четврток, 08 јануари 2009  ::  Бр. 13996
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан Црна хроника Култура Life Style Спорт Stars Свет Од почеток Видео


ЕКСКЛУЗИВНО: ОД КНИГАТА НА ПАРТА БОСЕ


Како починал Александар Македонски

Неговото тело, балсамирано за погреб крај македонските крале­ви во Пела, го започнало долгото патување кон Македонија. Но, попат било земено од Птоломеј, еден од неговите заповедници од највисок ранг. Најпрво било однесено во египетскиот храм во Мемфис, а потоа на локација во Александрија...


Весникот ВЕЧЕР пренесува дел од книгата "Уметноста на стратегијата на Александар Велики", каде е опишана смртта на Александар Трети Македонски. Автор на делото е Парта Босе, маркетинг директор на "Allen & Overy", една од водечките меѓународни правни фирми, роден во Индија, а образуван на универзитетите Columbia и MIT. Преводот е во издание на скопска "Икона".
- Во Вавилон, Александар Македонски лично го надгледувал градењето на една поморска база, каде Македонци, Вави­лонци, Индијци и Персијци работеле и учеле од Феникијците, највештите бродоградители во древниот свет. После една од просла­ви­те во чест на пуштањето во работа на нивната нова база, Алексан­дар добил треска, по една вечер на која обилно се пиело.

Иако треската се засилувала, тој се вратил на работата во помор­ска­та база. Меѓутоа, на третиот ден, бил целосно закован за кревет. Надвор од неговиот шатор, војниците чекале вести и, кога сфатиле дека здравјето рапидно му се влошува, замолиле да влезат во шаторот и да се збогуваат со него. Додека војниците се собирале крај неговиот кревет, тој бил премногу омалаксан за да зборува - но им возвратил на нивните поздрави и на секој од нив му посакал се најдобро, кимајќи со главата, мавтајќи со рака или трепкајќи со очите.

Неговите највисоки војсководители се собрале околу него, загри­же­ни бидејќи немало план за негово наследување. Кога бил прашан кому сакал да му го остави кралството, тој неодредено им кажал: "На најсилниот". Александар починал на четвртиот ден откако добил треска, на 11-ти јуни, 323 година пред Христос. Имал 32 годи­ни. Околу причината за смртта на Александар се уште се води дебата меѓу историчарите на класиката, иако неколку водечки истори­чари сметаат дека станува збор за маларија.

Неговото тело, балсамирано за погреб крај македонските крале­ви во Пела, го започнало долгото патување кон Македонија. Но, попат било земено од Птоломеј, еден од неговите заповедници од највисок ранг. Најпрво било однесено во египетскиот храм во Мемфис, а потоа на локација во Александрија. Војсководителите меѓу себе го поделиле царството: Птоломеј го зел Египет, каде го востановил владеењето на Птоломеите, кое траело околу триста години - завршувајќи со владее­ње­то на Клеопатра, последната од грчките владетели во Египет; Се­левк го добил поголемиот дел од Азија источно од Еуфрат - царство кое се протегало од Сирија, се до границите на Индија, кое го управу­вал од Вавилон; Селевк му ги отстапил своите индиски поседи на првиот индиски цар кој ја обединил таа голема земја, Чандра Гупта Маурја. Лисимах владеел со цела античка Тракија - денешни области на Бугарија и Турција. Антигон Едноокиот", војсководителот на Александар, владеел со Мала Азија - областите западно од планината Тарс, кон Хелеспонт, и сите области на исток до реката Еуфрат.
Антипатар, кого Александар го оставил за да владее со Македо­ни­ја во негово отсуство, продолжил да владее како регент; но Антипа­тар остарел и набргу починал. Со Македонија ќе владее неговиот син, Касандер, одвоен од остатокот на царството.

