понеделник, 13 октомври 2008  ::  Бр. 13925
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан Црна хроника Култура Life Style Спорт Stars Свет Од почеток Видео


ПОНЕДЕЛНИЧКИ


Независност

Србија мора да го разбере македонското признавање на Косово. Од нас немаат поголеми пријатели на Балканот, а да останеме пријатели, треба прво да опстанеме како народ и држава. За се друго, потоа ќе има време.

 

Македонија ја призна независноста, државноста на Косово. Иако две третини од Македонците во државава беа против тоа, сепак се случи.

Собранието расправаш е и гласаше, а Владата одлуката ја спроведе.

Ќе остане запамтено, и запишано, дека против признавањето независно Косово гласаше само еден пратеник: Иван Стојиљковиќ. И никој друг.

Во ист ден кога косовската држава ја призна и Црна Гора. На чело со Мило Ѓукановиќ , и со над третина жители Срби во рамките на малата, но поносита, нели, Црна Гора.

Пред две недели претседателот Црвенковски беше во Брисел, на една од оние негови драматични средби во четири очи - дал со НАТО, дал со ЕУ или Нимиц, како предигра додека да му се ослободи термин во Брисел.

Тогаш , јавно од Брисел, застанат до Оли Рен, ја повика Владата да го признае Косово.

Бранко не е од вчера. Знаеше дека до признавањето на Косово следат неколку недели, па ја искористи приликата пред странците да поентира на своја сметка. Да им остане во сеќавање како промотер на признавањето.

Слично направи и две недели пред тоа, во Њујорк, кога со Борис Тадиќ се сретнаа, што би се рекло, на маргините на Генералното собрание на ООН: мораме да го признаеме Косово, бидејќи имаме притисок од Америте и од Брисел, а од нив очекуваме битни одлуки за нас, Борисе, - му рекол Бранко.

Борис, успут, му одговорил дека нема да има разбирање за таквата одлука бидејќи Србија не застана на страна на Косово во 2001 година, туку на македонска. Не само што застана, туку даде и активен придонес.

Освен тоа, Тадиќ потсетил дека Србија е прва држава во регионот, која ја признала Македонија и како народ, и како држава со неспорна територија, и со македонски јазик...
Признавањето на Косово од страна на Црна Гора и Македонија, по своето значење, е поинакво од другите.

Прво, Црногорците, почнувајќи од јазикот, црквата... се ист народ со Србите. Колку и да тврди Мило Ѓукановиќ дека е поинаку, јас сепак повеќе по тоа прашање, а и воопшто, му верувам токму на владиката Његош .

Македонија, својата држава ја создала на територија која, некогаш, припаѓала на Србија, по меѓународните договори после Балканските војни.

Македонци останале, и тоа во голем број, и во Бугарија, и во Грција но, на тие територии македонска држава до ден-денес нема.

Според Грците и Бугарите, таму нема ни Македонци, а камоли нешто друго.
По Втората светска војна македонските и српските партизани, кои се бореле заедно, се договориле на оваа територија Македонија да создаде своја современа држава. Рамноправна со српската, хрватската, словенечката...

Второ: Македонија и Црна Гора се граничат со Србија преку територијата на Косово. Со признавањето на косовската независнст, од тие две соседни држави, непосредно се влијае на промената на границите и територијалната целина на Србија.
Затоа, ова признавање е поинакво отколку кога Косово го признаваат Германија, Франција, Романија или Бугарија.

Бидна. Го направивме тоа.
Мотивите на Црна Гора се јасни. Мило Ѓукановиќ, по кратко отсуство, се врати во политиката само заради ова признавање. Неколку дена пред признавањето на Косово италијанскиот Суд му ја стави во мирување кривичната пријава за шверц со цигари од масовни размери.
Црна Гора петнаесет години е заложник на криминалите и каприците на еден човек, па така беш е и сега.

Македонија имаше други, поинакви мотиви. За разлика од црногорските, мотивите се со морал и етика во себе.

САД и Европската унија, на кои сме упатени заради генералната политика што ја имаме за влез во НАТО и во Унијата, го бараат од нас тоа. И тоа токму сега. Ден откако Србија, во Обединетите нации, имаше убедлива дипломатска победа од 77 спрема 6 против САД и Албанија.
Имено, ден претходно, со 77 гласа ООН го отвори патот Србија да почне процес пред меѓународен Суд за нелегалноста на косовското отцепување. Успеа да добие сериозна шанса. Тоа беш е тежок удар врз угледот на САД.

