четврток, 24 април 2014  ::  Бр. 15557
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан и Свет Култура Спорт Забавна Од почеток Видео

Вечер од почеток


По земјотресот од 26 јули 1963 год "Нова Македонија" излегуваше под вонредно тешки услови - без употреблива зграда, во дворот на Клубот на пратениците под шатор, а потоа и во дворот на сопствениот мошне оштетен објект. Социјалистичкиот сојуз донел одлука да се покрене издавање нов дневен весник - весник за Скопје - бидејќи има огромна потреба да се регистрира целокупната обнова на градот, да се пишува за солидарноста. Отпрвин се работеше под "ведро небо" , кадарот беше од Редакцијата "Нова Македонија" која одвои десетина квалитетни новинари.

Основоположници на новиот весник беа Панче Михајлов, Јордан Ивановски, Милчо Коцев, Борис ПОП Ѓорчев, Мирко Миронски, Славко Маринковиќ и Цветан Станоевски.

На 11 Ноември 1963 година излезе од печат првиот број на првиот вечерен катадневен информативен весник на НИП "Нова Македонија" - ВЕЧЕР наменет за брзо, кусо и јасно информирање за се она што се случува кај нас и во светот.

Првиот број на ВЕЧЕР е отпечатен на 16 страници - половичен формат од стандардниот формат на Нова Македонијаа. Во првиот број на ВЕЧЕР се објавени вкупно 82 текстови и 31 фотографија. Првиот новинарски состав беше составен од 35-мина вработени.

(Како карикатуристот Дарко Марковиќ ја виде работната атмосфера во ВЕЧЕР 1964 год)



Ексклузивна изјава на нобеловецот Иво Андриќ за првиот број на ВЕЧЕР:
"Со Среќа
Веста за земјотресот во Скопје ме стигна далеку од земјата и на малку чуден начин. Бев на север на Шведска, далеку над поларниот појас, во рударскиот центар во градот Курина.

Попладнето ме повика на телефон тамошниот дописник на еден стохломски весник. Извинувајќи се, ми рече дека сака да разговара со мене за - Скопје. Бидејќи ништо не знаев за она што се случило, тој со големо внимание ми ги соопшти сите оние први и непотврдени вести. Бев толку поразен, и толку збунет што не знаев што да му кажам. Пред да успеам да се соземам, почнав да добивам нови телефонски покани од други новинари. Вестите беа страшни. Градот е срамнет со земја. Бројот на мртвите околу сто илјади. И слично.

Настојував да им кажам што повеќе за Македонија и за нејзиниот главен град. Кога останав сам, веднаш помислив утре со првиот авион да се вратам во земјата. Тешка беше таа ноќ на далечниот Север, полна со неизвесност и мачни мисли. Во сеќавањето постојано си ги претставував Скопје, неговите улици и најубавите згради во нив. Пред очи ми излегуваа редум лицата на моите другари скопски писатели. Се прашував што се случило со нив. Се ми изгледаше како неподнослива загуба, како подмолен удар на судбината, која паѓа толку потешко, колку што човек е подалеку од својата земја. Вистински кошмар.
Утредента добив телефонска врска со нашата амбасада во Стокхолм. Разговорот малку ме успокои.

На враќање се задржав во Данска, во Копенхаген. Тука имав можност во нашата амбасада да се сретнам со дански писатели, новинари и уметници. Најмногу се зборуваше за Скопје. Настојувавме да им објасниме што значи за нас Македонија и нејзиниот главен град, какви се' културни напори вложи тој народ во ослободителната војна итн итн.
Морам да кажам дека сите луѓе, културни работници и новинари со кои доаѓав во допир во Шведска и Данска покажуваа големо сочуство со внимание и разбирање слушаа податоци за Скопје и неговите загуби и им даваа место во своите весници, на радиото итн. Сите сакаа да му помогнат на Скопје. И навистина помогнаа морално и материјално.
Сето тоа дејствуваше како олеснение во тие неколку мачни денови на враќање во земјатa".


