петок, 07 мај 2010  ::  Бр. 14389
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан Црна хроника Култура Life Style Спорт Stars Свет Од почеток Видео
Култура


ВО РЕЖИЈА НА СОФИЈА ТЕОДОР


Се снима краткиот Розе танга


Веќе неколку дена во Скопје се снима филмот "Розе танга четврок", на режисерката Софија Теодор. Се снима во приватен стан, во МТВ и во дискотеката Миднајт.

Ова е краткометражен филм од 20 минути кој разработува тема за еден млад човек на возраст од 30 години кој секој четврток го поминува во ноќен клуб облечен како жена, додека неговата бремена сопруга не знае за неговото хоби. На крај, си помислува дека причина за неговото отсуство е некоја друга жена, што е и причина главниот јунак да заврши трагично.

Во филмот играат српскиот актер Бане Јефтиќ, како и македонските Билјана Танеска, Мите Грозданов, Васил Шишков, Петар Стојковиќ, Ана Кафкалеска, Јелена Мијатовиќ, Драги Шпага, Томи Наумовски и други, а како актер натуршчик во филмот се појавува и новинарката Валентина Ѓоргиевска.

Сценариото го напишаа Ева Камчевска и Софија Теодор. Снимател е Александар Касапинов, а за монтажата е задолжен Владимир Павловски-Тегла.







Статијата е прочитана 2526 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ
Изјава на денот
Не сум бил на Плоштад, но ќе одам во три сабајле за да биде соодветно.
Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ
Насловна

 
 

Снег на Водно
Блесок 10
 
Марфи
Пријателите можеби доаѓаат и си одат, но непријателите се таложат.