Затоа, од нас признавањето се бараш е токму ден потоа. Да се релативизира настанот, и поразот за Косово во ООН.

Ние, ден претходно, добивме неверојатно безобразен предлог од Нимиц. Да го смениме името на државата, а патем да не добиеме право на упис како Македонци, туку за тоа потоа да решава комисија при ООН... да бидеме територија без македонски народ. За Бугарите ова е бонбона.
Штом територијата не е со Македонци, тогаш таа територија може да биде сечија... пред се бугарска. Затоа Бугарија, така тврдо, ја подржува Грција во спорот со Македонија.
Соработувајќи со САД на признавањето на Косово, добивме шанса да го отфрлиме предлогот на Нимиц без последици по нас.

Црвенковски и Груевски тоа го направија веднаш . Ја сочувавме државата. Засега.
Србија мора да го разбере ова. Никој на Балканот не е поголем пријател на Србија од Македонија. Грција ги бомбардираше во 1999, заедно со сите други.
Ако сакаат пријател да имаат и понатаму, ние претходно мора да преживееме. Да не има. И тоа овде, и тоа како Македонци. За се друго има време.
Времињата се менуваат. Постојано.
Брат брата не рани но, тешко кој го нема.

Пишува: Драган П. ЛАТАС





Статијата е прочитана 10558 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




