четврток, 15 октомври 2009  ::  Бр. 14225
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан Црна хроника Култура Life Style Спорт Stars Свет Од почеток Видео
Вести


МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРБИЈА ГО ЗАЧУВУВААТ ИДЕНТИТЕТОТ


Македонскиот службен јазик во војводинско Дужине


Во месната заедница Пландиште, од вкупно 3.447 жители бројот на Македонците изнесува околу 20 насто или 910


Македонскиот јазик стана службен јазик во војводинското село Дужине. На иницијатива на советниците Радослав Стефановски и Новица Димитријевски од Демократската партија на Македонците, Советот на војводинската општина Пландиште пред два дена донесе одлука за прогласување на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо за службен јазик и писмо во селото Дужине. На наредната седница, по одлука на Советот, се очекува да биде донесена и одлука за прогласување на македонскиот јазик и неговото кирилично писмо за службен јазик и во месната заедница Пландиште.

"Ова е значајна одлука за афирмација и промоција на македонскиот идентитет на овие простори. Македонците живеат и во Србија. Ние сме лојални државјани на оваа земја, меѓутоа горди сме на нашите корени во Македонија, горди сме што сме Македонци по потекло", изјави Радослав Стефановски, кој е шеф на советничката група на Демократската партија на Македонците во Србија во општина Пландиште.

Според него ваквата одлука е само доказ дека разликите не создаваат омраза меѓу различните етноси во Војводина, туку ги обединуваат.
Ова не е прв случај во Војводина македонскито јазик да биде прогласен за службен. Тој за службен јазик досега беше прогласен во село Јабука, општина Панчево.

Во општина Пландиште според Пописот на населението од 2002 година има вкупно 13.347 жители од кои 1.290 или 9,69 насто се Македонци по потекло. Во село Дужина бројот на Македонците изнесува 68 од вкупно 218 жители, односно околу 30 насто од вкупниот број жители. Во месната заедница Пландиште, каде што е седиштето на општината Пландиште, од вкупно 3.447 жители бројот на Македонците изнесува околу 20 насто или 910, бројот на Унгарците е 243, на Романците 73, на Ромите 63, на другите 41 и на Србите 2.117, а за службени јазици прогласени се унгарскиот и романскиот јазик и нивните писма.

Според српскиот закон за национални малцинства, доколку бројот на припадниците на определено национално малцинство по последниот попис на населението во вкупниот број на жители на општина или месна заедница изнесува најмалку 25 насто, јазикот и писмото на националното малцинство се прогласуваат за службен јазик и писмо на општината и месната заедница.


ДЕМАРКАЦИЈА
Груевски и Тачи ќе го стават потписот

Македонскиот и косовскиот премиер, Никола Груевски и Хашим Тачи, денес во Скопје ќе го потпишат протоколот за демаркација на граничната линија меѓу двете држави. Косовската радио телевизија повикувајќи се на извори од Владата во Приштина јавува дека линијата на разграничување во целост е усогласена. Според РТК усогласен е и единствениот спорен дел од границата кај селото Дебелде во општина Витина.





Статијата е прочитана 1730 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ
Насловна

 
 

Снег на Водно
Блесок 10
 
Марфи
Ако по некоја случајност Марфиевиот закон не успее, тогаш сигурно се спрема нешто поголемо.