петок, 23 август 2013  ::  Бр. 15363
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан и Свет Култура Спорт Забавна Од почеток Видео
Вести


Од 1 септември


"Република" Вевчани добива свои регистарски таблички


Од први септември жителите на општина Вевчани ќе добијат можност да извадат регистерски таблички со ознаката ВВ.

Имено, изготвени се измени Правилникот за регистрационите подрачја за возилата и новото регистрационо подрачје што се воведува во Република Македонија е Вевчани - со ознака ВВ кое го опфаќа регионот на општина Вевчани.

Во согласност со Правилникот за изменување на Правилникот за регистрационите подрачја за возилата и нивните ознаки кој стапи на сила на 1 март годинава се воведоа 6 нови регистрациони подрачја за возилата и тоа (БЕРОВО - БЕ, ДЕЛЧЕВО - ДЕ, ВИНИЦА - ВИ, НЕГОТИНО - НЕ, РЕСЕН - РЕ и СВЕТИ НИКОЛЕ - СН), со што вкупниот број на регистрациони подрачја во Република Македонија од постоечките 17 во 2009 година се зголеми на 23 регистрациони подрачја.

Во Правилникот за регистрационите подрачја за возилата и нивните ознаки пред овие измени беа додадени и следните регистрационите подрачја: Гевгелија - ГЕ Кавадарци - КА, Кичево - КИ, Кочани - КО, Крива Паланка - КП, Радовиш - РА и Струга - СУ. Инаку постоечки регистарски ознаки пред воведувањето на измените во Правилникот за регистрационите подрачја за возилата и нивните ознаки беа: Битола - БТ, Велес - ВЕ, Гостивар - ГВ, Куманово - КУ, Охрид - ОХ, Прилеп - ПП, Скопје - СК, Струмица - СР, Тетово - ТЕ и Штип ШТ.





Статијата е прочитана 510 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 
 

Снег на Водно
Блесок 10
Марфи
Идеалниот кандидат се јавува еден ден по вработувањето на просечниот.