четврток, 05 ноември 2009  ::  Бр. 14242
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан Црна хроника Култура Life Style Спорт Stars Свет Од почеток Видео


Фронтменот на легендарната "Азра" и по 20 години без "татковина"


Тивка војна меѓу Србија и Хрватска за Џони Штулиќ!?


Бранимир Џони Штулиќ е хрватски Србин, но тој и ден-денеска се чувствува и изјаснува само како Југословен, па затоа досега не побарал ниту еден од двата пасоша. "Откако не постои Југославија, не постои ниту друг пасош за мене" - рече Штулиќ пред 20-тина години кога се пресели во Холандија


Откако Министерството за внатрешни работи на Србија,по налог на министерот Ивица Дачиќ, му понуди на некогашниот фронтмен на легендарната ју-група "Азра", Бранимир Џони Штулиќ да му помогнат во добивање српски пасош, се огласи лично и претседателот на Хрватска Стјепан Месиќ, со сосема иста понуда-да му помогнат во добивање хрватски пасош.

"Знам нешто за него и знам нешто за неговата музика. Додуша, повеќе знаат моите ќерки, но не знаев дека нема никаков пасош, па ни хрватски. Тој на тоа има право, само нека поднесе барање. Исто така, има право и да настапува кај нас, зошто да нее - изјавил Месиќ во разговорот за Хрватското радио. Според Јутарњи листт ова е прва реакција на хрватските власти во врска со случајот Штулиќ, кој се влече со години наназад. Тој по распадот на Југославија, изјавуваше дека "откао не постои таа земја, не постои ниту друг пасош за менее. Ваквио став не им се бендиса на нови власти на самостојна Хрватска, па решителниот Џони си замина во Холандија каде таму живее речиси 20 години.

Бранимир Штулиќ е хрватски Србин, но тој и ден-денеска се чувствува и изјаснува само како Југословен, па затоа досега не побарал ниту еден од спомнатите пасоши. Но, дали има нешто ново што не и е познато на јавноста, тешко може да се процени и од неговата најнова изјава за српскиот неделник НИН:
"Животот не е бајка. Ако книгите нешто ми направат, ако ми биде потребна база за работа во следните 20 години, ќе земам пасош во практични цели за да можам да работам" - рече Џони не прецизирајќи за кој пасош би можело да стане збор-српски или хрватски. Или можеби, некој сосема трет!?

Се чини дека некои во Хрватска молат господ Џони да не побара хрватски пасош. "Јутарњи" пишува дека ако тоа се случи Штулиќ, некогашниот фронтмен, можби најдобрата група во екс-ју 'Азраа, даземе хрватски пасош,тогаш,тој би можел во судска постапка, како државјанин на Хрватска, да добие барем половина од милионскиот долг што кон него го има Издавачката куќа "Кроација рекордс".









