четврток, 05 март 2009  ::  Бр. 14043
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан Црна хроника Култура Life Style Спорт Stars Свет Од почеток Видео


ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ, ЃОРГЕ ИВАНОВ КАТЕГОРИЧЕН


Македонија е дел од Европа


Проблемот со името е наследен од претходни генерации политичари, кои влегле во лавиринт, од кој сега не знаат како да излезат, вели Иванов


Го промовирам концептот на еднаква отвореност и еднаква блискост со сите, не можеме да ги менуваме соседите и затоа треба да најдеме начин на живот со нив. Сите проблеми што ги имаме, а кои ни се оставени во наследство, бидејќи некои се стари со децении некои со векови, не смеат да ги оптоваруваат секојдневните односи меѓу обичните луѓе.

Политичарите треба да се зафатат и тие проблеми да ги решаваат, а секојдневниот живот треба да се продолжи како што доликува на соседи. И во нашата традиција се вели, ако портата со соседот е затворена, капиџикот мора да е отворен, вели Ѓорге Иванов, претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за радио Дојче Веле. Одговарајќи на прашањето дали е оптимист дека за време на оваа генерација ќе може да се реши спорот со името Иванов вели:
- Јас доаѓам од академската заедница, каде проблемите сме ги согледувале долго, долго на теоретско ниво и во историјата на меѓународните односи такви проблеми не се решаваат, меѓутоа се наоѓа начин да се живее со тој проблем и да се постигне некој компромис кој нема да биде на штета ни на едната ни на другата страна. Тоа е еден мачен и долг пат за наоѓање на заеднички решенија, меѓутоа ако се посветиме на тоа успехот ќе дојде. Тој проблем е наследен од претходни генерации политичари, кои влегле во лавиринт, од кој сега не знаат како да излезат.

На првиот митинг истакнав дека доколку бидам избран ќе направам промена на тој однос, ќе инсистирам по секоја цена да се подготви, да се организира средба на врвот меѓу претседателот на Република Македонија и претседателот на Република Грција, за да се испрати сигнал на добра волја и сигнал до обичните луѓе. Иванов укажува дека Македонија нема друга алтернатива, освен ЕУ и НАТО. "Македонија е дел од Европа, од европскиот простор. Македонија има потреба од НАТО. Тоа е нашата генерална стратешка определба. Од тоа ние не отстапуваме. Меѓутоа блокадите што ги имаме кон тој процес укажуваат на тоа дека се соочуваме со Алијанса во која не е изграден консензусот. Она што Македонија го доживува со еден од своите соседи сега станува пречка за интегрирање на целиот регион", вели Иванов.

ВМРО-ДПМНЕ ПРЕД КОЧАНЦИ
Иванов: Сплотени во НАТО и ЕУ

Коалицијата "За подобра Македонија" предводена од ВМРО-ДПМНЕ во вторникот вечерта на митинзи во Кочани и во Виница ги претстави кандидатите за претседател на државата, за градоначалници и за советници.

Кандидатот за претседател Ѓорѓе Иванов пред кочанци рече дека Македонија треба да биде дел од ЕУ и НАТО, а тоа може да се постигне ако сите институции се сплотени, а не разидинети. На Македонија и треба човек што ќе обединува, а не разделува, нагласи Иванов. Во неговата програма приоритет е меѓународната политика, но и да биде блиску до граѓаните со отворање на народни канцеларии во повеќе градови.

- Се обидувам да го обновам наследството од покојниот претседател Борис Трајковски, голем човек со голема идеја и голем верник кој посвети особено внимание на дијалогот меѓу различните религии. Тие духовни дијалози треба да станат наше секојдневие, рече Иванов.








