СОБРАНИЕ ИЗГЛАСА ЗАКОН
Скопската чаршија доби заслужена заштита
Старата скопска чаршија деновиве и со закон е прогласена за културно наследство од особено значење, со што е ставена под трајна заштита на државата. Според Министерот за култура Елизабета Канчевска-Милевска, основната причина за донесување на овој закон, на кој се чекаше со години, е надминување на привремниот статус на чаршијата. - Со Законот се спречуваат активностите во чаршијата кои може да доведат до оштетување, уништување или деградирање на спомениците и истовремено се овозможува трајно зачувување на историските, архитектонските, етнолошките и сите други вредности на чаршијата, како и нејзината историја и автентичност, вели Канческа - Милевска.
Со Законот ќе се редефинирааат и границите на Чаршијата, при што ќе се определат контактните зони што сега не постојат, ќе се обезбеди и повисок степен на индивидуализација на спомениците. Членовите на Собранието, пак, посочија дека ова е прв закон што третира цело градско јадро кое е симболика на еден град. Од друга страна се решаваат и лошите митови за Чаршијата како локација од која се плашат граѓаните, а која вушност мозаик на култури, занаети и традиции. Инаку, Старата скопска чаршија настанала од 15 до 20 век и спаѓа во категоријата сложени чаршии од средновековен ориентален карактер.
(Д.Т.)
|