сабота, 30 мај 2009  ::  Бр. 14113
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан Црна хроника Култура Life Style Спорт Stars Свет Фељтон Од почеток Видео


ЕКСКЛУЗИВНО: ФЕЉТОН СО СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (5)


Во Грција имаше училиште на македонски јазик!


Ни ветуваа дека ние, Македонците, ќе добиеме училишта на македонски јазик. Во 1948-1949 година имаше училиште на македонски јазик, и тоа во селото Желево. Всушност, прво се подготви кадар, а потоа се отворија училиштата, но не за долго, вели Ѓорѓи Мацков, кој објаснува дека Грците не им ги дале училиштата, за што наводно многу се грижеле, туку македонските раководители сами успеале да ги извојуваат


- Борбата се водеше за Грција да стане демократска држава. Не убедуваа дека се бориме за човекови права, а ни ветуваа дека ние, Македонците, ќе добиеме училишта на македонски јазик. Во 1948-1949 година имаше училиште на македонски јазик, и тоа во селото Желево. Всушност, прво се подготви кадар, а потоа се отворија училиштата, но не за долго.

Ова го објаснува некогашниот учесник во Граѓанската војна во Грција, Ѓорѓи Мацков. Тој е роден во далечната 1930 година, во село Сетина, Леринско, каде завршил и основно образование.
На прашањето дали КПГ манипулираше со македонските партизани, и со тоа што дозволи привремено да работат училишта на македонски јазик, на некој начин ги условуваше Македонците да се борат во Граѓанската војна, Мацков одговара:
"Многумина го тврдат тоа. Всушност, ни прочитаа наредба дека треба да се зборува на грчки јазик за да разберат сите. Грците не ни ги дадоа училиштата за што наводно многу се грижеле, туку македонските раководители сами успеаја да ги извојуваат, односно да ги добијат. На еден конгрес во Бапчор беше кажано дека македонското раководство само си ги извојувало правата. Во војната учествувавме под притисокот дека има потреба во неа да се ангажираат и Македонците. Училиштата постоеја кратко време, по што тие се распаднааа, вели Мацков, кој, како и многуте наши претходни соговорници, учествувал во оваа војна, која се водела против кралска Грција, бидејќи КПГ им ветувала на Македонците дека ќе добијат демократски права.

ИМ ГИ МИНИРАВМЕ КАМИОНИТЕ
Во однос на прашањето за акциите против монархофашистите, тој го истакнува своето учество во борбите кај Фалцата - Костурско, во 1947 година, но исто така, и учеството во оние во селото Загоричани, кое било опколено од монархофашистичката војска и полиција. Тогаш партизаните првпат употребиле артилерија. Ги спомнува и акциите на Вичо и во Сињачко.

Како учесник во војната бил директно вклучен во единицата, односно во четата во состав на 18. бригада. Таму бил 12-13 месеци, а потоа во 1948 година, кога единицата била прегрупирана, се вклучил во техничката единица за минирање.

"Имавме некои информации дека ќе се врши размена на монархофашистичката војска од Кожани во Костур. Ја чекавме размената и го миниравме патот. Монархофашистите се движеа од Костур, Сињачко кон Богатско. Имаше 12 камиони. Ги дочекавме наутро, а камионите им ги миниравме. Потоа дојдоа авионите и нас не бомбардираа. Пристигна друга монархофашистичка војска од Костур. Во Сињачко војувавме до ноќта. Имавме и жртви. Тука загинаа и двајца англиски офицери", раскажува Мацков.

Овој партизан се борел и на Вичо, како и во реонот на Мала Бигла над Лерин. Не учествувал на Грамос, но сепак таму заминал поради друга задача, односно со неколкумина требало да го префрлат на Грамос генералниот секретар на КПГ, каде што всушност се наоѓал штабот на партизаните.

ИМАВМЕ МНОГУ ЖРТВИ И ГИ ГУБЕВМЕ ПОЗИЦИИТЕ
"Во февруари 1948 година Захаријадис излезе од Атина. Но, не знам дали на нашата слободна територија дојде преку Југославија или преку Лерин. Нашата единица беше лоцирана на слободната територија која го за фаќаше просторот од Смрдеж, Косинец кон Костур, близу албанската граница. Добивме наредба, десетина луѓе во кои имаа доверба, генералниот секретар да го префрлиме во штабот на Грамос. Но, откако дојде тој нареди да не се војува партизански, туку фронтално, гради в гради. Тоа беше голема грешка. Во меѓувреме слушнавме дека Захаријадис го сменил генерал Маркос. Тоа се случуваше на крајот на 1948 година. Оттогаш почнавме фронтално да војуваме, имавме многу жртви и ги губевме позициите", се потсетува борецот Мацков.

Неговата единица војувала и во Калуѓерица, на Трсјанската Планина и во Турија. Но, како што раскажува нашиот соговорник, на монархофашистите им дошла огромна помош, поради што партизаните се повлекле и ДАГ капитулирала. Во јуни 1949 година Мацков се повлекол од преспанскиот дел во Македонија.

ПОЛИТИКАТА НА ЗАХАРИЈАДИС БЕШЕ ПРЕДАВНИЧКА
Мислам дека политиката на Захаријадис беше предавничка. Не знам дали некој може да ме демантира. Како можеше Захаријадис слободно да се шета во Атина, а кога дојде на слободната територија на партизаните веднаш да им нареди фронтално да војуваат. Генерал Маркос му се спротивстави велејќи дека ние не сме подготвени така да војуваме, но веднаш потоа беше сменет. Всушност, Маркос беше во право кога на генералниот секретар на КПГ му велеше дека ние не сме вооружени за таков начин на војување, па затоа и ги губевме позициите, а фашистичката војска стануваше се посилна. Мислам дека токму поради политиката на Захаријадис се случи крахот на ДАГ, иако не верував дека ќе можевме уште многу да из држиме, сепак сигурно немаше толку брзо да пропаднеме", посочува Мацков.

ВЕЧЕР пренесува дел од книгата "Аргументи од црниот тефтер на жртвуваните", каде се пренесени потресните автентични сведоштва на седумдесетина учесници и жртви на Граѓанската војна во Грција.
Автори на книгата се Жаклина Митевска и Ташко Јованов, уредник - Александар Ѓорѓиев, а издавач е Здружение на сетинци и попадинци од Лерин во Македонија и ДНИД Македонско сонце.



ПОДГОТВИЛ: Дејан ТРАЈКОСКИ

Продолжува: Нема македонски јазик, тој е мешавина од бугарски, турски јазик







Статијата е прочитана 3237 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




od Bobby, 30.05.2009 00:38:33
Golema tragedia ali tova bese celoto planirano od fasistite koj so rabotuva so USA koj dobia mnogu altileria i okolu 300 avioni koj e bombardira 3 godini Makedonia inace nikogas nemase da pobedat i zatova i den denes im veli da se pogodite za imeto so grcia samo mozat tie da gi pritisnat grcistata oti tie im e dadoa i tie mozat da im e zemat Makedonia so pozdrav do Makedoncite od egejot.
30.05.2009 00:38 | (134) | Like
 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ
Насловна

 
Гола вистина

 

Снег на Водно
Блесок 10
 
Марфи
Лагата ја убива љубовта. Искреноста уште повеќе.