pope mk, 13.10.2008 18:34:53
da si ziv i zdrav
13.10.2008 18:34 | (37) | Like
A. Tunte, 13.10.2008 17:57:49
Duri 83 procenti od Makedoncite,spored edna stranska anketa, se za sudska razresnica na sporot za Imeto. S GOSPOD NAPRED.
13.10.2008 17:57 | (39) | Like
star makedonec, 13.10.2008 17:25:54
ako bi se napravel reerendum vo segasnava sostojba za priznavanje na kosovo siguren sum deka mnogu pogolem procent makedoncite bi se izjasnile protiv. ova e samo pritisok i naredba od amerikancite i drugite golemi sili ,ne slucaen e segasniot predlog naNIMIC.
13.10.2008 17:25 | (30) | Like
dentist, 13.10.2008 14:43:31
Abe lugje, i Amerika i EU se protiv postoenjeto na Makedonija! Samo ni ja prodolzuvaat agonijata do konecnata propast! Samo treba da ne se jademe megju sebe i ce opstaneme. Ovaka so needinstvo ce staneme del na Bugarija sto i e planirano! Svestete se makedonci! Imeto ne smeeme da go smenite, zasto togas sme "amorfnata masa" na severnite naucni krugovi odamna definirana!
13.10.2008 14:43 | (38) | Like
zoki-skot, 13.10.2008 13:31:35
Jas nema da pisuvam za toa trebase ili ne da go priznaeme Kosovo.Samo primetiv deka ni vo eden pecaten ili elektronski medium nikoj ne bese protiv priznavanjeto.E toa ke Ve molam vo nasava Makedonija retko se slucuva.Ako e toa znak deka pocnavme da prepoznavame sto e toa nacionalen interes,togas e super.
13.10.2008 13:31 | (28) | Like
Љубо, 13.10.2008 12:58:46
Ни пријателството ни љубовта се вечни, само ИНТЕРЕСОТ е вечен.МАКЕДОНИЈА треба да си ги следи и брани своите интереси.
13.10.2008 12:58 | (43) | Like
Изногуд, 13.10.2008 11:33:46
Читам и се чудам. Србите биле непријатели, па црквата не ја признавале, па нека им је, и Војводина нека се отцепи (некој ја видел ли националната структура на Војводина?). Добро. Албанците се пријатели, тие во 2001 година што од ново признаената држава што од тука цвеќе ни донеасоа и честеа со бакалви. Та нели во тетово супер си поминаа, а во Куманово цело лето 2001 со вода се расфрлаа. Они кутри градежни работници се всуштност само тетовирале, не со нож некој по грбовите да им пишувал. Во Вејце и Карпалак се самозапалија полицајците и војниците. Црквите што беа минирани и дигнати во воздух, како и несреќниците во тетовскот ресторан/камп, сами експлодираа. Кутрите луѓе што се водат исчезнати сами изсчезнали, отишле по цигари и не се вратиле. Гледам дека Македонците се населуваат и купуваат станови во Чаир. Ајде да се биде коректен, да се каже не ни се допаѓа воопшто, ама моравме да признаеме поради притисокот на поголемите. А не тука да се бара оти ова оти она. Никогаш не
13.10.2008 11:33 | (30) | Like
Nekoj, 13.10.2008 11:27:11
Makedonija nikogas ne i propagala nikomu, Makedonija si pripagala samata na sebe.Nam Srbija nitu ni dade nezavisnost, nitu pak ni pomogna kojznae sto.Koga ke im tekne nie sme firom, koga ke im tekne togas sme Makedonija.Ne deka mrazam bilo kogo, glupost e pred se da mrazis bilo koj, no koga sakase Mak. Delegacija da odi na Prohor, togas sme trebale da se dogovorime so "crkovnite vlasti", kako da ima paralelna vlast u srbija.I drugo, ne zaboravajte deka nie najmnogu im pomognavme dodeka traese bombardiranjeto, nikoj drug.A za nivnite "braka" Grci, prikazni za mali deca, Grcite nikogas nemale iskreni prijateli, toa ne im se nitu Srbite, a toa go znaat i tie.
13.10.2008 11:27 | (36) | Like
Д.С., 13.10.2008 10:57:01
Најпрво, ја разбираме твојата болка. Треба да престанеме со лагите дека некој некому е брат. Ги излажаа нашите дедовци дека ќе се отвара солунски фронт, а потоа кој се побуни-на Голи оток да клеца камен. Толку од партизаните. За Прохор пчински да поразговараме или за непризнавањето на црквата. За инфилтрацијата на предавникот-владика ли ќе кажеме дека е „братски потег“? Нема браќа помеѓу две нации. Некогаш делат интереси, а некогаш не.
13.10.2008 10:57 | (37) | Like
SteVaNDESIGN®©, 13.10.2008 10:41:23
