.

Нивните, за тоа време, од мали држави, се обединиле во големи и моќни. Италија и Германија се збир на мали покраини и градови-држави, кои се обединиле во силни нации, пред само двеста години.

Груевски, по пет децении сивило и сон, реши да гради јавни објекти во Скопје. Во Англија, Германија, Холандија или Швајцарија би го славеле како што ги слават нивните градители. Но, овде не.

Холандсаката амбасада пушта свој вработен, шеф на невладина (амбасадорска) организација Разбуди се", да протестира против изградбата на Скопје. Јавно. И да бара џамија на плоштад, иако граѓаните на Центар не сакаат да гласаат за таа џамија. Тие не сакаат, ама од друга општина ги тераат на сила.

Истиот лик, вработен во холандската амбасада, случајно предводеше и протести против Македонската енциклопедија. Холандската амбасадорка со прст не мрдна. Таа не повикува на акции да возиме точаци. Додека нејзините вработени ни укинуваат енциклопедии и ни градат џамии против наша волја.

Дали во Холнадија за политички прашања предводат протести вработените во американската амбасада, на пример.

Знаат ли нашите деца што ги делат на оние за и против цркви. За и против џамии дека во Швајцарија речиси нема џамии. Не затоа што нема муслимани. Има. Туку затоа што таму полицијата не дава пеење на оџите преку звучник. Им сметало, бидејќи тогаш одморале. Дека Берлин го прави истото. Дека во Франција не дозволуваат во школи да одат забулени ученички.
Ние сакаме и нашите деца да бидат паметни и учени како оние во Франција, Англија, Германија, Швајцарија, Холандија... ама не им даваат.

Нашите деца немаат Македонска енциклопедија. Ако Груевски попушти, нашите деца нема да имаат ни плоштад со јавни објекти, туку по старо. Со пластични ВЦ-кабини, бетонска ледина како Тирана, од времето на Енвер Хоџа.

Така е тоа, овде на Балканите.
Тие ги слават освојувачот Наполеон, деспотот Бизмарк или архитектот Гауди, кој без диплома за струката, ја унаказил Барселона - според неговите тогашни колеги, но ја прославил според сите други... не тераат ние да ги славиме командантите на УЧК и нивниот Скендербег, а тие го слават Моцарт.

Од силните споменици на командантите на УЧК, што ги има низ цела Македонија, заклучно на влезот на државниот универзитет во Тетово (секако, без дозвола)... од тие силни споменици нашите деца не ни знаат многу за Моцарт. Веруваат дека човекот е автор на музиката за телефоните нокија, дека има фабрики за чоколадни кугли и серија кладионици низ Балканот.
Затоа Исус не се родил тука. Овде не може да се најдат дванаесет умни, што лојално ќе го следат. И не може да се најде девица, на возраст на Марија Магдалена. Од сите следбеници еден е наш. Јуда имаме. Мултиплициран.

Ги гледам Мендух Тачи и Бранко додека се трудат, откако не сјебаа нас, да ги искараат и нашите деца. Да ги изнесат на плоштад, да протестираат и да бараат Скопје да не се гради. Да остане како Тирана од времето на Енвер Хоџа.

За Тачи нема надеж. Но, Бранко треба да знае дека е лесно да смениш нечие мислење. Тешко е да го натераш да го прифати твоето. Тоа е нешто друго.

Денови на Прочка се. Еве, јас ќе им простам на хомосексулаците и нивните симпатизери. Ќе ја повлечам тужбата против малиот Славчо. Млад е, и веројатно не е свесен што застапува. Му посакувам девојка во која ќе се заљуби, која ќе му објасни се.

Денови на прочка се.
Да им простам на сите што згрешиле. И да го побарам истото од вас.

