вторник, 07 април 2009  ::  Бр. 14071
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан Црна хроника Култура Life Style Спорт Stars Свет Од почеток Видео


ИЗБОРИТЕ ПРЕСВРТНИЦА ЗА ПОЛИТИЧАРИТЕ КОИ ЦЕЛ ЖИВОТ ЗЕМААТ ФУНКЦИОНЕРСКА ПЛАТА


Им заврши славата на локалните шерифи


Бузлевски, Даневски и Коцев по долги години поминати во републичкото Собрание и во градоначалничките фотелји во Ресен, Свети Николе и Велес ги изгубија новите кандидатури


Последните локални избори се пресвртница за локалните политичари кои никогаш не губеа на избори. Ако досега постоеа двајца-тројца политичари кои ако се појават на изборен плакат, ги добиваа изборите, овој пат останаа без никаква функција. Најголемо изненадување беше Слободан Даневски, сега веќе екс-градоначалник на Свети Николе. Даневски важеше за "локален шериф", кој од почетокот на својата политичка кариера до 22 март годинава, кога се одржа првиот круг од локалните избори немаше во својата биографија изгубена кандидатура. "Монархијата" на Слободан Даневски успеа да ја урне вмровецот Роберт Ѓоргиев, 36-годишниот дипломоран агроном, кој доби 6304 гласа, наспроти оние 3080 кои ги доби Даневски.

Биографијата на Даневски веќе е избришана од интернет-страницата на Општина Свети Николе. Неговата кариера започнува како градоначалник во 1990 година, кога немаше дирекни ибори. Во 1994 година станува пратеник како кандидат на Либерално демократската партија. Од 1994 година до 1996 година ги извршува двете функции - и градоначалник и пратеник. Потоа се кандидира повторно за пратеник во 1998 година, од редовите на Либерална партија. И овие избори во Свети Николе завршуваат во полза на Даневски. Во 2002 е на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и ЛП за третата изборна единиц, со што останува во Собрание. Повторно се кандидира за градоначалник во 2005 година и ги добива и овие избори. Ја напушта пратеничката функција и ја презема градската управа.

На претходните локални избори во 2005 година Даневски на митинг посочи дека тој не би се кандидирал ако не е стопроцентно сигурен дека ќе победи. Но очигледно оваа година многу згрешил во неговите пресметки, па изборите ги изгуби уште во првиот круг.

И велешани го тргнаа либерал-демократот Аце Коцевски од тронот. По 8 години во градската фотелја, Коцевски ќе мора да замине надвор од политичка функција. 48-годишниот велешанец, дипломиран градежен инженер се чини е велешанец со најмногу политички функции. Во 1994 година успеа да стане пратеник во републичкото Собрание. Две години по завршувањето на мандатот, во 2000 година, се појави како кандидат за градоначалник на Велес, од кога до вчера никој не можеше да го стане од фотелја. Ги доби и изборите во 2005 година. Успешно се спротивстави во првиот круг на неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Петров, кога Коцевски имаше поголема доверба кај велешани. Но во вториот круг, неговите сограѓани ставија крај на неговото локално "шерифување". Му недостигаа 894 гласа за тој да добие уште четири години управување со градот.

Од тронот се симна и сдсмовецот Димитар Бузлевски, довчерашниот градоначалник на Ресен. Со само 16 гласа помалку од вмровецот Михаил Волкановски, Бузлевски ги изгуби изборите. 57-годишниот ресенчанец имаше желба да добие втор мандат. Тој години наназад речиси и нема работа која не е поврзана со јавна функција. До 2003 година беше пратеник во републичкото Собрание, а од 1994 - 1998 беше член на македонската Влада. Претходно една година беше директор на Царина. Сега Бузлевски барем одреден период ќе треба да најде работа која не е поврзана со јавна функција.

(Б.З.)







