вторник, 15 октомври 2013  ::  Бр. 15404
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан и Свет Култура Спорт Забавна Од почеток Видео


ПОСЛЕДНАТА АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА ЈА УРНА ТЕЗАТА НА ОПОЗИЦИЈАТА


Заради Шиповиќ СДСМ ќе го руши угледот на државата


Полицијата во повеќе наврати излезе со став дека сите граѓани се еднакви пред законот и дека секој кој ќе учествува во криминал за тоа ќе одговара без разлика на која политичка опција и припаѓа. Но, и покрај тоа, СДСМ во акцијата "Претседавач" гледа обид на владејачкото мнозинство да ја преземе локалната власт во Центар

Апсењето на вториот човек во УЈП ја урна тезата на опозицијата дека акцијата "Претседавач" има политичка мотивација. Додека судот го чека Шиповиќ да се врати од САД, во истражниот затвор во Шутка, стартот на судскиот процес веќе го очекува Елена Јанева Димова, скопска директорка во УЈП и висок функционер во извршната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Полицијата во повеќе наврати излезе со став дека сите граѓани се еднакви пред законот и дека секој кој ќе учествува во криминал за тоа ќе одговара без разлика на која политичка опција и припаѓа. Но, и покрај тоа, СДСМ во акцијата "Претседавач" гледа обид на владејачкото мнозинство да ја преземе локалната власт во Центар.
- СДСМ нема да дозволи Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со институционално насилство да ја преземат контролата во општина Центар. По неуспехот со изборна тортура, сега се во нов поход. Преку монтиран политички процес да ја поништат јасно изразената волја на граѓаните - рече Зоран Заев, претседател на СДСМ. Заев вчера ги избегна новинарските прашања, па останавме без одговор дали апсењето на високи функционери на власта, исто така, е монтиран процес. Ова не е прв пат СДСМ да ги критикува полициските акции и да се заканува со протести, блокади и уривање на меѓународниот углед на Македонија. Опозицијата протестираше и при апсењето на Велија Рамковски, кој доби 14 години затвор, на Зоран Заев, кој беше помилуван од Црвенковски и на Владо Бучковски, кој се уште одговара за аферата "Тенковски делови".

ВМРО-ДПМНЕ ниту досега ниту во иднина има намера да се меша во работата на Јавното обвинителството и на судовите во Република Македонија, како што воопшто не се мешаше кога истите институции притвораа и затвораа членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ осомничени за прекршување на законите, реагираа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
- По карактерот на барањето на СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ да се вмеша во овие работи и да издејствува ослободување од притвор на Шиповиќ, јасно е дека со СДСМ се уште владее Црвенковски и неговата школа. Не толку одамна, да ве потсетам, Црвенковски јавно објаснуваше како тоа премиерот треба да крене една слушалка и да заврши ваква работа. Ние разбираме дека тоа така се работело во време на СДСМ, но ВМРО-ДПМНЕ не работи на тој начин, ниту пак некогаш ќе работи, изјави Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. (А.С.)

МВР ќе постапи по барање на судот
Во моментот кога Мирослав Шиповиќ, првоосомничен во полициската акција Претседавач", ќе се појави на кој било граничен премин во државата ќе биде уапсен и по веќе дадената наредба од истражен судија ќе биде спроведен во истражниот затвор Скопје" информираат од МВР.
Доколку осомничениот се појави на граничен премин, согласно законот и наредбите од истражниот судија од скопскиот Кривичен суд, тој ќе биде уапсен и ќе биде спроведен во притвор, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.
Шиповиќ, кој се наоѓа во САД, најави дека денеска ќе се врати во Македонија. Нему во отсуство истражен судија му одреди триесетдневен притвор поради сомнение за финансиски малверзации тешки околу еден милион евра во фирмата Машинопромет" каде што беше претседател на Управниот одбор.





