понеделник, 06 јули 2009  ::  Бр. 14143
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
пред 2 ч.
Вељаноски очекува нормализирање на политичкио
пред 1 ч.
1.400 станови до касарната Илинден
пред 3 ч.
Продолжува одисејата со вратените случаи од Х
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан Црна хроника Култура Life Style Спорт Stars Свет Од почеток


Со шест брзи тестови...


Проверете дали сте здрави


Со едноставен самопреглед може за кратко време да се утврди дали имате повишен холестерол, проблеми со белите дробови, циркулација, органите за варење или лоша крвна слика.

Страдате ли од недостаток на железо?
ТЕСТ: Свртете ја дланката нагоре и со другата рака притискајте ги прстите наназад. Дланката ќе побледи, но трите главни линии би требало да бидат црвени. Бледите линии укажуваат на анемија.
СТРУЧЊАЦИТЕ ВЕЛАТ: Слабоста, тахикардијата и бледилото се класични симптоми на анемија кои се јавуваат како последица од намаленото ниво на хемоглобин во крвта. Постојат повеќе облици на анемија, а најчестата е последица од недостаток на железо.

Какво ви е варењето на храна
ТЕСТ: Во чаша вода разматете лажичка сода бикарбона и испијте ја. Ако почувствувате мачнина, се е во ред. Во спротивно, можеби имате проблеми со дигестивниот тракт.
СТРУЧЊАЦИТЕ ВЕЛАТ: Сода бикарбоната во контакт со желудечната киселина произведува гасови кои предизвикуваат мачнина. Недостатокот на реакција укажува на ниското ниво на киселина кое најчесто е последица од промената на слузокожата на желудникот и нарушување во работата на жлездите кои ја создаваат хлороводородната киселина при варењето. Ова се типични симптоми на гастритис кои не смее да се занемарат.

Држете го холестеролот под контрола
ТЕСТ: Во огледало внимателно посматрајте го подрачјето околу очите и обидете се да ги воочите белите топчиња околу капаците, наслагите на маснотија кои укажуваат на зголемено ниво на холестерол во крвта.
СТРУЧЊАЦИТЕ ВЕЛАТ: Овие наслаги се создаваат кога вкупниот холестерол е повисок од 6 ммол/Л. Опасен е бидејќи се таложи на ѕидовите на крвните садови и ја зголемува опасноста од развој на срцеви заболувања.

Дишете ли со полни гради?
ТЕСТ: Запалете свеќа и поставете ја на околу 30 см од лицето, длабоко вдишете и издишете го кон неа целиот воздух. Ако не успеете да је изгаснете по првиот обид, тоа значи дека капацитетот на белите дробови ви е намален.
СТРУЧЊАЦИТЕ ВЕЛАТ: Ноќните напади на кашлица, губењето воздух за време на качувањето по скали и обавувањето на дневните активности можно е да се последица од нарушување на функцијата на белите дробови. Причината треба да се бара во лошата кондиција, астма, бронхитис или пушењето.

Кои артикли не ви годат
ТЕСТ: Ако по јадењето се чувствувате подуено и ви се појавуваат црвени дамки на лицето, можно е дека не поднесувате одредена артикли. Откријте што ви пречи така што на вратот ќе ги измерете отчукувањата на срцето во минута пред и по јадењето на спорната храна. Здравите имаат околу 70 отчукувања во минута.
СТРУЧЊАЦИТЕ ВЕЛАТ: Ако пулсот се забрза за повеќе од 10 отчукувања во минута во однос на првото мерење, тоа е знак дека можеби храната што сте ја изеле не ви годи. Во случај на интолеранција на одредена храна, организмот го активира одбранбениот систем и ја забрзува работата на срцето.

Каква ви е циркулацијата
ТЕСТ: Штипнете се со показалецот и палецот на три или четири различни места на бутовите. Промената на боја од неколку секунди укажува на почетна фаза на задржување на течности во ткивата.
СТРУЧЊАЦИТЕ ВЕЛАТ: Таложењето на вода во ткивата е симптом на слабата циркулација, а задржувањето на течности е одлична подлога за појава на целулитот. Овој проблем често е последица од хормоналните пореметувања бидејќи естрогенот го поттикнува ткивото да ја задржува течноста.


#



Статијата е прочитана 5163 пати.

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    

Насловна

Гола вистина


 

Галичка свадба 2010
 
Марфи
Само просечната личност секогаш дава се од себе.