Статијата е прочитана 8461 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




od citatel, 07.04.2009 13:35:14
OK. Kade vi e cetvrtiot musketar od Delcevo,Mirko Ivanov,sakase i uste eden mandat ta od gradonacalnickata funkcija da odi vo penzija. Arno, ama domasniot mu esap ne pomina na pazarot. Desetkuvan e od mladiot Goran Malesevski. Fala mu na gospoda! Fala mu na Gruevski. Fala im na tie sto zastanaa zad dobitnata kombinacija so Goran, ako bese bilo koj drug protivkandidat Mirko ke sefuvase do penzija ,ni kriv ni dolzen.
07.04.2009 13:35 | (61) | Like
велешанец, 07.04.2009 13:28:42
ајде Аце да си одиш во мартолци
07.04.2009 13:28 | (28) | Like
skp, 07.04.2009 13:13:38
a da ne mislite i ovie sto dojdoa se vecni??? Pa po nekoja godina i niv ke gi ispratime neslavno kako i ovie sto sega zaminuvaat isto taka nafatirani za generacii nanapred... a na nas ke ni ostane pak nadez deka ke bide podobro!!!Site se isti, za zal!!!:-(((
07.04.2009 13:13 | (19) | Like
Velesanka, 07.04.2009 12:59:02
Ako bese za Ace Kocevski vo Veles dosta bese.Neka dojdat mladi i novi sili vo gradot na Racin .Ovie mladite sili ke donesat nov bran na zadovolstvo kaj graganite na Veles,zosto Ace samo odredeni luge i firmi forsirase ,a za drudite bas go bese gajle i najglasni bea tie na koi im davase cement i im gi ureduvase kukite i dvorovite i prostorot okolu zgradite a na Ezeroto se raskopa i teka ostana dve godini.Mozese ,no sigurno nemal korist ,od Veleskoto Ezero da napravi turisticki bum ,zosto se e super okolu nego a i stalno e polno so ribari i setaci ,izletnici .Bravo za sopstvenikot na Romantik -motelot kade e se ubavo i prijatno za prestoj.Ace neka si odi da raboti vo strukata ,dosta bese Titovo dete -Titov pioner i cel zivot partiski poslusnik.Cestitki za Goran Petrov - samo napred Veles e so tebe.
07.04.2009 12:59 | (20) | Like
Ohrid, 07.04.2009 11:57:58
Zalosno za Ohrid. Imavme prekrasen covek za gradonacalnik a ostana polupismeniot. Sega ke se prinapolni so pari i stanovi kako i podrzuvacite okolu nego. A vo Ohrid komunjarite pobedija so pomos na DUI i so stari i nepismeni ljuge. So Nance bese cela intelegencija, cela mladina i site rabotni i pametni ljuge. Tesko na Ohrid uste 4 godini.
07.04.2009 11:57 | (20) | Like
angel veles, 07.04.2009 11:57:44
za buzle i danevski se soglasuvam no da se stavi ace kocevski vo ist kos so ovie e vo najmala raka nepoznavanje na rabotite vo veles toj izgubi bidejki do kraj igrase posteno recisi sam bez nikakva pomos od lokalnite sdsmovci na teren i iskreno mislam deka veles izgubi golem i pred se posten covek koj si ja brkase rabotata kako sto treba i od veles napravi opstina za primer vo evropski ramki veles bese vo evropa spored standardite za lokalna samouprava mnogu mnogu i seuste ne znaeme kolku e toa mnogu pred drzavata i poradi seto ova mislam deka novinarot sto go pisuval ovoj tekst pravi ogromna greska poistovetuvajki gi ovei dvajca so ace
07.04.2009 11:57 | (22) | Like
zoran, 07.04.2009 11:39:23
Ace se skara so pazardziite ,so taksistite so dukandziite,gi ispovadi site limeni garazi vo Veles,se ispokara sosite gragani vo Veles,i ne znzm uste sto,Arogantnost na kup.Odi i ne se vrakaj.
