четврток, 12 февруари 2009  ::  Бр. 14025
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан Црна хроника Култура Life Style Спорт Stars Свет Фељтон Од почеток Видео
Економија


ЕВН ЈА ЗАВРШИ АКЦИЈАТА ВО СКОПСКОТО СЕЛО И ПОКРАЈ ПОЕДИНЕЧНИ ОТПОРИ НА ГРАЃАНИ


Арачиновци нови дигитални броила


Согласно Законот за енергетика, ЕВН-Македонија мора да ги замени сите стари броила со дигитални струјомери, а тоа го прави бесплатно


Со поединечни отпори, но генерално мирно, арачиновци добија нови дигитални броила за мерење на потрошената струја. Новите струјомери, веќе неколку месеци низ целата земја ги поставува дистрибутивната компанија ЕВН-Македонија бидејќи тие треба прецизно да ја покажат потрошувачката на струјата. Според надлежните во компанијата, дигиталните струјомери се далеку попрецизни од старите - механички и ја отсликуваат реалната потрошувачка на електрична енергија.
- Досега, приоритет во замената на броилата имаа домаќинствата во регионите во кои се регистрирани големи кражби на струја, кај оние граѓани кои имаат некакви технички проблеми со струјомерите и на доброволна основа. Во моментов, акцијата за смена на броилата се реализира низ целата земја и досега се заменети 110.000 од вкупно 600.000 струјомери - вели Ленче Карпузовска, портпаролка во ЕВН-Македонија.

Мината година, жителите на скопско Арачиново преку организирани отпори и блокади во селото не дозволуваа контрола на мерните уреди и читање на потрошената струја. Граѓаните од селото во неколку наврати беа исклучувани поради висок процент на кражба на струјата и речиси минимална наплата на сметките. Со ваков проблем, компанијата во минатата година се соочи и со граѓаните од скопската населба Чаир, каде од страна на хулигански групи беа уништени новопоставените ормари и броила на ЕВН- Македонија бидејќи не сакаа да ја плаќаат потрошената струја.
-Годинава и таму е регистриран напредок во реализацијата на овој проект, со исклучок на поединечни негодувања од страна на потрошувачите. Најчеста реакција од страна на оние кои во овие региони добија ново броило е дека сега се регистрира поголема потрошувачка, која досега била нелегално користена - велат од дистрибутивната компанија.

Согласно Законот за енергетика, ЕВН-Македонија мора да ги замени сите стари броила со дигитални струјомери. Компанијата тоа го прави бесплатно, со цел да ја стандардизира мрежата согласно европските стандарди. Тоа значи дека броилата се на нејзин трошок, а не како досега кога граѓаните сами си ги купуваа струјомерите.

(Р.Ј.Н)





Статијата е прочитана 2410 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




coraddo, 12.02.2009 10:54:38
ok,na borcite i sumarite im gi smenija strujomerite besplatno,a na makedoncite so platno? ili vo natura ke bidi naplatata????
12.02.2009 10:54 | (42) | Like
nebo, 12.02.2009 09:28:19
dali koga ke se rasipaat sami ke gi smenat ili pak ke placame sredna tarifa dodeka ne go smenat i civ trosok ke bide popravka na broiloto posto od grmezi moze da se rasipe elektronikata treba nekoj toa od novinarite da gi prasa i podobro da ni se objasni za ovie prasanja ve molam da ja objavite ovaa statija i da gi prasate od evn
12.02.2009 09:28 | (55) | Like
Saso, 12.02.2009 09:06:41
Avstrijcite od EVN treba da brcnat malku vo dlabokite djepovi i sto poskoro da gi zamenat dotraenite i zastareni 500.000 broila koi ne ja merat tocnata potrosuvacka. Tie znaat deka del od zagubite im se i tuka, pa toa sto ke stavale "besplatno" novi strujomeri e zaradi nivni cist profiten interes, a ne nekakva dobra volja, samo kolku da se znae. Sepak, toa ne gi amnestira od odgovornosta za dosegasnite minimalni vlozuvanja vo distributivnata mreza, a najmalku za brojnite defekti i prekini sto gi imavme vo prethodnite dva meseci koga pola Makedonija bese bez normalno snabduvanje.
12.02.2009 09:06 | (48) | Like
Makedonka, 12.02.2009 08:53:10
Bravo za EVN. Pa redno e site da plakaat struja koga veke ja trosat. Nie sto plakame da ne sme gragani od vtor red?? Ako ima zakon i pravda vo ovaa drzava, treba istite neplakaci da bidat zadolzeni barem za nekolku godini nanazad da platat. Pa nie sto plakame vo opredelen rok i pocituvame zakon i drzava, verojatno ne sme zaostanati vo razvojot??!!
12.02.2009 08:53 | (67) | Like
 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ
Насловна
 
Гола вистина
 

Блесок 10
Канаѓани со "Минус еден" премиерно во Скопје
 
Марфи
Љубов е победа на имагинација над интелегенција.