Пишува: Драган П. ЛАТАС





Статијата е прочитана 10587 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




Simpatizer, 15.02.2010 13:14:07
Latas, samo udri i ne se boj, razotkrij gi tie izdajnicki nacionalno zaspani kopilinja i pitaj boga sto li se. Citav deka te obvinuvaat za sorabotka so sluzbi, e ako de, novinar si, takvi bea vreminjata, lesno bese da se napravi nesto pogresno, toa se slucuvase i na lica od DBK, vladata, armijata a za policijata da ne zboruvam, pa duri i stranskite politicari pravea cekori koi sesega od denesen aspekt se tolkuvaat pogresni. PA STO? Nema da propadne Evropa. Zarem ne im e jasno deka aktivnostite koi deneska se sproveduvaat vo makedonija se najbliski do Evropa, barem licat na evropski, ete i Pariz e so slicen ogromen proekt, i vo germanija citam ima nesto slicno. Samo da znaes i da pisuvas i za toa, vo vojskata caruva SDSMeto i toa dosta cvrsto, se e staveno na spisok i sekoj koj i malku lici na VMRO odma se smenuva od dolznost, ednostavno go snemuva, podgotveni se na se, megusebno se konsultirat za sekoja sitnica, vece imat napraveno plan za postavuvanje, unapreduvanje i skoluvanje
15.02.2010 13:14 | (91) | Like
Demirhisarec,preselen vo Bitola, 15.02.2010 11:49:55
Se slozuvam so Latas, deka na Procka se prostuva za greskite na bliskite,prijatelite pa duri i na protivnicite. Ama za kakvi greski? Jas na Branko nikogas nema da mu prostam sto prodolzuva(kako svoevremeno so Ljubco) da go deli makedonskiot narod, sto otruen od omraza pravi nevozmozni koalicii (pr. Taci, Ljube i slicni) se so cel samo za da ja urne ovaa narodna Vlast, koja za razlika od site dosegasni, barem nesto pravi za svoitye gragani. Nema da mu prostam na Drugarot Branko zatoa sto zaslepen od omraza kon Gruevski, se obiduva da ni go unisti sonot za nekakva poubava idnina. Ako ne za nas od srednata generacija, togas barem za nasite deca i za slednite pokolenija. Premnogu zlo ima vo komunjarskiot lider. A toj propdolzuva po staro. Se nadevam deka ovoj napaten narod isto taka nema da mu prosti. Vprocem im se prostuva na site onie sto nesvesno gresat, a ne na takvite koi gi povtoruvaat greskite.
15.02.2010 11:49 | (40) | Like
target, 15.02.2010 11:42:20
Nema sto da dodadam. Trebase ednas (posle izjavata na d-r Ackovska) vakov tekst koj odamna sekoj normalen Makedonec go ocekuvase. Nekoi izgleda multietnicnosta e sfakaat samo kako faza nekoja naselba, maalo, a potoa i grad i region da stanat monoetnicni i tuka da si postavuvaat svoi pravila (odlicen ti e primerot so Skenderbeg i komandantite), a novi teritorii da osvojuvaat so placenje za multuetnicnost. Vo Holandija, bidejki e spomna, pred nekoe vreme site se sekavaat kakov bese odzivot za dzamiite.
15.02.2010 11:42 | (20) | Like
Od roditel, 15.02.2010 11:22:03
Arno ja pocna statijata, onaka roditelski. Kuti, si rekov eve i Latas razmisluva roditelski. I, taka do onoj moment koga povtorno ja zazede svojata politicka strana. Me razocara i so ovoj tekst ama ete ke ti prostam oti e procka.
15.02.2010 11:22 | (36) | Like
Лош до коска, 15.02.2010 11:16:23