07.04.2009 11:39 | (20) | Like
Star clen, 07.04.2009 11:10:06
Ај вака, Охрид и Карпош изгледа имаат слична судбина. И Охрид и Карпош изгубија на избори ... е сега зошто???? Во Охрид имало комуњари во партија .... во Карпош има лигуши што висат таму само за една цел, за да добијат нешто од ВМРО, кој помалку кој повеќе ... ехееее. Николче, поминаа изборите сега е време за реформи, особено во оние места како Охрид и Карпош. Внимавај мнооооогу стари членови, оние што ја издигнаа партијата не само што ги нема нигде, туку и не гласаат за т.н.свои сопартијци. Само прашај што направиле тие пред се за своите членови и веднаш ќе стане јасно, а не е лошо и да се направи анализа колку членови на ВМРО има во Карпош, а колку гласови добивме. Ако тоа се спореди со другите општини .... веднаш се ке биде кристално чисто. НЕЗАДОВОЛСТВО од локалните шерифи на ВМРО од кои за жал не можад да дојдат вистинските луѓе на вистински места т.е. оние што не бараат ништо од партијата за да бидат во неа.
07.04.2009 11:10 | (26) | Like
zare, 07.04.2009 10:51:33
Greota Buzle
07.04.2009 10:51 | (23) | Like
Bakale, 07.04.2009 10:31:44
Moe najiskreno mislenje nivniot "poraz" e: 1.Presmetano povlekuvanje odkoga uvidoa deka nema sto poveke da se krcmari ,krade i koga vlasta i parite tolku gi zabludija sto mislea se naogaat doma a ne na javna funkcija. 2.Luge koi ne ni mislat niti na nas niti na drzavata dobro gi menuvaat partiite na vlast pred znacajni promeni ekonomski ili primer okolu imeto . NA istite i na predhodnite funkcioneri bi trebalo da mi se odzeme bilo kakov imunitet i da im se ispita potekloto na imot.
07.04.2009 10:31 | (32) | Like
Veles, 07.04.2009 10:28:50
Милан и другите како него треба да ги симнат наочарите и да и поледнат на вистината во очи.Коцевски ја шминкаше главната улица, собиралиштата на пензионерите и толку.Не се зафати со решавање на ниту еден витален и суштествен проблем на Велес, а не да го реши.Аце е политичар од стар ков, иако е релативно млад човек.Многу зборува и да признаеме дека е вешт на зборови,што е и главна одлика на неговата политичка опција,но за жал остануваат само на зборови, шминки и сеење магла.Но конечно и во Велес народот се освестува и ја растерува маглата т.е. бара решавање на проблемите, што се од големо значење за секојдневното живеење, конечно сфаќа дека од гола политика не се живее(од неа и тоа добро живеат само политичарите од типот на Коцевски).Велес меѓу последните ги препозна таквите, но никогаш не е доцна.СИЛНО СВЕТНА ДЕН И ВО ВЕЛЕС.
07.04.2009 10:28 | (29) | Like
svedska, 07.04.2009 10:10:38
ne se sekirajte ima rabota vo resen za buzleta, se kroi jabolkata posle toa navodnuvanje, pa berba i na krajot od godinata ke zeme i pari HA HA HA
07.04.2009 10:10 | (23) | Like
resen, 07.04.2009 10:07:38
Kako samo Buzle izgubi za 12 glasa , ha , ha koj li bea tie da mi e znati???????? AMA POBEDA - nasila ................
07.04.2009 10:07 | (23) | Like
Dragi, 07.04.2009 09:46:26
Pomina euforijata vi dadovme vlast sega rabotete da ne igraat stapovite.
07.04.2009 09:46 | (26) | Like
makedonka m, 07.04.2009 08:54:39