Најблиското семејство на Александар платило мошне скапа цена. Кога Александар умрел во Вавилон, неговата сопруга Роксана била бремена со нивното дете. Неколку месеци после неговата смрт, таа родила син, кој го добил името Александар IV. Во борбата за моќ помеѓу неговите војсководители, околу тоа кој ќе владее со Маке­до­нија, било одлучено Антипатар да владее како регент во името на Архидеј, најстариот - но нелегитимен - син на Филип од неговата тесалиска љубовница, како и во името на Александар IV. Но, шест години по починувањето на Александар, кога сопругата на Архидеј - Архидеј пател од силна епилепсија - го објавила неговото право на тронот на Македонија, таа и Архидеј набргу биле убиени (некои исто­ри­чари мислат дека тоа го сторила мајката на Александар, Олимпија. Таа се ставила на чело на една мала војска од Епир и ги заклала Архидеј, неговата сопруга и одредот кој се грижел за нивната без­бедност).

Кога Александар IV започнал да навлегува во пубертетот, Касан­дер, сфаќајќи дека момчето станува возрасно, ги затворил и потоа ги убил Роксана и момчето. (Пред некому да му падне жал за Роксана, корисно ќе биде да се присетиме на ова: ако може да му се верува на Плутарх, веднаш по смртта на Александар таа пратила фалсифику­ва­но писмо до ќерката на Дариј, Статеира, која била сопруга на Александар. Во писмото, таа ги поканувала на посета Статеира и нејзината сестра Дрипетис. Меѓутоа, веднаш штом сестрите пристиг­нале, Роксана наредила да бидат убиени, а нивните тела да бидат растргнати и фрлени во бунар.) Не бил поштеден дури ниту Херкул, нелегитимниот син на Александар од Барсине. Касандер, откако наименувал за војсководител еден стар воин, му побарал за возврат да го убие 16-годишното момче. Околу 309 година пред Христос, ќе биде убиен и единствениот поблизок сродник на Александар - него­ва­та сестра Клеопатра (на чија свадба бил убиен Филип).

Дејан ТРАЈКОСКИ

РАЗОТКРИЕНИ ВИСТИНСКИТЕ ПОЛИТИЧКИ СЛУЧУВАЊА ПОСЛЕДНИТЕ 20 ГОДИНИ НА БАЛКАНОТ
Политичарите да се потпрат врз доказите, наместо да се обвинуваат

Потполно ново светло на досегашното сфаќање на улогата на меѓународната заедница, во политичките и воените случувања на балканските простори, во изминативе 20 години, ќе даде специјалниот извештај на 300 научници, рекол Чарлс Инграо, професор по историја на американскиот универзитет Пардју.

Во проектот насловен "Соочување со југословенските контраверзии", чиј директор е Инграо, учествувале историчари, социолози, правници, како и експерти од Словенија, Хрватска, БиХ, Србија и Албанија. Нивните сознанија на јавноста ќе и бидат достапни кон крајот на месецов.
Во интервју за Вечерњи новости, Инграо, се осврнал на приближувањето на западен Балкан кон евроатланските интеграции.

Според него Хрватска сигурно во блиска иднина ќе влезе во Европската Унија, бидејќи направила голем исчекор во постигнувањето на потребните стандарди.
- Од друга страна, малку е веројатно, Македонија, Србија и Босна и Херцеговина да постигнат значаен напредок, со оглед на преовладувачкиот и во голема мерка потврден став на земјите членки на Унијата, дека се избрзало со приемот на земји, како што се Романија и Бугарија - заклучил Инграо.

Наместо, потенцирал Инграо, политичарите и понатаму да се обвинуваат меѓусебно, би требало да ги забележат откритијата на своите научници, кои се втемелени на факти, кои им се достапни на сите.
- Експертите истражувале во 11 екипи и дошле до сознанија, кои ќе ги откријат потезите на сите страни, вклучувајќи ја и американската - рекол професорот Инграо.