Простувај Латас на кого сакаш, ама само Господ може и има сила да простува, а ЈАС..??? НЕ... НЕ ПРОСТУВАМ....А ти бе Пејо Јаден , изгледа и не си баш толку итар ко што мислиш, кога си даваш за право да оценуваш туѓи трудови и ги нарекуваш КИЧ....впрочем што е КИЧ, знаеш ли да пбјасниш??? мислам ко поим, што означува, или си го чул некаде (од некого???:-))))))), па ај и ти да го употребиш...па поголем КИЧЕРАЈ од (очигледно) ТВОИТЕ, СеДеСе-овци и соросоиди КАДЕ ИМА НА СВЕТОВ, АЛОООООООООО....?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!?!
15.02.2010 11:16 | (40) | Like
zoran, 15.02.2010 11:12:47
plostadite da se gradat ..da se naredat site Makedonski Heroi....Makedonija da se gradi i da otkopa se sto e skrieno...Makedonija treba i mora da mu se otkrie na svetot...Da go zavzeme svoeto mesto vo istorijata na svetskite narodi... P.S Burm.Gjamijata e izgradena na Crkva koja po porobuvanjeto Osmanliite ja srusile??? Se znae zosto.
15.02.2010 11:12 | (31) | Like
seherezad, 15.02.2010 11:10:03
da zivee dzingo, latas i partizanskite filmovi
15.02.2010 11:10 | (27) | Like
dusko, 15.02.2010 10:59:46
a bre viki vo albanija 80% od albancite se katolici a ne muslimai.
15.02.2010 10:59 | (29) | Like
v.percak, 15.02.2010 10:50:57
abre go gledam bcera branceta na sitel ise cudam veli nisto ne mi smetat samo edno mi smetat e toa bil gruevski samo toj da ne bil se ke bilo ok gospode prostimu na covekov ne znae sto mue
15.02.2010 10:50 | (27) | Like
ch, 15.02.2010 10:48:42
Da i nije glasavme vo svajcarija za protiv minaret. Kako sto veli Viki taka i nije isto si rekovme zosto tije negradat crkvi nego nije morame dzamiji. Tije si imaat hramovi kade da se molat ali minareti nese potrebni, a toa ni najmalku ne se slozuva so Evropskiot nacin na zivot i kultura. Sekoj si ima svoja vera i toa treba da se respektira ali koga i tije go pocituvaat hristijanstvoto. Ne sum videla ni jedna crkva vo islamskite zemji.Ne mozime ni krst na vratot da nosime ako odime tamu a kamo li crkvi. Nema tolerancija i ima da se gradi Skopje zosto sakame moderen evropski grad a ne baraki i da se vratime vo kamena doba.Sekoja pohvala do vladata, a Holandija neka si gleda doma nema sto da se mesa kaj drugi ni nije neim se mesame. Tije ako saket site crkvi neka gi sruset i neka gradet dzamiji niv problem.
15.02.2010 10:48 | (23) | Like
zoki gvg, 15.02.2010 10:15:18
Latas! Edna molba do tebe:sekogas koga ke vidis nekoj novinar od ovie zagrizenite od A! Vtelma Alfa isl.kako davaat izvestaj od nekoja druga drzava pred nekoj ubav spomenik ili gradba vednas da gi objavis i da im kazes da se trgnat od kadar i da davaat izvestai od nekoja slatkara dukan ili apteka,a ne od pred bitni kulturni znamenitosti od tie gradovi.Ili tamu tie se ubavi a tuka ne a? Pozdrav P.s. prasaj ja onaa Biljana od A1 sto stana so dzamijata.sram da i e ona pogolem albanec od nasive.
15.02.2010 10:15 | (36) | Like
Партизанот, 15.02.2010 09:45:12
Вчера на вести на А1 излегува познат водител со македонско име ипрезиме и вели денеска е св.Валентин честит празник а воопшто не го спомна св.Трифун а да не зборуваме за тие вести од Кавадарци кај што претседателот на македонија им го честита празникот на сите православни македонци. Барем да речеше денес е прочка простете ми што ја одбрав оваа телевизија за работно место што секојдневно зборуваат т.е. тропат глупости против се што е македонско и што освен квизот милионер немаат ама баш ништо што да понудат. Добро е што имаме кабловска па ги менувам веднаш од кога ќе им ги слушнам албанизираните вести.Немаат критериум за ништо за греота се.