добри шерифи , никого не убија , никого затвор не ставија , но затоа работеја само за себеси и за внуци и правнуци оставија капитал.Само за овие шерифи нема закон , нема правда, нема обвинител да ги обвини за криминалот што го направија.Фирми затворија и сопственици на истите се направија, луге на улица оставија.
07.04.2009 08:54 | (32) | Like
Jasmin, 07.04.2009 08:44:25
Ne znam samo kako toa so 3god postarsko uciliste se stanuva funkcioner i parlamentarec. Pa toj Danevski e neobrazovan i nepismen covek, ama za zal toa go ima samo vo Makedonija. Blagodarenie na svoeto serifuvanje stana najbogat covek vo Sv.Nikole. Jas sega da sum na mesto na Gruevski bi napravila revizija na rabotenjeto na ovie kriminalci osobeno na Danevski koj opljacka se vo Sveti Nikole i Lozovo. Skoro za bezpari so brat mu go kupija celoto stopanstvo vo Sv.Nikole i okolinata.
07.04.2009 08:44 | (36) | Like
Alekso, 07.04.2009 08:33:42
izgleda konechno ke treba da pochnat da rabotat za zhiveachka. se razbira po apanazhi i dushegrizhnishtvo za dobrobitot na narodot. sigurno imaat dovolno sredstva od proekti sifonirani preku nvo i razni donacii i sl. vo drzhavava najisplatlivo e da si politikant, drugo ne mora nishto.
07.04.2009 08:33 | (20) | Like
mene, 07.04.2009 07:52:27
nisto vie ne znaete.pa ako sakase danevski ke gi kupese i ovie izbori so pari.toj si go zema celiot grad taka da celo sv.nikole e negovo,nema veke sto da graba.sega Ddanevski od nekogasen postar stana golem milijarder (ne milioner) i veke nema sto da zima i tokmu zatoa toj veke ne e gradonacalnik na sv.nikole.Ako ne veruvate prasajte gi Sveti Nikolcani tie ke vi kazat.Imotot vo Amerika ne go kupi od postarskata plata,a za negovite deca tuka nema soodvetni skoli pa zatoa toj si gi skoluva decata vo Amerika na svojot imot a kolkav mu e imotot tamu,sam gospod znae.
07.04.2009 07:52 | (27) | Like
АЛЕКС-PECEH, 07.04.2009 06:56:33
buzle- chaushesku NAJPOSLE GRADOT E SLOBODEN!
07.04.2009 06:56 | (21) | Like
nikola ristovski vuk, 07.04.2009 05:12:16
Se slozuvam Kocevski ne smee ni da se pomisli,da se stavi vo ist cos so ovie paraziti
07.04.2009 05:12 | (24) | Like
Akvapura, 07.04.2009 04:47:10
Akvapura Buzle te zafrkna ili pak navistina izvadi kjar od seto ova nikoj ne znae samo ti.... ako si ti vo pozadina kako sopstvenik ali sluzbite ke doznaat
07.04.2009 04:47 | (30) | Like
Alex, 07.04.2009 04:41:18
Buzle ne e sherif-tuku odmetnik!!!Koga bese minister za soobracaj i vrski lapna 13 milioni marki(togashni) i mrtov pijan vo Ohrid go prasuvashe kelnerot na eden lokal dali znael kolku tezok bil.Kelnerot mu odgovoril:Sto znam 80- na kilogrami gospodine.A Buzle mu odmavnal so rakata i mu rekol ne e tocno momce-jas sum tezok 13 milioni marki!!! Ovoj KRT vo opstinata gi ima vraboteno brat mu i vnuk mu,vo Agroplod-site do eden od direktorkata Olgica,do cistachot se negovi partiski lugje,rodnini i prijateli.Gi lazese Romite da glasaat za nego i im izgradi nikakva baraka,Otesevo,Krani skroz se zapusteni.Ovoj parazit treba da odi na rekreacija vo Idrizovo na podolg period.Cestito na Volkanovski i na ostanatite gradonachalnici od DPMNE kako i na Pretsedatelot Ivanov!!!Pozdrav