Статијата е прочитана 8656 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




mmmmm, 08.01.2009 13:53:00
tocnoe deka ludje od negovoto najblisko opkruzuvanje sakale teloto da go ukradat no zatoa negovta majka so pismo gi izvestila lojalnite zapovednici na Alexandar da napravat devet kovcezi i vo eden od niv da go stavat teloto na Alexandar. Devete kovcezi da bidat pogrebani na devet razlicni tajni lokacii vo Makedonija. Inace teloto na Alexandar e balsamirano taka sto kovcegot od maslinovo drvo kade e negovoto telo bil napolnat so med... Alexandar e pogreban vo makedonija, ako bese vo Grcija ili vo Egipet dosega ke bese otkrien...
08.01.2009 13:53 | (64) | Like
istoricar, 08.01.2009 11:27:40
ne mi e jasno zosto pisuvate za ova nie vrska nemame so nego toj bil grk,zborel grcki i videte gi kovanite pari od toa vreme pisuva grcki,nie go koristime ava ime poslednite 200god i mi se gado so komentari egipcjanite se pola makedonci abe nie sme pred umiranje 1mil ostanavame narod se iseluva nema rabota so ovie lagi vo eu nikogas naprariv ce ne snema.
08.01.2009 11:27 | (57) | Like
uzunov, 08.01.2009 11:16:09
dosta so angiskoto tolkuvanje na istoriata.deka znaea sto se i koj se makedoncite dovolno zboruva faktot sto so napalm bombi gi gorea makedoncite za vreme na gradzanskata vojna vo egejska makedonija. anglia unisti celi narodi i civilizacii gradejcija svojata imperija.se fatija za grcite kako pijan za plot i toa trae vece so vekovi.ne veruvam deka nesto ce se smeni. a ptolomej i kleopatra bile grci kolku sto se anglicanite ludje.
08.01.2009 11:16 | (51) | Like
kole, 08.01.2009 11:08:53
samo da prasam: dali poznavate nekoj siromav istoricar pa da se cudite zosto kleopatra bila grkinka i od kade poteknuva trgovijata, sega ke vi bide pojasno.Bi trebalo da gi ignorirame zatoa sto znaeme koisme i od kogo go nosime potekloto tolku.
08.01.2009 11:08 | (57) | Like
Минчев Илија алијас командант Стојко, 08.01.2009 10:59:21
Со декрет,до Обединетите нации,до САД,до Египет,до Мала и Голема Азија да се побара признавање на македонското малцинство,без разлика на бојата на кожата,верата и сите релевантни белези,секаде кај што имаме докази дека стапнал Александар Велики и неговата фаланга,без пардон и кон македонката Клеопатра,па и нејзините претензии и можности за владеење и со римската империја,за која сигурен сум.со една подлабока анализа на нашите стручни кадри на чело со господинот Паско Кузман ке се види колку македонско има во римјаните,благодарејки на замешателствата на Клеопатра.Моето скромно познавање на историјата не ми дозволува да размислувам понатаму,па ги молам информираните читатели да се јават со свои согледувања за македонското кај неиспитаните пространства и области.Треба да знаеме кој сме и каде сме се.И да ги подржиме нашите секаде.
08.01.2009 10:59 | (37) | Like
pametnjakovic, 08.01.2009 10:34:56
toa znaci deka grcite ne se grci persicite i egipcanite polovina se makedonci i site okolu nas site se makedonci prashuvate zoshto pa vaka makedonskite vojnici vo carstvoto aleksandrovo carstvoto makedonsko vojnicite se zenele so persiskite zeni i egipetskite i da ne recam grcite zatoa shto tie bile makedonski potomstvata koi doadjale posle site tie treba da se narecat sinovi makedonski no nikogash ne e kasno mozat toa i deneska da go storat makedonija ne gi zaborava svoite deca no decata isto trebat da ja pocituvaat makedonija i da ne se sramat od imeto makedonsko koj ne ja saka tatkovinata toj ne se saka ni sebesi
08.01.2009 10:34 | (46) | Like
Ivana, 08.01.2009 10:27:36
abe tolku li ste prosti site..naucete da citate..ova e del od gore navedenata kniga..ne go pisuva ova avtorot na statijava..nacute da citate bre Makedonci..i toa sto go citate da go razbirate..a ne odma na kritika da se frlate..bree prost narod..pa posle se cudime zasto grcite ne vrtat kako sakaat
