вторник, 28 февруари 2012  ::  Бр. 14927
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан и Свет Култура Спорт Забавна Фељтон Од почеток Видео
Вести


ДАЛИ СМЕНИТЕ ВО ОНКОЛОГИЈА СЕ КОАЛИЦИЈА СО СДСМ ВО МЕДИЦИНСКАТА ВЛАСТ


Се враќа ли кланот Пановски во Онкологија?


Без најава и вообичаена претходница неодамна е сменета директорката на Онкологија, Симонида Црвенкова. Смената е стандардна постапка и немаше да предизвика особено внимание доколку чекорите потоа не најавија враќање на кланот Пановски на Онкологија. Бизнис-групата зад која се влечат најголемите медицински корупциски афери последниве години


Најголеми пари од буџетот се трошат во секторот здравство, без оглед дали се работи за Фондот, јавните клиники или Министерството. Директно и индиректно, оваа област врти безмалку половина милијарда евра годишно. Освен ова, со најавените измени во Законот Министерството има директна контрола и врз работата на Фондот, поставувањето и смените на директори во клиниките и здравствените центри, а, по ново, и трансферот на доктори од јавниот во приватниот сектор е под контрола на Министерството. Овие нови мерки имаат цел намалување на центрите на моќ и со тоа намалување на можната корупција и персонифицирање на одговорноста.

Министерството за здравство освен јавниот успева да влијае стимулативно за развој и на приватниот здравствен сектор и создавање лојална конкуренција. Во оваа смисла е и успехот да се поддржи понатамошната работа на "Филип Втори", еден од најстарите угледни медицински центри во приватниот сектор, но со кирија за просторот во некогашната Воена болница, којашто од поранешните 25.000 евра сега е над еден милион евра за една година.

Но, корупцијата не е појава која се елиминира така лесно или пак едно решение дава безбедност на подолг рок. Напротив, кога се во игра толку многу пари, механизмите и актерите за корупција се секогаш активни.

Еден од најголемите центри на корупција е клиниката за Онкологија и радиологија. Таму се лекуваат нејтешко болните и се употребуваат најскапите лекови. Клиниката, годишно, за таа намена троши околу 10 милиони евра. Од 2005 година, па се до 2009 г. медиумите пишуваа за низа милионски коруптивни афери поврзани со веледрогеријата "Пановски" и сопругата на газдата на таа компанија, Снежана Смичковска, која долг период беше и прв човек на Онкологија, а пред и потоа моќен човек во клиниката кој има влијание врз јавните набавки. Во еден период, со увид во книгите за набавки и плаќања, и споредба со царинските набавки се пишуваше дека се платени над 2 милиони евра за лекови кои, наводно се потрошени, а не се ни увезени! Аферата, сепак, не доби судска завршница иако се објавуваа изворни документи и не стаса ниту еден писмен контрадоказ кој би го запрел сомневањето во корупција.

Се заврши со смена на Смичковска, но компанијата "Пановски" остана и понатаму еден од најголемите добавувачи без сериозна ревизија од страна на Финансиската полиција и објавување финален резултат на тие анализи со кои пишувањата на новинарите би се потврдиле, или демантирале.

А изнесени тврдења за корупција имаше многу. Да наброиме некои од нив кои се објавени само во ВЕЧЕР:
- Нема тајни во јавните пари, случај Онкологија (5.9.2006 г.)
- Фармацевтската мафија се враќа на Онкологија (15.2.2008 г.)
- На Кардиологија се загрозува живот за личен профит (28.2.2008 г.)
- Кој го крие предметот Онкологија/Пановски (7.11.2008 г.)
- Афера Пановски: Зошто е сменет истражниот судија? (8.11.2008 г.)
- Се запира криминалот со цитостатиците - Пановски очаен се обидува со невладиниот сектор (14.11.2008 г.)
- На Онкологија повторно судир помеѓу бизнис-интересите и лекарската етика (4.12.2008 г.)
Последниве година-две најкритичните точки во здравствената корупција како Фондот за здравство и Клиниката за онкологија функционираат без афери и проблеми. Напротив, со серија потези Фондот за здравство успеа да ги намали цените на лековите и здравствените услуги за 30-50%. Патем, се извршија набавки на опрема за јавното здравство во вредност од 80 милиони евра, се отвори голем здравствен центар со трансформација на Воената болница во градска болница "8 Септември"... без дамка и скандали кои се темелат на документи и веродостојни изјави од експерти. Тоа е голем успех и капитал за враќање на угледот во начинот како се трошат јавните пари во здравството.

Последните настани на Онкологија создаваат сомневање дека се можни враќање на старите имиња и старите односи.

Избран е нов в.д. директор, Милан Ристевски, за кој нема сериозни препораки ниту од стручниот сектор ниту пак релација со партиите на власт кон кои тој би бил одговорен за однесувањето и понатамошната изградба на угледот на Клиниката. Еден од клучните надворешни фактори за работата на Онкологија е Катедрата за радиотерапија и онкологија при Медицинскиот факултет. Веќе се врши притисок за смена на сегашниот одговорен, Лилјана Манева, и поставување на Снежана Смичковска, сопруга на газдата на компанија "Пановски" на нејзино место. Доколку обидот за смена не успее, се чека септември и пензионирање на Манева, а смената би уследила потоа.