Статијата е прочитана 4327 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




ПОРЕЧАНЕЦ, 15.10.2013 10:46:01
Зошто не протестираа кога мене ме апсеа во 2003 година за ништо, а овие треба да се стрелаат а не да се апсат. Со почит кон јавното обвинителство.
15.10.2013 10:46 | (23) | Like
dragi, 15.10.2013 10:18:35
A zasto ne protestiraa za Pande Lazarov. Covekot im ja napravi zgradata na Bihacka (noviot del) i vise ne go ni spomnaa, a skapa u zatvor. I za Bucko protestiraa pred sud, pa posle samite go vikaa "tenkovsko krilo". Sega znam sigurno deka voopsto ne im e do Sipovic, tuku do sozdavanje na tenzicna atmosfera vo drzavata, za ako uspeat da karat nekoj procent na svojot rejting. Da su na Sipovic mesto, voopsto ne bi sakal da me branat, zasto nema da iskocam. Pre bi im pobaral dobar tim na advokati, ako tolku go sakaat.
15.10.2013 10:18 | (25) | Like
од внукот на Делчев, 15.10.2013 08:07:59
Да протестираа за сите притворени за случајот управен одбор на фирмата Машинопромет,ќе имав разбирање,но како токму СДСМ сакааат да се амнестира председателот на управниот одбор на Машинопромет нивниот Шиовиќ,е тоа е веќе себичност и цинизам,значи сдите мораат да одговарат пред законот -само не видните членови на СДСМ-тие се безгрешни.Само незнам како ли замислуваат да ја водат државата еден ден, ако не направат крупни промени во своето однесување.
15.10.2013 08:07 | (20) | Like
Taljo, 15.10.2013 07:24:52
Заради Шиповиќ СДСМ ќе го руши угледот на државата (citat). Vakov odnos (rusen'e na ugled, odrabotuvan'e za Grcija) ne e prpat na SDSM. I kako posle da ne pcues nekogo vo se sto mu preog'a preku prag, osven zivotni. PA PRETERAA. 5160. 4851
15.10.2013 07:24 | (20) | Like
Subjektivna politika, 15.10.2013 06:24:07
SDSM vodat subjektivna polika, koja zapochnuva od sopstveniot nos i zavrshuva vo sopstveniot dzeb. Taka da kako mozhe edna vakva politichka partija so subjektivna politika da vodi drzhava i da gi shtiti interesite na 2 milioni lugje? Ovaa partija OD TEHNICHKI prichini, odnosno od nezadovoluvanje na standardite za funkcioniranje kako politichka partija na drzhavno nivo, treba vednash da se RASPUSHTI i im se odzeme dozvolata za dejstvuvanje, so sugestija da se prerigistriraat kako NEVLADINA organizacija koja ke mozhe kako saka i kogo saka da zastapuva - no po nikoj sluchaj toa NE smee da bide drzhavata.
15.10.2013 06:24 | (31) | Like
АТАНАС-СКОПЈЕ, 15.10.2013 00:55:31
Па не е ништо ново од таа партија на лузери. До последен здив! Господе, какви губитници! Какви биле до пред 20 години и до кој степен се спуштиле сега. Просто човек да не верува. Но, се си има своја цена. Мислат дека народот ги заборавил нивните злодела од минатото? Некој работи не се забораваат. И џабе е ова инаетење. Тоа првенствено има повторно на самите нив да наштети. Па после и на државата. Но, тоа нив не ги интересира.
15.10.2013 00:55 | (24) | Like
Do koga vaka duri se mozi, 15.10.2013 00:29:46
Samo tvrdo so ovie gnidi kaj veliu ima mesto a kokosarnikot na bc i taka se rasturi.
15.10.2013 00:29 | (22) | Like
goceman, 14.10.2013 23:43:08
...ајде сега СДСМ,како што правеше маички „ и јас сум Заев“ , „ и јас сум Душко-млекарот“ , „ и јас сум Кежо“ , сега нека направат маичка „ и јас сум ШИПО“ :))) П.С. Претседателот Ѓорѓе Иванов не дава АБОЛИЦИЈА !!
14.10.2013 23:43 | (40) | Like
Riki, 14.10.2013 23:26:29
....ako eu smeta deka so sproveduvanje na zakonot i nemesanje na vladata vo sudskata vlast se rusi kredibilitetot na Makedonija, togas toa moze da zboruva samo za samata eu. A tie vratolomii sto propadnatata sds misli da gi pravi so napustanje nejzini gradonacelnici od ZELS so sto ce im pomaga na eu kriminalcite i tehnokrati da vrsat pritisok vrz Makedonija i da ja ucenuvaat za datumot na pregovori...seto toa uste ednas ke im se udri od tie prazni glavi i na eu i na nivnoto slepo poslusno kutre ,koe se odziva na sds.
14.10.2013 23:26 | (35) | Like
Normalno, 14.10.2013 23:22:56
Ne selektivno bi napisal deka kriminalci ima nasekade kade stose parite znaci ne ocekuvajte da slusnete vistina i od dvete strani tuku samo lagi.Pozicija ili opozicija seedno vo nisto ne se razlikuvaat osven sto narodot dobiva nisto a kajmakot se znae kade.Frpaj Fodeka si na Vlast i Pozicija i Opozicija.
14.10.2013 23:22 | (27) | Like
Perec Kifla, 14.10.2013 23:11:38
SDSM si go rusi ugledot na samiot sebe. Ne se veke tolku mokni za da mozat oni nekogo da rusat.
14.10.2013 23:11 | (37) | Like
 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 
 

Снег на Водно
Блесок 10
Марфи
Единствен лек против сексот е уште повеќе секс.