среда, 08 ноември 2006  ::  Бр. 13343
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Црна хроника Култура Life Style Спорт Stars Свет Балкан Од почеток Видео
Вести


СИНОЌА СЕ ИЗБИРАШЕ НОВОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА СДСМ


Зоран Заев, потпретседател!?


Од редот на 70-те членови на ЦО, синоќа се составуваше и новото претседателство. Во него, освен тие што влегуваат по функција, се очекуваше да бидат избрани уште неколкумина, кои на конгресот освоија најмногу гласови



Миле Зечевиќ, поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање ќе биде новиот организациски секретар на СДСМ, дознава "Вечер". Оваа функција досега ја извршуваше пратеникот Оливер Спасовски. Зечевиќ важи за човек од доверба на новиот лидер Радмила Шекеринска и на генералниот секретар Горан Минчев.
- Зечевиќ и Минчев ќе ја имаат најтешката задача - да обезбедат единство во базата. Тие веќе од наредната недела ќе почнат да ги посетуваат сите општински организации на партијата и секаде онаму каде што има раздор или каков било друг проблем, ќе го решаваат. Партијата мора да се консолидира до редовниот конгрес на пролет - велат нашите извори.
Изборот на Зечевиќ требаше да биде официјализиран на Централниот одбор, закажан за синоќа.
На истата седница требаше да бидат избрани и потпретседатели на СДСМ. Пратениците Игор Ивановски и Јани Макрадули веќе подолго време се споменуваат кака најсеризозните кандидати за тие партиски функции. Во партиските кулоари вчера се шпекулираше и со трет потпретседател, кој, требало да биде од внатрешноста. Тоа во партијата, најчесто, го поврзуваат со името на градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.
- Тој имаше 11 кандидатури за лидер во пресрет на конгресот, или најмногу по Шекеринска. Сепак, иако важеше за "бучковист", тој не ја прифати кандидатурата и и даде максимална поддршка на Шекеринска. Би се вклопил во новиот тим - коментираат во СДСМ.
Од редот на 70-те членови на ЦО, синоќа се составуваше и новото претседателство. Во него, освен тие што влегуваат по функција, се очекуваше да бидат избрани уште неколкумина, кои на конгресот освоија најмногу гласови. Ги наведуваат Станка Анастасова од Свети Николе, која добила 439 гласа од делегатите. Многу гласови освоиле и Јован Деспотовски и Тања Томиќ.
- Немаме намера да ја продолжиме практиката на Бучковски, кој за сметка на нашите членови со поддршка од базата, форсираше свои блиски пријатели. Тие во секој случај ќе бидат земени предвид или при составувањето на претседателството или во останатите органи - велат во партијата.
Иако не е дел од новиот состав на ЦО, синоќа функција требаше да добие и поранешната пратеничка Каролина Ристова-Астеруд. Според нашите извори, таа всушност требаше да биде реизбрана на местото секретар за меѓународна соработка.
И Ѓорѓи Трајчев, досегашниот претседател на партискиот подмладок, кој исто така не е член на ЦО, требаше да добие нова функција. Според нашите информации, тој ќе го замени Есад Рахиќ на врвот на скопската организација.

Гоце МИХАЈЛОСКИ





Статијата е прочитана 2381 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ
Насловна
 
Гола вистина
 

Снег на Водно
Блесок 10
  

 

m
Трошоците растат се додека не се израмнат со приходот.