Сите досегашни главни и одговорни уредници со замениците:
Прв главен и одговорен уредник беше Панче Михајлов од 1 октомври 1963 до 1 јуни 1965 година. Заменик Јордан Ивановски а потоа Милчо Коцев.
Јордан Ивановски раководеше со ВЕЧЕР од 2 јуни 1965 до 6 октомври 1970 година. Заменици Милчо Коцев и Борис ПОП Ѓорчев
Милчо Коцев беше третиот главен и одговорен уредник од 7 октомври 1970 до 14 февруари 1974 година. Славко Маринковиќ а потоа Гроздан Попов.
Мирко Миронски во три мандати беше главен и одговорен уредник на ВЕЧЕР. Прв пат беше именуван на 15.02.1974 и функцијата ја извршуваше се до 23.03.1986 година.Заменици Бранислав Калеников а потоа Душко Стрезов.
Бошко Нацевски од 26.03.1986 до 13.07.1988 година. Заменик Душко Стрезов.
Гоце Контевски од 13.07.1988 до 1.03.1989 година.
Златко Блаер 01.03.1989 до 31.07.1990 год. Заменик Александар Ивановски.
Александар Ивановски најпрво кусо време беше в.д. главен и одоговорен уредник (од 22.05.1990) а именуван главен и одговорен уредник од 19.01.1991 до 31.12.1992 год.Заменик Стојан Насев
Стојан Насев од 24 јуни 1993 година до 1998 година. Заменик Тодор Наумчевски.
Горан Михајловски од 1998 - 2000. Заменик Тодор Наумчевски.
Владимир Тулевски мај 2000- декември 2000.
Зоран Димитровски 2001-2002. Заменик Дарко Јаневски.
Димитар Ѓузелов 2002-2003. Заменик Маријан Велевски.
Владимир Тулевски 2003-2005 мај. Заменик Предраг Димитровски.
Предраг Димитровски мај 2005-2006 февруари.

Драган Павловиќ - Латас февруари 2006 - септември 2012. Заменик - Ивона Талевска, помошник - Весна М. Божиновска

Ивона Талевска - Септември 2012. Заменик - Александра Тимковска, Весна М. Божиновска



УРЕДНИЦИ НА РУБРИКИ
Внатрешно политичка рубрика: Мирко Миронски, Борис Поп Ѓорчев, Велко Коцев, Александар Ивановски, Бранислав Калеников, Георги Ајановски, Тодор Наумчевски, Благоја Стојанов, Живко Поповски, Минчо Митевски, Ивона Талевска.
Скопска рубрика: Мирко Миронски, Борис Поп Ѓорчев, Славко Маринковиќ, Велко Коцев, Драгољуб Лазов, Александар Ивановски, Гроздан Попов, Тодор Наумчевски, Јован Павловски, Крсте Божиновски, Стојан Насев, Милан Аџиевски, Живко Поповски, Славко Јовановиќ, Ѓори Стојменовски, Петар Лазаревски, Елизабета Арсоска.
Надворешна политика: Милчо Коцев, Владимир Апостолоски, Славко Маринковиќ, Гоце Контевски, Предраг Димитровски.
Дневна редација (ДЕСК): Милчло Коцев, Славко Маринковиќ, Владимир Апосолоски, Душко Стрезов, Ѓорѓи Стојменовски, Гоце Контевски, Милан Аџиевски, Цветан Толев, Предраг Димитровски
Културна Рубрика: Цветан Станоевски, Славко Маринковиќ , Георги Ајановски, Петре Бакевски, Цветанка Зојчевска, Румена Равановска-Тулбевска, Ѓурѓина Василевска, Анета Пауновска.
Забавна рубрика: Славко Маринковиќ, Гроздан Попов, Славка Јовановиќ, Коста Поповски, Вера Ристовска, Анета Пауновска, Александра Тимковска.
Спортска рубрика: Борис Поп Ѓорчев, Славко Маринковиќ, Ѓорѓи Маринковиќ, Михаил Делимитов, Тодор Наумчевски, Мирољуб Миладиновиќ, Боро Тимковски.
Допис низ републиката: Мирко Миронски, Тихомир Михајлов, Славка Јовановиќ, Ѓорѓи Стојменоски, Живко Поповски, Миољуб Миладиновиќ, Теодор Стефанов, Манчо Митевски, Живко Мартиновски, Тодор Наумчевски, Ѓорѓи Ристевски, Предраг Димитровски, Јован Павловски.
Црна Хроника: Георги Ајановски, Теодор Стефанов, Милан Аџиевски, Ламбе Фидановски, Петар Лазаревски, Коста Поповски, Каролина Ѓешкоска
Фељтони: Славка Јовановиќ, Коста Поповски, Ламбе Фидановски, Владимир Ајановски, Александар Србиновски.
Технички уредници: Петар Глигоров, Младен Младеновски, Мице Димовски, Благоја Биновски, Ристо Секелески, Владимир Бачваровски, Чедо Димески, Љупчо Димитријевиќ, Октај Омерагиќ.
Уредници на фотографија: Живко Илиевски, Живко Јаневски, Александар Заткоски, Ѓорѓи Личовски.


 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ
  
 

Снег на Водно
Блесок 10