четврток, 29 јули 2010  ::  Бр. 14458
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
пред 3 ч.
Вељаноски очекува нормализирање на политичкио
пред 2 ч.
1.400 станови до касарната Илинден
пред 3 ч.
ВМРО-ДПМНЕ: Од каде им се парите на Бранко, Х
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан Црна хроника Култура Life Style Спорт Stars Свет Од почеток
Вести


"Никој нема право да преговара за моето име"


Да прекинат преговорите со Грција!


Македонија да ги прекине преговорите со Грција, да покаже дека не е подготвена на компромис за името и дека нема намера да го менува, порачаа претставници на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада (ММДЧП) и Македонска алијанса, кои го промовираа почетокот на кампањата "Никој нема право да преговара за моето име".
Според координаторот на ММДЧП Славко Манговски и лидерот на Македонска алијанса Џорџ Атанасоски, Грција сака да ги уништи македонскиот јазик и идентитет. Притоа, воопшто не е демократски тоа што ЕУ и НАТО ги преземаат нејзините позиции и од нас бараат да исполниме дополнителни услови за членство.
- Ние се залагаме за влез во ЕУ и НАТО, но без дополнителни услови како што е промената на името. Преговорите треба да прекинат зашто со тоа покажуваме дека сме подготвени на компромис што не е точно. Мора да покажеме дека за идентитет никој не преговара, нагласи Манговски.

Атанасовски оцени дека за потенцијалните странски инвеститори не е најважно дали една земја е членка на ЕУ или НАТО, туку колку добро функционира особено во однос на законодавството и администрацијата.
- Подобро да се фокусираме на економската состојба, од Македонија да направиме Швајцарија, да ги спроведеме сите реформи посебно во судството. Само тогаш странските инвеститори нема да ја заобиколуваат државата, независно дали е дел од НАТО или ЕУ, напомена Атанасоски. Тој тврди дека дијаспората и помага на Македонија во подобрувањето на економијата испраќајки по 1,2 милијарди евра годишно од кои живеат околу 160.000 семејства.
- Македонците тука и во странство се на исто мислење, преку 95 %, не се за промена на името, потенцираа уште еднаш организаторите.

Кампањата "Никој нема право да преговара за моето име" чии инцијатори се ММДЧП и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права, беше промовирана на 7-ми овој месец. Ја поддржуваат околу 40 организации и индивидуалци. Секој што сака допрва да се вклучи, тоа може да го стори преку интернет-страницата www.macedoniahr.org.au .


Нема бензин во Грција
Македонија ќе ги спаси за гориво
Приватните туристички агенции од Северна Грција, му дадоа рок на Министерството за транспорт до денеска да ги снабди со бензин, во спротивно се заканија дека ќе дојдат во Македонија да ги наполнат резервоарите. Превозниците биле принудени на таков чекор за да не ги откажат туристичките аранжмани. Илјадници туристи остануваат заробени поради нафтената криза во Грција, меѓу кои и голем број Македонци. Мал е бројот на пумпите каде што може да се најде бензин. Претставниците на здружението на возачи на камиони и цистерни беа во Министерството за транспорт и врски, на средба со генералните секретари, во обид да се постигне договор, и бензинот да стигне до бензинските станици.


#



Статијата е прочитана 556 пати.

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    



Изјава на денот
Зошто пратениците Цветанка Иванова, Радмила Шекеринска, Весна Бендевска, Славица Грковска и Маринела Тушева не го бранеа Душко Илиевски кога тој во 2005 година беше осуден за семејно насилство? Зошто Владо Бучковски, Зоран Заев и Владо Димов не го бранеа Илиевски кога тој од 93 до 97 година дури седумпати бил пријавуван во МВР за тешки кражби?
Александар Бичиклиски, ВМРО-ДПМНЕ

 


 

Галичка свадба 2010
Марфи
Кога ќе имаш потреба да "чукнеш во дрво" сфаќаш дека светот е направен од алуминиум и пластика.