Вториот клучен фактор кој битно влијае на политиката и набавките на Онкологија е Секторот за протокол и ревидирање на режимот на лекување кој, сега, го води Дева Петрова, сопруга на генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров. Со овие две места практично за политиката и набавките би решавале луѓе блиски до СДСМ, а одговорноста би ја носеле во ВМРО-ДПМНЕ.
Не е клуч кој лекар или експерт е близок до која партија. Клучот е во тоа што луѓето чии имиња, речиси цела една деценија, се влечеа по афери и скандали, сега се враќаат повторно во кругот на одлучување, носејќи ја со себе и хипотеката на минатото работење и сомневањето во начинот како се трошат здравствените пари во согласност со поранешното искуство со нив.

(ДПЛ)





Статијата е прочитана 7155 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




Goran I, 28.02.2012 07:59:31
Ако некој сака да го реши проблемот, лесно ќе го реши. Ќе донесе неколку стручни лица од странство, ќе обучи барем 20-тина доктори во неколку врвни институции со различни методи, ќе види како работат на пр. приватните клиники во Швајцарија, ќе постави веб страна каде јавно ќе се изнесат сите факти, со број на пациенти, и количини на лекарстава и ете .... за две три години, ќе имаме чиста ситуација. Нека си заработубаат сите, ама барем пациентите да бидат задоволни и третирани со најдоброто. Никој нема А да каже, ако се дадат и дупло пари за онкологија, ако се си оди по светски правила и протоколи. Вака .... секој лови во матно, ама има господ, па гледа, крвави пари носат убав земски живот, ама душата, потомството ... ??? Нека им е господ на помош.
28.02.2012 07:59 | (39) | Like
Meme, 28.02.2012 07:20:39
Zosto taka zboruvate i go navreduvate noviot direktor. Bas e kvalitenen lekar 10 godini studirase so vrski ! Sega ostanuva uste Vlado Dimov da se vrati od Bugarija da bide minister i Lepi zamenik !
28.02.2012 07:20 | (58) | Like
deni, 28.02.2012 07:18:28
Bravo za Vecer i Latas i ostanati realno gi prenesuvate nastanite vo zdravstvoto, a za Panovski i ostanata mafi.. Vecer da istrazi kako Panovski ja ukrade ADG PELAGONIJA i kolku zaraboti na makata na vrabotenite koi se komplet izbrkani i se na biro ili vo Butel. Panovski so pomos na Dimo Koding- Gorska ja opljackaa ADG PELAGONIJA od prodazbata na objektite na ADG PELAGONIJA ukradoa nekolku milioni evra. Kade e Fin Polcija i dr. da go ispita ovoj slucaj.Samo pogonot na Betonjerka na ADG PELAGONIJA vo Zlokucani vredi nekolku desetici milioni evra a e na Panovski. Ogromen krminal, nikoj ne go istrazuva.
28.02.2012 07:18 | (33) | Like
bel mantil, 27.02.2012 23:56:12
Ja smenija naj strucnata i najodgovornata doktorka-direktorka Simonida Crvenkova. Izgore zaradi ekonomskiot direktor Aneta Kostovska cija cel bese da postigne nejzina smena, postavena direktno od Panovski, a obucuvana i dirigirana od Smickova. Za zal Onkologija nema da ima veke licnost koja konecno ja zasluzija bolnite-da ne se grizat dali ke im bide dadenata ispravnata terapija i vrabotenite, koi raotea 4 godini bez strav.
27.02.2012 23:56 | (73) | Like
Mkd2012, 27.02.2012 23:38:22
Epa, duri zenava Simonida rabotese kako sto treba kako direktor im smetase na klanot Panovski, Smickova, Icko-Promedika. Zatoa tie trojca najdoa debilcinja od niskite vmrovski strukturi, im dadoa po 20 iljadi evra i ja smenija zenata. Sega ministerot neka si ja cuka glavata sto napravil, go smeni covekot sto ja stitese Makedonija i pacientite od deceniskiot kriminal na ovie trojca od klanot. Neka ni e nazdravje na site. A za Vecer, golem respekt za iskrenosta vo tekstov, koga treba da se brani zdravjeto napagaat i po svoite luge koi pravat greski od pvoj karakter.
27.02.2012 23:38 | (67) | Like
Od Zdravko, 27.02.2012 23:20:34
Ima li javen obvinitel ovaa drzava? nevidliv e odkako e izbran Svrgovski. Da ne se finansira i toj od farmacevstkata mafija stom se zataskuvaat vaka cisti i jasni ograbuvanja...
27.02.2012 23:20 | (81) | Like
Makedonka od Veles, 27.02.2012 23:18:02
Odi Todorov tamu navecer???? ili nema gz.
27.02.2012 23:18 | (62) | Like
Изјава на денот
Секако дека ќе имаме корист од ЕУ, ама не сега туку по 20 години
Млаѓан Динкиќ, претседател на УРС

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 
 

Снег на Водно
Блесок 10
Марфи
Не можеш однапред успешно да одредиш која страна од лепчето да ја намачкаш со путер.