среда, 03 јуни 2009  ::  Бр. 14116
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Црна хроника Култура Life Style Спорт Stars Свет Фељтон Од почеток Видео


ПО ШЕСТ ГОДИНИ СУДСКА РАЗВРСКА ЗА СЛУЧАЈОТ СОПОТ


104 години затвор за поставувачите на мината


Шестмина кои се во бегство се осудени на по 15 години, Зејнел Клаиќи кој во декември лани беше уапсен од Алфите, заработи 14 години затвор а ослободен од обвинение е Орхан Бајрами


За терористичкиот напад врз полскиот контингент кој се случи во март 2003 година кај село Сопот, Кривичниот суд во Скопје донесе пресуда. За тероризам се обвинети осуммина од кои шестемина се во бегство Шакир Сулејмани, браќата Укшин и Африм Башким, Самет Лимани, Селман Јахију и Нуса Калиќи. Тие се осудени на по 15 години затвор. За случајот одговараа и Орхан Бајрами кој е ослободен од обвинение а Зејнел Калиќи кој во декември беше уапсен од Алфите е осуден на 14 години затвор.

Постапката за која беше донесена пресудата се однесува за терористичкиот напад кај село Сопот. Во март пред шест години групата поставила противтенковска мина кај месноста Божја Дупка, на која налета џип на полскиот контингент на НАТО. Од експлозијата настрадаа три лица а две беа повредени.

За случајот Сопот беа осудени и четворица мештани од Сопот кои кумановското обвинителство ги товареше за кривични дела тероризам и загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата. Со истрагата беше утврдено дека за терористичкиот напад во кој загинаа полските војници од контингентот на НАТО, Пјотр Миколовски и Павел Легенски и македонскиот државјанин Крумислав Кипријановски како поставувач на мината на патот Сопот-Сушево беше посочен Шабан Лимани. Тој е осуден на десет години затвор, а на истата казна беа осудени таткото на првообвинетиот Шакир, Сулејман Сулејмани, Самет Љутвиу и братот на Орхан, Хасан Клаиќи. На двајцата од нив Апелацискиот суд им ја зголеми казната на по 14 години затвор, а поради немање докази судот го ослободи Орхан Бајрами.

Постапката против обвинетите беше повторена а тие и сега во своја одбрана се изјаснија за невини. Обвинетите тврдеа дека немаат врска со случајот. Сведоците кои беа распрашани во постапката им дадоа алиби на обвинетите, велат ја слушнале експлозијата но мислеле дека истата била од каменоломот кој бил во близина на селото.

Според судските списи во Сопот на 4 март 2003 година, обвинетите поставиле противтенковска мина на патот. На поставена експлозивна направа налета џип на НАТО во кои се превезувале Павел Легенски и Пјотор Миколовски, кои беа дел од НАТО-мисијата "Сојузничка хармонија". Во експлозијата животот го загуби и кумановецот Крунислав Кипријановски, а потешко беа повредени преведувачката Поликсена Филиповска и Милевка Кипријановска.





Статијата е прочитана 3518 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




Boris, Avstrija, 03.06.2009 09:57:07
Ama pak Albanci??? Mora da e nekakva greska. Pa tie se samo edni mali, nevini, miroljubivi sustestva, najmnogu borci za covekovi prava...
03.06.2009 09:57 | (87) | Like
Martin, 03.06.2009 09:38:57
14 godini zatvor za terorizam i ubistvo na nekolku luge ???? Pa toj sudija sto im presudil tolku malku treba nego da mu se sudi!!! Do zivoten zatvor za terorizam!!!!!!
03.06.2009 09:38 | (60) | Like
jonuz, 03.06.2009 09:21:07
A sto bidna so odgovornosta na tie lugje koi vo vreme na vojnata vo 2001 godina ubija nekolku mina megjunarodni vojnici. Tie bea kamenuvani vo Skopje poradi toa sto bea etiketirani kako vojnici koi dosle da im pomognat na albancite. Koga nasite instituci ke prestanat da bidat za nekogo majka a za nekogo majqea. Ic ne ne biva rabotata.
03.06.2009 09:21 | (80) | Like
Goce, 03.06.2009 00:47:39
Vaka sudot treba da sudi i za drugi dela, ne samo deka bea NATO vojnici...
03.06.2009 00:47 | (64) | Like
Македонец, 02.06.2009 23:17:16
Абе што е тоа 15 години затвор бре! Убиле луѓе, извршиле атак на државата и тероризам, 15 години како кола да украле. Да се во САД ке беа веке испржени, а кај нас 15 години па слободни пак повелете сторете исто!
02.06.2009 23:17 | (64) | Like
 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ
Насловна

 
Гола вистина

 

Снег на Водно
Блесок 10
 
Марфи
Роденденските забави секогаш завршуваат со солзи.