Ќе цитирам: По Втората светска војна македонските и српските партизани, кои се бореле заедно, се договориле на оваа територија Македонија да создаде своја современа држава. Ова може комплетно да се должи на духот на Македонскиот народ кој постоел низ минатото и ден денес постои и тука е помеѓу спремните Македонски потомци на Македонската култура. Особено голема задача беше започната токму пред 2 дена, во далечната 1941 година. Особено важна мисија имаше и подоцна во годините, делегацијата со чело на Методија Андонов-Ченто. Успех постигнавме! И исклучиво се должи тоа на Македонскиот идентитет и ничив друг! Особено важна мисија не чека и сега... Цврсто верувам ќе следат уште многу успеси и понатака... Инаку господине ЛАТАС навистина ви е субјективен и независна статијата. Благодарам што ми понудивте неколку минутно внимание.
13.10.2008 10:41 | (35) | Like
Nenad Bg, 13.10.2008 10:40:33
Srbija je najveci prijatelj Makedonije, jedina drzava u regionu koja priznaje drzavu pod ustavnim imenom,koja priznaje makedonski narod, jedini je spor oko crkve,ali to je spor izmedju crkava,a ne drzava ili naroda!Jedina drzava uz Grcku koja je uvek bila prijateljska Srbiji je upravo Makedonija(i obrnuto).Naravno, u politici ne bi trebalo biti ljubavi vec interesa,ali ipak treba dobro odmeriti interese...U Srbiji postoji razumevanje za Makedoniju i njen etnicki sastav koji je verovatno i uslovio priznavanje Kosova(uz pritisak USA i EU),jedino je mozda bio los tajming.Sreca za Makedoniju da je to ucinila u isto vreme sa Crnom Gorom,pa je mnogo vece ogorcenje ka CG!
13.10.2008 10:40 | (53) | Like
Hiper-realist, 13.10.2008 10:38:25
Makedonija i pripagala na Srbija? Hmm..od kade dojde ova sega? Pusti nie, stalno da se ulizuvame na brakata Srbi, da ne ni se nalutat, da ne zaplacat. Bas me interesira zosto nikoj ne spomnuva nisto za nasata crkva? Zasto pravoslavnite braka srbi ne ni ja priznaa crkvata? Nas nikoj ne ne utesi. Luge, treba da si go gledame INTERESOT. Samo so Kosovo imame trgovski suficit. Prodavnicite vo Kosovo se prepolni so Makedonski proizvodi. Ima poveke i od kaj nas sto ima na raftovite. Bravo za Vladata! Redno bese.
13.10.2008 10:38 | (32) | Like
SteVaNDESIGN®©, 13.10.2008 10:37:37
Ќе цитирам: По Втората светска војна македонските и српските партизани, кои се бореле заедно, се договориле на оваа територија Македонија да создаде своја современа држава. Ова може комплетно да се должи на духот на Македонскиот народ кој постоел низ минатото и ден денес постои и тука е помеѓу спремните Македонски потомци на Македонската култура. Особено голема задача беше започната токму пред 2 дена, во далечната 1941 година. Особено важна мисија имаше и подоцна во годините, делегацијата со чело на Методија Андонов-Ченто. Успех постигнавме! И исклучиво се должи тоа на Македонскиот идентитет и ничив друг! Особено важна мисија не чека и сега... Цврсто верувам ќе следат уште многу успеси и понатака... Инаку господине ЛАТАС навистина ви е субјективен и независна статијата. Благодарам што ми понудивте неколку минутно внимание.
13.10.2008 10:37 | (41) | Like
од внукот на ДЕЛЧЕВ, 13.10.2008 09:35:51
Наместо паролата на мојот прадедо Гоце-Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар-по се изгледа светот денешен стана поле каде помалите народи како Македонскиот,станаа поле на еднократни употреби на поголемите држави,кога ним им е потребна подршка за определени нивни проекти-како Косово,Ирак,Авганистан итн.,а од друга страна немаме подршка однив и за најелементарната потреба-името на државата.
13.10.2008 09:35 | (32) | Like
Dr. Velickovski, 13.10.2008 09:09:01
Da gi cuvame iskrenite, vistinski prijateli kakva sto e za nas Srbija so koja imame ista vera, nikogas ne sme vojuvale edni protiv drugi i zaedno izgradivme drzava. Nema potreba sega zaradi priznavanjeto na Kosovo koe, sepak, moravme da go napravime, da sozdavame omraza bez pricina. Se soglasuvam deka Kosovo e odamna zagubeno, i vo Srbija isto taka go znaat toa pa zatoa i nema reakcii na gnev kon Makedonija kaj niv.
13.10.2008 09:09 | (33) | Like
bobi, 13.10.2008 08:47:03
