сабота, 19 април 2014  ::  Бр. 15554
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
Изјава на денот
Очекувам до 27 април Заев да ни открие: како умре Мерлин Монро; кој го уби Кенеди; каде се крие Елвис Присли...
Ивица Боцески, политички аналитичар
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан и Свет Култура Спорт Забавна Од почеток Видео


КОНКУРС НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА НАЈКРЕАТИВНО ЗЕЛЕНИЛО


Ќе се избира најубаво уреден двор


Скопјани, особено оние кои живеат во куќи ќе имаат единствена можност да се пофалат со своите убаво уредени дворови. Под мотото "Денови на пролетта-денови на екологијата", Град Скопје организира конкурс за избор на најубаво уреден двор. Сите заинтересирани граѓани, невладини организации, јавни установи, претпријатија кои сакаат да учествуваат на конкурсот, можат пријавите да ги достават по пошта на адресата Град Скопје - Сектор за заштита на животната средина и природата, булевар "Илинден" бб или во архивата на Градот, или пак на телефонот 3297 273. Пријавувањето за учество почнува од 22 овој месец и ќе трае се до 15. мај. Прогласувањето на победниците за најубав двор ќе биде на 5. јуни на специјална седница на Советот на Град Скопје.

Исто така, покрај изборот за најубаво уреден двор, фирмите може да конкурираат и за категоријата најеколошка компанија. Учениците, пак од основните и средните училишта, можат да се пријават на конкурсот за најубав состав на тема екологија. За најубаво уреден двор се предвидени три награди - индивидуално домување, колективно домување и јавен или стопански објект во износ од по 20.000 денари.

За категориите најеколошка компанија и најголем придонес во областа на заштитата на животната средина се предвидени по една награда во износ од по 30.000 денари, а за најубав состав се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 6.000 денари.

(А.И)





Статијата е прочитана 3829 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




skopjanec, 06.04.2009 09:05:44
Odlicna ideja. Da se izbere najubav dvor i najubava kuka. A seto toa da se nagradi so baranje na poteklo na imot. Ako toa se napravi, togas sme nie za vlez vo EU.
06.04.2009 09:05 | (169) | Like
 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 

Снег на Водно
Блесок 10
Марфи
Се што почнува добро, завршува лошо. Се што почнува лошо, завршува уште полошо.