Статијата е прочитана 6132 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




uzunov, 05.11.2009 11:54:09
branimire,te molam od srce,kako sto mu se molam na boga,da se vratis vo svojata lulka kade sto se rodi.vo Makedonija.pripadzas na ova prokolneto parce zemja.zaradi toa i tvojata muzika a uste povece tvoite stihovi bolat dlaboko do srce. barem nie,sto izrasnavme so tvojata muzika i poezija gi znaeme tvoite vrednosti kako muzicar i kako covek. go molam gospodinot gruevsko licno da se zavzeme branimir dzoni stulic da dobie makedonski pasos no i da stane pocesen gradzanin na skopje.
05.11.2009 11:54 | (71) | Like
Toso, 05.11.2009 09:23:01
Zosto Kakedonija ne mu ponudi pasos na Stulic? Pa toj e roden vo Makedonija, vo Skopje, a i nekolku pati izjavil deka se oseka kako Makedonec!
05.11.2009 09:23 | (69) | Like
Гјулсевен, 05.11.2009 09:12:51
Во реалноста Југославија веке не постои, ако за дваесет години не разбрал што сака да биде нека си ја пее А ШТА ДА РАДИМ КАД ОДУ ПРИЈАТЕЛИ МОИ.
05.11.2009 09:12 | (60) | Like
Јас и другите..., 05.11.2009 08:39:50
Во Југославија,кога постоеше,имаша нации и националности кои во основна смисла и сега постојат,а државјанството беше југословенско.Тој што не беше национално определен беше „фатен во орото“ на социјализамската (немој да прочиташ социјалистичката) демагогија дека припаѓаме на една нација,квази нација,Југословен. Тие што се „откажаа“ од својата нација силно се занесуваа по фалбите упатени до нив од повисоките државни,оф простете,општествени инстанци и од тој занес се изјаснуваа за Југословени.Каква беда од луге,нели!
05.11.2009 08:39 | (48) | Like
I.V. - Skopje, 05.11.2009 07:34:39
Od koi li neobjasnivi pricini mu bilo odbieno baranjeto za makedonsko drzavjanstvo, toa nikoj ne kazuva!!!
05.11.2009 07:34 | (45) | Like
Occoz AU AS, 05.11.2009 06:43:01
Da bidam iskren, ne mu ja pocituvav mnogu muzikata, ama sega porasna vo moite oci kako normalen covek. Videl so kogo si ima rabota. Sega e gragjanin na svetot. Kako ne bi prifatil vakvo ceneto drzavjanstvo kako makedonskoto! Pa so MK pasos mozes sekade vo svetot da odis bez viza. Isto kako so stariot YU pasos! (malku sarkazam)
05.11.2009 06:43 | (55) | Like
Silvester, Sidnej, 05.11.2009 03:30:10
Verojatno eden od najvlijatelnite rock muzicari na balkanskite prostori. Na Stulic treba Makedonija da bide srekna a mu izdade makedonski pasos so obzir na toa sto e roden vo Skopje. No toa ne e nasa praksa. Nasite bedni sluzbenici se srekni za 100 Evra da izdadat pasos na sekakov parazit, od koj predvreme znaeme deka ke nemame apsolutno nikakva korist.
05.11.2009 03:30 | (67) | Like
Benedict, 05.11.2009 03:23:43
Pa toj e roden i ziveel vo Hrvatska da zeme srpski pasos e budalstina.
05.11.2009 03:23 | (48) | Like
bango - usa, 05.11.2009 01:34:50
Gjoni Stulich malkumina znaat deka e roden vo Skopje i deka dobar del od detstvoto go ima pominato kaj nas i ako mkd mu ponudi pashos veruvame deka bi go prifatil !!!
05.11.2009 01:34 | (61) | Like
od Bobby, 05.11.2009 00:42:18
Bravo e vakvi patrioti imase so nasi makedonci vo Bugarija koj bea proterani od gRcija koga negoviot brat bese bolen vo Skopje Sesramu mu rece na Bratasi da izvade pasos vo Bugaria za da odat vo Makedonija kaj Bratasi za posledno viduvanje i on i rece na Sesrasi na masata imase edno sise so limonada ako i go smenam etiketata na limonadata ta poveke nee limonada ke se vika ili boza ili koka kola i zatova ne baram Bugarski pasos koga jas ke umram na Grobot ke stoi Bugar i taka nese vidoa za posleden pat so Bratasi ali umre kako Gord Makedonec a ne kako nasite komunjari predavnici daziveat Makedonskite Patriotite i Prijatelite.
05.11.2009 00:42 | (42) | Like
STAR VINICANEC, 05.11.2009 00:31:04
A zosto ne napisavte deka vo vojnata toj dojde vo Makedonija da pobara Makedonsko drzavjanstvo zatoa sto toj e roden vo Skopje i ne mu bese odobreno baranjeto pa toj covek si zamina ZA Holandija i ostana do denes tamu. E toa sme nie gi pustame da si odat tie sto treba a tie apasite i ajducite gi pribirame.
05.11.2009 00:31 | (76) | Like
YAHOO!, 05.11.2009 00:10:56
bravo decki , realno razmisluvas, banana drzavi se pred raspaganje i ke se raspadnat kako kula od karton. vo prsanje e samo moment na **********??????
05.11.2009 00:10 | (57) | Like
berlin, 04.11.2009 23:36:25
e ova e covek so karakter! Ova denes e vestacka situacija i se vestacki granici pomegju bratski narodi. Za obnova na Jugoslavija!!
04.11.2009 23:36 | (64) | Like
 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ
Насловна

 
 

Снег на Водно
Блесок 10
 
Марфи
Претпоставката е мајка на сите глупости.