srbite prijateli demek , a crkvata zosto ne ni ja priznaat nego toa e dogovor megu srbija bugarija i grcija ednite ne ja priznavaat crkvata , drugite ne go priznavaat narodot , a tretite nisto ne ti priznavaat.. i ve molam da si gi gledame nasite interesi i dosta vece onie ni bile prijateli pa ovie... nie da bevme na mestoto na srbija dosega ke ne unistea srbite
13.10.2008 08:47 | (46) | Like
Toni, 13.10.2008 08:42:44
Latas mozeme da diskutirame so vekovi sto se odnesuva do priznavanjeto na Kosovo. Megutoa ke bidam kratok i jasen.Albancite imaat dve drzavi priznaeni od megjunarodniot faktor a nie nemame ni edna. I toa e fakt. Koj gubi ima pravo i da se luti. Pa sega razmislete ponatamu. Pozdrav
13.10.2008 08:42 | (43) | Like
од внукот на ДЕЛЧЕВ, 13.10.2008 08:22:48
Се е арно од Американска страна,ете не признаа под уставното име,но да не заборавиме дека Нимиц е сепак американец,барем досега од овој американец не сме виделе некој поголем аир,само шлаканици од него добиваме,дали сепак не е контролиран од Стејд депарментот,или нас ни се чини,дека работи и предлага решенија независно од никого.
13.10.2008 08:22 | (41) | Like
m.r., 13.10.2008 08:04:23
Interesen zaklucok ali kao uvek zadocnet ! Na srbite nisto ne im menja ova ali tie se na praviot pat a nie kaj sme ???
13.10.2008 08:04 | (36) | Like
pk-canada, 13.10.2008 07:56:29
nekolku istoriski nevistini, site tvrdime deka sme makedonci od pred hrista, naslednici na aleksandar, samoil i drugi, a sega sme formirale drzava na teritorija od srbija, kolkava ce bese srbija?do tokija?i koga srbija nas ne podrzuvala za nesto?uste nekoj srpski politicari ni se obracaat so fyrom, crkvata ne ja priznavaat uste i spletki ni pravat.Prasajte gi tie sto na kosovo prodavaa imoti za ogromni sumi pari, kosovo e kupeno od albancite, kako i zapadna Makedonija, bravo za taa strategija i upornost na albancite.ima uste mnogu, no tolku zasega.
13.10.2008 07:56 | (30) | Like
Македонец, 13.10.2008 07:42:34
Што сме им ние криви на србите што го изгубија косово ? До кога бе ќе дозволуваме да не дупат нас Македонците!???? 1. 1913 Македонија беше окупирана од Србија 2. Ченто и колку илјади Македонски патриоти беа убиени од Југословенските комунисти? 3. Прохор Пчински ни ги зедоја србите. 4. 1999 година ни испратија над 300 000 Албанци од Косово на гости. 5. Црквата не ни е признаена од србија. Море и Војводина да прогласи независнот треба да ја признаеме!
13.10.2008 07:42 | (65) | Like
марјан, 13.10.2008 07:08:27
србија не ја прзнава македонската православна црква!!! ова е точно,ова од брат нетреба да се очекува. за признавање на косово гласаа неколку луѓе,а не македонскиот народ. требаше на референдум да се решава за ова.
13.10.2008 07:08 | (52) | Like
Слободан, 13.10.2008 06:32:36
Признавањето на Косово и мене ми падна тешко. Од големиот шок за малку што не добив шлог :))) Море, Македонија требаше прва да го признае Косово, а не да чека. Србите не заслужуваат никаква поддршка од Македонците. Наместо да ни ја признаат црквата, тие направија паралелна српска црква во Македонија. Наместо да им дадат права на Македонците во Србија какви што имаат Србите во Македонија, Србите не ни дозволуваат ни во Прохор Пчински да отидеме.
13.10.2008 06:32 | (37) | Like
Natasa-USA, 13.10.2008 05:29:29
Makedonija postoela kako drzava, uste Srbija, a i polovina drzavi od svetot gi nemalo na karta. Istorija ne se pisuva vo eden vek. Nasata drzava postoi dvaesetina i poveke, no za zal ukradena i seuste vo racete na Rimjanite, Grcite, Bugarite... - Izmelezeni. Kako kucinja bez pedigre. Nema nisto loso vo toa, i tie se lugje, ne e vazno, samo treba nekoj da gi drzi na lanec. I podaleku. A nie, sekako deka sme najdobar sosed na Srbija, nie sme najdobar sosed na site nasi sosedi. Treba da se ima golemo srce za toa. Nikoj da ne te saka, a so site da si dobar i da oprostuvas. Zamislete go regionot bez Makedonija. Pa mozeme i da se preselime na Himalaite ako ne, pa neka se utepaat sosedive edni so drugi. Dobro sto Makedonija seuste postoi, pokraj tolku neprijateli i vekovi negiranje. Tesko e da si najdobar. No dobro e cuvstvoto.
