четврток, 20 март 2008  ::  Бр. 13756
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан Црна хроника Култура Life Style Спорт Stars Свет Од почеток Видео


ВО СВЕТОТ НА УСПЕХОТ


Вечер најдобар дневен весник


ВЕЧЕР доби уште едно признание. Меѓу најуспешните, а како најуспешен дневен весник, застана благодарение на манифестацијата "Во светот на успехот", што завчеравечер во организација на "Детла прес" се одржа по четврти пат. Во духот на слоганот "Бидете успешни - оставете белег на Вашето време!" признанија отидоа во рацете на она што е вредно во одредена област и го носи единственото име на сите јазици - Успех! Наградените, меѓу кои и ВЕЧЕР, до признанија дојдоа благодарение на гласот на народот и анкетите спроведувани од ноември минатата година. "Секогаш објективен и свој весник. Апсолутно смел и без стеги пишува и пренесува буквално се", причината зошто токму ВЕЧЕР се најде меѓу лауреатите.

Освен ВЕЧЕР со вакви признанија се здобија и Владата на Р. Македонија -Министерот без ресор, Иво Ивановски за Македонија - земја на информатичари во 2007, Министерство за култура на РМ за основање филмски фонд и грижа за културното наследство во 2007, градоначалниците на општините Дебар, Крушево, Куманово, Радовиш, Илинден, Црвениот крст на град Скопје за кампањата "Сите сме нивни деца", Полио плус за особен придонес во борбата за еднакви можности на лицата со хендикеп, ансамблот за народни игри и песни на Македонија "Танец", како најголем културен амбасадор на Македонија, Виолета Томовска за најдобар уметник - хуманист, ТВ Сител - "Асовите бираат асови", најдобра манифестација за популаризација на спортот и вистинските вредности, Роза Мојсовска за особен придонес во полето на уметноста, Тоше Проески кој остави белег "Во светот на успехот 2005", но и во светот на успехот засекогаш!... Освен награди за најуспешните публиката во Универзална имаше ретка можност да ужива и во настапите на женскиот хор "Св. Злата Мегленска", членовите на етно-групата "Монистра", КУД "Танец" и Виолета Томовска.

(А.Т.)
Фото: Ѕ.Плавевски










Статијата е прочитана 32299 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




MAKEDONEC1111, 20.03.2008 13:53:35
aj pa neka vi se mnozt edinstven vesnik ste so ja podrzuva vladata taka treba pozzdrav i zivela makedonija
20.03.2008 13:53 | (134) | Like
K-SK, 20.03.2008 12:48:00
Da bevte malce ponepristrasni poubavo ke bese.
20.03.2008 12:48 | (127) | Like
Viki Skopje, 20.03.2008 11:30:23
cestitki. samo prodolzete taka!!!!!
20.03.2008 11:30 | (106) | Like
od publikata, 20.03.2008 10:30:44
manifestacijata bese STRASNO neorganizirna! Voditelite-SRAM neviden...posebno voditelot....
20.03.2008 10:30 | (123) | Like
krasiwa, 20.03.2008 09:11:00
Neka vi e so sreka nagradata ,cestitki ,srekno.Mene mnogu mi se dopaga vasiot vesnik SREKNO
20.03.2008 09:11 | (123) | Like
nenad, 20.03.2008 08:25:44
bravo
20.03.2008 08:25 | (122) | Like
NEUTRALEN i REALEN, 20.03.2008 08:22:53
soliden vesnik no za zal nastroen partijski, bidete poobjetivni da ne go upropastete rejtingot.
20.03.2008 08:22 | (131) | Like
Agent 007, 20.03.2008 06:15:01
Dozvolete za uspehot da ve pofalat drugite. Dali nagradata e navistina od citatelite???????????????
20.03.2008 06:15 | (120) | Like
b-str., 20.03.2008 02:32:56
aj sto e najdobar dneven vesnik,tuku i najdobar nocen vesnik e-:))))))))so srec da vi e!!!!!!!!!
20.03.2008 02:32 | (135) | Like
mitko vooduseven, 20.03.2008 01:28:44
Vesnik sto i bara svaler na Bakojani vo Makedonija mora da e najdobar, duri e i od toa podobar.
20.03.2008 01:28 | (149) | Like
commanddevil, 19.03.2008 23:58:57
NEKA VI E CESTITA NAGRADATA ---VECER
19.03.2008 23:58 | (124) | Like
Dr.Mihail Sorko ,Ohrid., 19.03.2008 23:48:19
Iskreni CESTITKI za osvoenata nagrada " NAJUSPESEN DNEVEN VESNIK za 2007g" do novinarskata ekipa na vesnikot VECER.Nagradata e plod na NAPORNATA PROFESIONALNA RABOTA i ima posebna vrednost zatoa sto doagja po izvrsenite anketi megju citatelite.VI POZELUVAME DOLGI GODINI PLODNA I USPESNA RABOTA.
19.03.2008 23:48 | (127) | Like
demokrat, 19.03.2008 23:20:34
ne im veruvam na ocite sto gledaat!!!
19.03.2008 23:20 | (125) | Like
 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ
Насловна
Photofinish

 

m
Ако авионот во кој се наоѓате доцни, тогаш авионот во кој треба да се префрлите ќе тргне на време.
 
Гола вистина
 

Блесок 10
Канаѓани со "Минус еден" премиерно во Скопје