Статијата е прочитана 4746 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




Kika, 05.03.2009 10:25:12
Za edno e vo pravo "Politicarite da se fatat za rabota".A se drugo e dobar predizboren marketing.Po izborite tesko deka nesto od vetenoto ke bide realizirano.
05.03.2009 10:25 | (109) | Like
Бојан, 05.03.2009 10:19:21
И во нашата традиција се вели, ако портата со соседот е затворена, капиџикот мора да е отворен, вели Ѓорге Иванов, претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за радио Дојче Веле. Тоа ли е нашата традиција, турски зборови? Ги има колку сакате и каде сакате за секојдневни работи и предмети.
05.03.2009 10:19 | (46) | Like
Мирче, 05.03.2009 09:34:03
Македонија на македонците. Иванов претседател . Македонија во НАТО и ЕУ. Поздрав до ВМРО-ДПМНЕ..............
05.03.2009 09:34 | (73) | Like
HBG, 05.03.2009 08:05:25
Makedonija e del od Evropa, tocno, ama samo geografski
05.03.2009 08:05 | (77) | Like
mence, 05.03.2009 03:49:34
na sekade niz svetot do kade sto ne ima ne smetaat za cigani, ida go smenime imeto nema da ne sakaat cela evropa ke se odnesuva isto kako ido sega zatoa pamet vo glava idniot pretsedatel da se zakolne pred celiot narod makedonski deka nema da go promeni imeto verifikuvano ob drzaven pravobranitel vo sprotivno besilka na plostad
05.03.2009 03:49 | (86) | Like
Robert, 05.03.2009 02:54:17
Mislam deka kandidatot za pretsedatel na VMRO-DPMNE vo negovoto iskazuvanje za problemite sto go cekaat idniot pretsedatel na R.M gleda realno. Jas mislam deka ako G. Ivanov pobedi na pretsedatelskite izbori deka kolku sto moze ke dade sve od sebe barem pogolemiot del od ovie problemi da gi resi. Jas veruvam vo G. Ivanov i mislam deka so negovata pomos Makedonija ke go najde praviot pat.
05.03.2009 02:54 | (75) | Like
jovceska, 05.03.2009 01:37:30
Mozebi Frcko treba da zeme primer od Ivanov kako treba da se pretstavuva pred narodot, Ivanov najdobar ste i vie ste idniot pretsedatel
05.03.2009 01:37 | (76) | Like
Irina,kavadarci, 05.03.2009 01:35:59
Poddrska za Vas g-dine Ivanov!!Vie treba da bidete nasiot pretsedatel,covek ke se bori za zacuvuvanje na imeto,jazikot a so toa i nasiot identitet!!
05.03.2009 01:35 | (78) | Like
mimi, 04.03.2009 23:59:44
Vaka se vodi kampanja ,neka se ogledaat drugite na profesorot Ivanov
04.03.2009 23:59 | (83) | Like
stroinik, 04.03.2009 23:47:52
Makedonija sekogas ima alternativa...Tragicno e da ne se uvidi progresot na Rusija, Kina, Indija, Brazil...nivnite resursi, naselenie vo razvoj koe ima se pogolemi potrosuvacki potrebi, investitori koi baraat plodno tlo za svoite biznisi-a Makedonija e tocka na 3 kontinenti...Duri i da bevme clenka na NATO i EU pozelno ke bese da ostvaruvame se pogolema sorabotka so Rusija na pr., pa toa go pravat i Germanija, Italija, SAD kako edni od najgolemite trgovski partneri na Rusija, Kina, Indija...Svetot dinamicno se menuva a nie MAKEDONCITE mozeme pozitivno da go iskoristime segasniov mig za iden straoten razvoj...imame prekrasna i plodna zemja, soobrakjajna raskrsnica sme, inteligentni lugje...megju drugoto razmisluvajki i za MAKEDONCITE vo sosednite zemji: Albanija, Grcija, Bugarija, Srbija, nie samo bi go zgolemile svoeto vlijanie na Balkanot pa i vo Evropa kako ekonomski taka i politicki. Nema potreba od strav od nekakov "zapaden" pritisok-koga nie pocvrsto bi vlegle vo sorabotka so Rusi
04.03.2009 23:47 | (101) | Like
realen makedonec, 04.03.2009 23:37:26
edno znam tije shto ja zaglavija makedonija vo ova kal ne se lugeto shto treba da ja spasavat makedonija bidejki istite luge namesto da ja spasavat tije zagovarat promena na imeto i celosno unishtuvanje na drzavata sds,movata kriminalna banda da se potpolno politichki unishti samo togash ke mu krene na makedonija .
04.03.2009 23:37 | (90) | Like
mirica, 04.03.2009 23:31:32
Odlicen kandidat za Makedonija.Bi stanal makedonski brend!
04.03.2009 23:31 | (55) | Like
 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ
Насловна
 
Гола вистина
 

Снег на Водно
Блесок 10
 
Марфи
Штом некому направиш услуга, тоа ќе стане твоја работа.