четврток, 02 септември 2010  ::  Бр. 14486
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
пред 3 ч.
Вељаноски очекува нормализирање на политичкио
пред 2 ч.
1.400 станови до касарната Илинден
пред 3 ч.
ВМРО-ДПМНЕ: Од каде им се парите на Бранко, Х
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан Црна хроника Култура Life Style Спорт Stars Свет Од почеток


НОВИОТ АЛБУМ ГО ПОДГОТВУВА СВЕТСКИ ТИМ


Кристина Арнаудова сака до крај!


Кристина Арнаудова работи на новиот албум. Деновиве по радиостаниците ќе почне да се врти првиот сингл од албумот, кој се работи во студио и кој се планира да излезе во април 2011 г. Автор на првиот сингл е американскиот композитор и продуцент Мајкл Ли Џексон, кој е најпознат по тоа што му е најверен соработник на легендарниот Ијан Гилан од Дип парпл и работел на неговите последни три албуми како автор на композиции и гитарист. Песната е комплетно отсвирена во живо со повеќе од 20 музичари во едно од најголемите студија во Лос Анџелес, а само вокалот на Кристина се снимаше во студиотот До Ре Ми", каде што ќе продолжи снимањето на вокалите за албумот. Песната има две верзии - македонска и англиска и се вика "Love you for life", односно "Те сакам до крај", а македонскиот текст е на Кристина. Финалниот микс на песната е на Кокан Димушевски, кој ќе ја работи и финалната тонска продукција на албумот. Мастерингот на овој материјал ќе го работи еден од најпознатите тонски инженери во светот Ник Благона - The Tone Guru, кој работел на албумите на Полис, Дип Парпл, Чикаго и други. Кристина вели дека со овој сингл уште еден сон и се остварил.

"Придружните вокали на композициите од новиот албум ќе ги изведуваат вокали со афроамериканско потекло со оглед на тоа што е познато дека тие се најдобрите придружни вокали кој секој пејач ги посакува. На овој сингл придружните вокали ги пее афроамерикански госпел хор, но само на англиската верзија, бидејќи на македонската не е изводливо поради јазикот", вели Кристина. Продуцент на вокалот на овој сингл, како и на останатите на албумот, ќе биде Тања Царовска, Македонката која стана еден од најпрепознатливите вокали на филмска музика во светот. Целата екипа, која го работи албумот, летово ќе биде во студио и се надеваат дека до крајот на август албумот ќе биде при крај. Спотот за оваа песна треба да се очекува на 1 септември, а како и досега, ќе биде промовиран на музичката мрежа МТV.


(А.Ѓ.)


#



Статијата е прочитана 1485 пати.

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    



Изјава на ден
Давајте ни по 5 милијарди евра годишно за да не стане Европа црна Африка.
Моамер Гадафи, либиски лидер

 


 

Галичка свадба 2010
Марфи
Каде што постои желба, постои и отпор.