15.02.2010 09:45 | (32) | Like
Вики, 15.02.2010 09:36:51
Ме интересира дали во центарот на Тирана, или Приштина има православна црква? Ако нема- жал ми е ама не сакам да слушнам за џамија на Плоштад. Ако речам дека се грозам и настрано ми е човек да има односи со животни- ќе ме осудите ли за неевропски ориентирана??? Не ми сметаат педерите, можат да си бидат што си сакаат -се додека не се промовираат по ТВ-а и не изигруваат жртви. Најповеќе се лутам (читај „се грозам“)на нашите медиуми и новинари кои го користат терминот НЕЕВРОПСКИ за да плукаат по нашите вредности и традиција за само нив позната цел. Латас, Браво за текстов, како и секогаш, супер е! Само Кој да го разбере!?!
15.02.2010 09:36 | (29) | Like
Перо, 15.02.2010 09:25:40
Од 1945 наваму колку цркви се изградени а колку џамии? А од џамиите колку се бесправно изградени? И нешто што порано беше како правило, барем во СФРЈ: СИТЕ ШТО РАБОТЕА ВО СТРАНСКИТЕ АМБАСАДИ БЕА ШПИУНИ? И не му замерувајте на некој амбасадор можеби не може да види дека ние не чуриме сушени лисја од петолисно растение јавно како во неговата земја па не можеме да видиме некои работи како што ги гледа тој.
15.02.2010 09:25 | (53) | Like
Биљана, 15.02.2010 08:54:16
Ќе им простам на моите најблиски, а на вакви политички ѓубриња, криминалци и убијци ни Господ нема да им прости.
15.02.2010 08:54 | (22) | Like
Kimov, 15.02.2010 03:34:53
Gruevski ima maka od unistuvackata opozicija za Makedonija. Opozicija treba da se ima kako segde vo site drzavi niz svetot. Samo tamosnite opozici se na edno visoko nivo i so respekt pred pozicijata. Nasata opozicija rabotata ja tera na divo i udarnicki bez da eazmisluvaat deka i stetat na drzavata. Sekoj pameten poteg na pozicijata go nistat za vo korist na muslimanite.
15.02.2010 03:34 | (44) | Like
Градител, 15.02.2010 02:46:48
Ние постојано простуваме, не дека не треба!?, треба!!!, и е многу човечно, кога може БОГ на нас да ни прости, што останува друго, него околу овие..., тие не го разбираат тоа така , и упорно уште утредента пак грешат, па ај што грешат пак , туку и ги повторуваат истите грешки.
15.02.2010 02:46 | (51) | Like
Cepelin, 15.02.2010 01:40:02
Drzi voda tekstov. Glava ne mozeme da digneme od pritisoci na diplomati i nivnite domasni izvrsiteli SDSM. Albancite i DUI si teraat svoja agenda, svoi spomenici i svoi svercovi, ama zosto nie mora da im pomagame vo toa? Za da moze Branko so niv i diplomatite da se vrati na vlast. E nema bogami!
15.02.2010 01:40 | (58) | Like
Djimi, 15.02.2010 01:23:42
Bravo Latase,SEKOJA CEST
15.02.2010 01:23 | (50) | Like
demirhisarka redovna citatelka na vecer, 15.02.2010 00:48:22
LAKI....SE PROSTUVA na site sto imaat dusa vo sebe, no kako mozeme da im prostime na goveda, pa tie ne razbiraat nisto, mozeme samo da gi sozalime za nivnite bolni umovi.ZA NIV NEVAZI NI PROCKA NI PRAZNIK NI CRKVI ZOSTO NIKOGAS NEGI NI SAKALE PA NI VO NIF VLEGUVALE. A nasite deca neka ucat od svoite roditeli, mislam na roditeli sto mirisaat na luge.
15.02.2010 00:48 | (38) | Like
Vasco Beleski, 15.02.2010 00:45:41