08.01.2009 10:27 | (53) | Like
ајдеее!, 08.01.2009 10:17:49
Јас колку што знам царството на птоломеите се протегало од денешна Битола на север, до внатреегејскиот дел на Македонија на југ. Како и да е’, врска немаат птоломејците со грци!
08.01.2009 10:17 | (45) | Like
тина, 08.01.2009 09:28:37
Како може во текстот да стои-Клеопатра, последната од грчките владетели во Египет; кога Птоломеј од чие семејство потекнува е македонски цар. Клеопатра е македонска владетелка на Египет. Кога пишувате вакви деликатни работи треба да внимате. Самите не ја знаеме историјата, па затоа на Грците им е лесно со нас.
08.01.2009 09:28 | (56) | Like
Sotir Sotirovski, 08.01.2009 08:00:47
Engleski strucnjaci od Scotland Yard dojdoa do najbliska teorija za smrta na Aleksandar. Za zal slabo ste informirani vo Makedonija za mnogu raboti, pa i za ovaa.
08.01.2009 08:00 | (36) | Like
Do avtorot, 08.01.2009 03:21:49
G-ne, se nadevam deka greshata e nenamerna, pa treba da stoi deka: Kleoparta e Makedonka!!!
08.01.2009 03:21 | (59) | Like
realen makedonec, 08.01.2009 01:26:11
mnogu e smesno za brisel, drzavi od balkanot da bidat primani vo unijata bes da ispolnat i minimalni standardi ,a od druga strana da bara od makedonija standardi ne od 21 vek tuku od 22 vek. ako pogledas kolku makedonija prednaci so davanje prava na malcinstvata pred samata unija ,unijata treba da se srami od nejzinite diskriminatorski odnosi sprema makedonija ,unijata e organizacija na korompirani politicari koj se dlaboko zaglaveni vo 19 vek, izigravat demokrati a vsusnost se prekrijeni fasisti i nacisti ,kako ke go objasnat nivnoto diskriminatorsko odnesuvanje sprema makedonija so baranje makedonija da si promeni imeto so toa i svojot indititet, za da gi zadvoli bolnite strasti na umno bolnata im clenka grcija .po koj demokratski standardi unijata go pravi toj terorizam vrs makedonskijot narod, i vrapcite znajat deka imeto makedonija opstojuva do den denesen zbog makedoncite ,ako ostanese do grcite, imeto makedonija ke bese zaboraveno mnogu od damna,imeto makedonija na grkot mu gi
08.01.2009 01:26 | (41) | Like
Makedon-zikica, 08.01.2009 01:15:17
DA KLEPOPATRA e prababa na mojata prababa od dolodupeni lelele sto istorija kroite
08.01.2009 01:15 | (79) | Like
son, 08.01.2009 00:50:28
Sonuvav deka Grcija go priznala naseto ime Makedonija i ni se izvinila za istoriskata greska. SO GOSPOD NAPRED
08.01.2009 00:50 | (69) | Like
bbbbillllo kkkkoj, 08.01.2009 00:14:50
kako shto gledam od ovaja statija, po smrtta na Aleksandar vojskata, okupiranite teritorii i togashnata Makedonija se rasprskaa kako PETARDA, me jade nekoja janza kako i dneska da se sluchiva neshto slichno.
08.01.2009 00:14 | (37) | Like
Aleksandar III, 08.01.2009 00:07:45
Kako moze da bila grkinja Kleopatra koga se znae deka Ptolomeidite se Makedonci po krv. Se nadevam deka vo sledniot napis avtorot ke se ispravi. Zar malku ni se podmetnuvanja od sosedite, pa sami da si prvime. Zar ne e svezo otkritieto za srednoto pismo na kamenot na Rozeta odnosno pismoto sto go desifriraa akademik Boseski i Tentov. Na kamenot na rozeta srednoto pismo e so makedonski jazik, sluzben jazik na Makedonskite dinastii, vklucuvjki ja I Kleopatra.
08.01.2009 00:07 | (69) | Like
kris, 07.01.2009 23:23:37
Клеопатра била последна од македонската династија во Египет! ако авторот напишал дека била гркиња, тогаш тој погрешил!
07.01.2009 23:23 | (80) | Like
 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ
Насловна
 
Гола вистина
 

Снег на Водно
Блесок 10
 
Марфи
Нови чевли секогаш купуваш, кога старите целосно ќе се искинат.