13.10.2008 05:29 | (37) | Like
Prasalnik, 13.10.2008 05:02:44
Интересна анализа Латас ... само што ја прочитав и статијата дека предлогот на Нимиц е всушност креиран од страна на САД и Грција (да претспоставиме дека е така) И сеге се запрашувам: А што ако: - Утре дојде Кондолиза Рајс и рече планот на Нимиц е Take It or Leave It ??? - Ако Грција никогаш не го повлече ветото за прием во НАТО и во ЕУ - Ако Косово (кое што јас лично не го признавам) не признае како ФИРОМ, а Србија го повлече признавањето под уставно име ??? - Ако господата албанци утре побараат автономија на западна Македонија ??? МИ ИЗГЛЕДА ДЕКА ОВА ПРАШАЊЕ ИМА САМО ЕДЕН ОДГОВОР: Е ПА ЧОРБА МАКЕДОНЧЕ ... АЈ ПОЗДРАВ НА СИТЕ !!!
13.10.2008 05:02 | (36) | Like
Saso, 13.10.2008 04:38:51
Latas, bi bilo dobro da pojdes na sajtot na MANU i da gi proveris faktite za makedonskata drzavnost, pred otomaskata imperija i po balkanskite vojni. Mozes toa da go vidis i na mnogu Amerikanski i Evropski sajtovi, samosto Evropjanite sramezlivo molcat.
13.10.2008 04:38 | (34) | Like
Dok, 13.10.2008 04:08:18
Nema Sto da seluti srbija, kolku godini so red nie gi molevme da slavimi vo manastirot prohor pcinski koj e na nasa teritorija a tie sekoja godina se kurchea, a sega ni bile prijateli. ma kavi prijateli koj se tvrdo ubedeni deka prv juzen sosed im e Grcija. taka im trebase za srbija, se dodeka srbite mislat odi gospod e srbin i zboruva samo srpski teshko im s epishuva, a ne mie gajle ni z akosovo bash mnogu nema poverenje ni vo niv. so eden zbor site pet komshii okolu nas se za nigde.
13.10.2008 04:08 | (44) | Like
Churka, 13.10.2008 04:07:50
Nesi za sve vo pravo Latas.I jas ne se slozvam so priznavanjeto,ali shto drugo mozeshe Makedonija da stori.Kazi neshto i za crkovniot spor na Srbija i Grcija protiv MPC
13.10.2008 04:07 | (43) | Like
Александар, 13.10.2008 04:05:27
ми се чини дека Македонија не го призна Косово, за тоа да не признае под уставно име. Македонија го призна Косово, оти САД не признаа под уставното име.
13.10.2008 04:05 | (60) | Like
STUTTGART, 13.10.2008 02:41:07
ej latas si me odusevil...:D vecer nema da spijam ke razmisluvam za gore napisanoto,,, go podrzuvam mislenjeto,,, srbite na nas ne ni ja priznavaat crkvata...zasto pa nie da gi branime niv... znaes kako vikaat stapot ima 2 strani ako ne te udri ednata... drugata sigurno ke te potkaci... aaa latase latase... aj aj itar si ti na majka... :P a be samo MAKEDONIJA i nisto drugo,,, poz od Germanija i kiss do latas:D
13.10.2008 02:41 | (59) | Like
Томе, 13.10.2008 01:55:13
Србија не е баш братски настроена кон ниту еден свој сосед. Видовме колку е братска кон Хрватска, Босна, Косово. А Македонија беше преименувана во јужна бановина само за да ја снема ... братски. И братски го изгуби манастирот Св. Прохор Пчински. Ова како семејно насилство да е? Брат, ама се изживува врз помалите “браќа“.
13.10.2008 01:55 | (31) | Like
vmro, 13.10.2008 01:42:32
nemozam da poveruvam,go ponizivme svoeto nacionalno dostoinstvo mi se grozi.
13.10.2008 01:42 | (48) | Like
Od velesanec, 13.10.2008 01:33:00
Srbija nie prijatel i ni pomogna da formirame drzava. toa e donekade tocno. Ali zosto Srbija ne izleze javno site ovie godini i da kaze deka Bukureskiot dogovor postoi kako takov i deka so nego e napravena nepravda na Makdeoncite i deka taa nepravda treba da se ispravi.Ali NE.Srbija si molci i uste ne ni ja priznava crkvata.Toa nee dobro od brakata Srbi.Jas sum protiv kosovarite i kosovo. Toa samo doprva ke bide pricina za destabilizacija na regionot i moze da dovede i do nova vojan vo makedonija. Ali i srbite ne se bas za da im se pomogne.
13.10.2008 01:33 | (39) | Like
Александар Демир Хисар, 13.10.2008 01:12:59
Конечно на страниците на Вечер добар текст.Продолжете Г-нине Латас,зашто во овие клучни моменти за Македонија потребни се храброст и самопочитување.
13.10.2008 01:12 | (45) | Like
Albanec, 13.10.2008 01:06:56
