четврток, 17 април 2014  ::  Бр. 15553
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
Изјава на денот
Македонија под снег. Април не платил пролетарина
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан и Свет Култура Спорт Забавна Од почеток Видео


Стар индиски зачин


Куркума - лек за 100 болести


Куркума е зачин кој доаѓа од коренот на растението Куркума Лонга, кое најдобро успева во Индија и на Карипските Острови. За овој зачин се верува дека е еден од најмоќните природни лекови поради состојката куркумин што ја содржи. Куркумата веќе со илјадници години има важна улога во индиската кујна и кујните од Јужна Азија, а по сознанијата за бројните поволни дејства на здравјето е се поприсутен и во кујните на западниот свет.

Куркума и кари
Иако за многумина овој зачин звучи егзотично, нештата стануваат појасни кога куркумата ќе се поврзе со карито. Имено, кари е мешавина од околу 20 различни зачини и семки, а куркумата е една од нив и е воедно одговорна за неговата жолта боја. Освен апсолутниот адут куркуминот, куркумата содржи и низа витамини - Б6, Б3, фолна киселина, како и минерали (калиум, железо, манган) и прехранбени влакна.

На што делува
Куркуминот прв пат бил изолиран пред два века, а структурата му била одредена во 1910 година. Уште од време на Ајурведа (1900 г. пр.н.е) на куркумата и биле препишувани бројни тераписки дејства на цела низа болести. Научните истражувања од последните 50 години само ги потврдиле неговите позитивни својства и докажале дека е вистинско чудо на природата. Неговото силно антиоксидативно, противвоспалително, антивирусно, антибактериско, антимикотичко и антиканцерогено дејство го прави делотворна терапија и превенција од малигни болести, дијабетес, алергии, артритис, Алцхајмерова болест и други хронични заболувања.
15 добри причини за да ја вметнете куркумата во секојдневното мени:
- поседува антисептички и антибактериски својства, корисна е за дезинфекција на рани и изгореници;
- одлична во превенција од рак на простата, кај постоечкиот го спречува понатамошниот развој;
- го спречува растот на ракот на дојката;
- куркумата е природна превенција од меланом: кај постоечкиот ги убива клетките на ракот и го спречува неговиот понатамошен развој;
- го намалува ризикот од детска леукемија;
- го чисти црниот дроб на природен начин;
- може да го забави или спречи развојот на Алцхајмерова болест (ги уништува наталожените амилоидози во мозокот);
- спречува раст на метастази кај многу видови рак;
- природен лек против болки;
- го регулира метаболизмот и потпомага во слабеењето;
- во Кина одамна се користи како лек против депресија;
- лек против артритис и ревма;
- штити од рак на штитната жлезда;
- го забрзува зараснувањето на раните и брзо ја обновува повредената кожа;
- помага во лекувањето на псоријаза и други воспалителни болести на кожата.









Статијата е прочитана 11488 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




zdravje02, 31.10.2010 23:14:44
Vo aptekite e dostapen preparat Kurkumin caps. x 100
31.10.2010 23:14 | (306) | Like
 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 

Снег на Водно
Блесок 10
Марфи
Колку помлади, толку подобро.