07.04.2009 04:41 | (33) | Like
gragani na prespa, 07.04.2009 02:58:49
krajno bese vremeto na Buzlevski da zavrsi,ali sega treba finansiska kontrola na Lokalnata samouprava
07.04.2009 02:58 | (26) | Like
d.hisar, 07.04.2009 02:09:03
I tatkomi bese mnogu dobar na vremeto no mu pomina rokot,morase da si zamini vo penzija,so da pravime sega? narodot si saka pomladi i neokaskani ,novi lica ,pusti fotelji kolku se ubavi,pusta alcnost sopravi.stari komunjarista da nemozes od fotelja da gi odcickas.BRISKA DOSTA VI BESE,ne ste za zalenje, ne ste na ulica i bez egzistencija,sigurna sum deka ste dobro nafatirani.SOZDRAVJE.
07.04.2009 02:09 | (23) | Like
milan, 07.04.2009 00:54:42
edno da se znae...ace kocevski bese eden od najdobrite gradonacalnici u ovaa drzava.veles stana prekrasen grad za ziveenje.ace gordo ke si odi od taa pozicija no nikogas nema da bide zaboraven kako covek sto rabotese za grad veles.momentalno sakame da proverime dali navistina ima podobar gradonacalnik od ace da dademe sansa na eden mlad covek koj sto ke treeba dase dokaze uste poveke od prethodniot gradonacalnik.veles staan grad kade narodot znae da pocituva se sto e dobro i znae da kazni se sto e loso.so sreka na noviot gradonacalnik i so nadez deka ke prodolzi tamu kaj sto zastanal prethodniot.veles da bide nas grad i da se gordeeme so nego
07.04.2009 00:54 | (28) | Like
graganin na Republika Makedonija, 07.04.2009 00:45:56
Narodnata pogovorka veli:se stoe slatko e i kratko.Taka i funkciite na na ovie trojca nerani majkovci koj samo za licen interes raboteja vo celoto nivno vladeenje im dojde i krajot.Nazno e deka sigi torija dobro magarcinjata,PA SEGA NIKOJ NISTO NE IM MOZI.neka cuka sega graganite na prazni vreki.
07.04.2009 00:45 | (29) | Like
realen makedonec, 07.04.2009 00:15:42
dodeka si sherif so pishtol na kolan sekoj ti sleva kapa .od kako ke ti se zemi petokrakata i pishtolot od kolan, ako si bil dobar sherif nema poveke da ti slevat kapa, no nema i da te mavat so neja, pouka za novite sherifi .
07.04.2009 00:15 | (32) | Like
kicevo, 07.04.2009 00:13:23
motikata gi otepala.
07.04.2009 00:13 | (28) | Like
шериф, 07.04.2009 00:04:38
Само една забалешка во 1994 ЛДП не постоеше, тутку имаше две оделни партии ЛП и ДП. Што значи дека Слободан Даневски не може да биде член на партија која не постои. А во врска со Аце Коцевски и Димитар Бузлевски кога ке се виде малата разлика повеке може да се третираат како релативно успешни градоначалници отколку шерифи
07.04.2009 00:04 | (33) | Like
me,myself&I, 07.04.2009 00:01:37
Nek se zaprasat premierot Grueski zas i vo Ohrid ne se smena vlasta.E pa ne se dobivet izbori so bivsi komunjari vo partijata vo Ohrid,koi sto se napikaa na direktorski mesta,prebegaa od edna vo druga partija i ke vodet kampanja za izborite......narodov gledat ne e cor.Steta sto od takvi ljuge trpit dpmne vo Ohrid.
07.04.2009 00:01 | (25) | Like
42 ka, 06.04.2009 23:53:42
Bravo VMRO
06.04.2009 23:53 | (38) | Like
 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ
Насловна

 
Гола вистина

 

Снег на Водно
Блесок 10
 
Марфи
Личноста пред тебе во редицата ја има најкомплексната можна трансакција.