Srbija ne osloboduvala NIKOGAS NIKOGO, taa teza moze samo da pomine kaj naivni luge polni so emocii i predrasudi kon nas Albancite. Kosovo pak e del od Srbija, kako moderna drzava od 1913 god, koga golemite sili (RUSIJA, ANGLIJA i FRANCIJA) delea i parcosuvaa niz balkanot i vo vremeto na Nemanjic prvovencani i po nego, samo 200 godini do doaganjeto na Turcite. Sega koga Makedonija ja prizna nezavisnosta na Kosovo odednas stanaa Srbite braka so Makedoncite zaboravajki gi site zakani od Seselj, Draskovic, tepanjeto vo Prohor Pcinski i.t.n. Uste pomalku ne mi se jasni komentarite na poedinci Makedonci, kade e gordosta za nacionalnoto prasanje, ili ke ostanat Makedoncite vecni robovi na golemo-srpskata politika....
13.10.2008 01:06 | (37) | Like
Miki, 13.10.2008 00:43:12
Latas sekoja cest!!! Kosovo ne zasluzuva da bide drzava ama zapadov ni nalaga toa!!! Sega cim se desi ova barem da gi priznaeme i Osetija i Abhazija pa da imame podobri odnosi i so Rusite!!!
13.10.2008 00:43 | (31) | Like
Rash!, 13.10.2008 00:22:29
Za zivo cudo, Latas, me iznenadi deneska.
13.10.2008 00:22 | (38) | Like
zoran, 13.10.2008 00:20:02
Србија сама си е крива што го загуби Косово. Во Рамбује им се даде можност да дозволат автономија на Косово, но тие тоа го одбија иако знаева дека ги чека бомбардирање. Сега Србија очекува Македонија да им го спасува Косово... смешно.
13.10.2008 00:20 | (34) | Like
Velesanec, 13.10.2008 00:14:58
Mozese da poceka priznavanjeto. Nas ni Albanija ne en prizna pod ustavno ime, a zosto togas bi veruvale na zbor deka Kosovo ke go stori toa? Ne s e prodavaat prijateli so koi ste sozdale drzava tuku taka. Olesnitelno e sto i SDSM i VMRO DPMNE ne ja zaprea inicijativata za priznavanje vo Paralmentot, pa ova prasanje nema da predizvika ponatamosni podelni pomegu samite Makedonci. Da bese SDSM protiv, taka i ke glasase vo Sobranieto.
13.10.2008 00:14 | (56) | Like
kiflata, 13.10.2008 00:00:45
brat za brat, Kosovo e nezavisno!!! Sakame ekonomski sankcii od Srbija, malku da zdivne makedonskata prehrambena industrija od naletot na eftina srpska roba...vodata (posebno onaa sto patuva 15 godini od izvorot do plasticnoto sise) iako so uranium, sepak na "bratot" ja prodavate...
13.10.2008 00:00 | (37) | Like
kiro, 12.10.2008 23:53:42
Македонија својата држава ја создала на територија која, некогаш, припаѓала на Србија по договорите после Балканските војни. Ne tocno, Srbija po balkanskite vojni ja okupira Makedonija a ne deka i pripagala
12.10.2008 23:53 | (61) | Like
strumićanec, 12.10.2008 23:53:36
bravo latas što misliš i toa go pišuvaš drugite novinari se krijat zad vrata branko e e makedonski grobar 17 godini
12.10.2008 23:53 | (61) | Like
opel, 12.10.2008 23:30:53
Bravo Latas, prav gospodin si denes.So site nisani.Ako ne go razbira toa Srbija denes so vreme ce go razbere.Ne treba da si stvaraat od prijateli neprijateli.Vo nasata glava i gavolot i angelot se prisutni, megutoa koj ce go hranime povece.Neka pripazat toa posle tolku godini.pozdrav.
12.10.2008 23:30 | (46) | Like
koj bilo, 12.10.2008 23:24:02
mnogu jasno--sekoj znae deka makedonija e najgolem prijatel na srbija-taka bilo i ke bide--ali pritisok si e pritisok,--sakal nejkel ke mora da se pravi ona so e po volja na nekoj drug--toa bilo od sekogas i sekade vo svetot--nema druga opcija,
12.10.2008 23:24 | (43) | Like
aaaa, 12.10.2008 23:19:09
konecno realen i svoj
12.10.2008 23:19 | (68) | Like
Velevski, 12.10.2008 23:09:50
I mene mi padna tesko priznavanjeto na Kosovo, ukradena teritorija od strana na Albancite, nasite zaednici vekovni dusmani. Posle Kosovo tie nema da zaprat po pohodot, sledi zapadna Makedonija. No, se slagam deka nemavme izbor ovojpat, iako sekogas vo poslednive 60-70 godini so Srbite sme bile na sitata, pobednicka strana. Pomagavme poveke od site drugi i vo 1999 godina. Ke ima vreme za popraven.
12.10.2008 23:09 | (41) | Like
 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ
Насловна
 
Гола вистина
 

Снег на Водно
Блесок 10
 
Марфи
За да имате смисла за хумор, треба да бидете трагична личност.