Prosteno ti e , i site koi mislat deka sum zgresil im zgresiv prostete mi, mnogu pozdravi za stei i slusajte go avtorov sakajte se i prostavajte si obediente se covecno e......inaetot smeneto go vo kompromis, pogresnata gordost vo dialog....i na kraj ke pobedi prirodata zatoa sto kade sto ima treva ima po nekoj trn ama nikoj ne vika odam kaj trnjeto tuku kaj trevata.......
15.02.2010 00:45 | (36) | Like
Od Kapetano, 15.02.2010 00:26:57
Pa na ovie nepismeni komunjari nemoze nikoj da im prosti pa kamo li nie ali samo Gospot da im plati....
15.02.2010 00:26 | (31) | Like
mimi, 15.02.2010 00:14:16
Konecno i Makedonija da dobie vistinska metropola ,dodeka prethodnite kradea ovie gradat nesto ,i da gradime ni smeta ,na ovie sto rabotat protiv sopstvenata zemja neznam dali i pokolenija bi mozele da im prostat a za djamiite i samite albanci mu kazaa na Taci deka so minarinja vo sekoj grad tesko deka ce vlezat vo Evropa
15.02.2010 00:14 | (36) | Like
i da sakam ne mozam, 15.02.2010 00:12:03
mozam da prostam za se no ne mozam da prostam na grcite ne mozam da mu prostam na ahmeti ne na taci ne na site albanci koi gi ubivale vo zaseda kurvinski nashite braniteli ne mozam da prostam za leshockiot manastir za cuvarite vo motelot brioni za mavrovskite rabotnici ne mozam da prostam na tie shto ne davaja da se pushti prvata makedonska enciklopedija ne mozam da prostam na kriminalcite lopovite i za tie shto se zanimavaat so drogata ne mozam da prostam na nekoi politicari koi ne se boraat so seto svoe srce i dusha za podobra makedonija i tn i tnataka
15.02.2010 00:12 | (30) | Like
Od Gostivar, 15.02.2010 00:05:28
Koga bev vo Berlin Colubier Damm, projdov slucajno kade sto je izgradena Djamijata na Turcite sakav da je vidam kako izgleda. Veruvale ili ne prvo ta Djamija nema Minare od patot vopstone ne se ni gleda nikakvo minare samo sto mozes da vidis mala zgrada. So ova sakam da kazam kakovi se demokratite vo Zapad a ovde ni solat pamet za nekoja si demokratija. Na B.C. ce mu sudit narodot, nemu i na negovata garda kominjarska koga toga izbori ce ima i Sikter za sekogas.
15.02.2010 00:05 | (42) | Like
Goce, 15.02.2010 00:05:26
Секоја чест...
15.02.2010 00:05 | (43) | Like
Marija Avtokomanda, 14.02.2010 23:53:32
Taka e Latas, ako im se popusti na Branko i kompanija, stvarno ke ne sjebat. Morame da se borime do kraj so gubrinjata.
14.02.2010 23:53 | (46) | Like
Pirin, 14.02.2010 23:34:03
makedonija ima sekoj den procka , sekoj den prosstuva a ne samo na procka , sepak ovie gresnicive se uste ne se zadovoluvaat .
14.02.2010 23:34 | (47) | Like
кумановац, 14.02.2010 23:23:17
Кратко и јасно,лаконски,браво Латас.
14.02.2010 23:23 | (29) | Like
Itar Pejo, 14.02.2010 23:16:11
Nikoj ne e protiv gradenje, no lugeto se protiv kicot i megalomanijata. Svajcarcite glasaa protiv minarinja, bea kritikuvani od cela Evropa. Mozda taa odluka i ce padne na Ustaven. Inaku edna informacija: vo Svajcarija nema lokalni muslimani, pred 50 godini verojatno nemalo ni eden. I edno prasanje za crkvite: Moze li avtorot da se zainteresira i da ne izvesti, vo Francija na primer, kolku crkvi se izgradeni za poslednive 100 godini? I kolku vo Makedonija?
14.02.2010 23:16 | (29) | Like
diablo_mkd, 14.02.2010 23:09:37
Prosteno tee od mene ;)
14.02.2010 23:09 | (44) | Like
 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 

Снег на Водно
Блесок 10
Марфи
Колку помлади, толку подобро.