СО ОДЛУКА НА СОВЕТОТ НА ГРАДОТ
Свети Нектариј - заштитник на Битола
Советот на Битола, вчера, донесе одлука Свети Нектариј да биде прогласен за заштитник на градот, а 18 декември да се празнува како негов ден. Со тоа е продолжена многувековната световна традиција кога градот бил наречен Манастир, зашто во него имало 100 цркви. Во образложението на Преспанско-пелагониската епархија, доставено до советниците, беше назначено дека Свети Нектариј е роден во Битола, а неговите мошти целосно зачувани почивале во Света Гора. Тој бил еден од големиот број свештеномонаси што ги имало во минатиот богат духовен живот во Битола.
(П.С.)
|