понеделник, 23 февруари 2009  ::  Бр. 14034
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан Црна хроника Култура Life Style Спорт Stars Свет Од почеток Видео


ПОНЕДЕЛНИЧКИ


Плоштади


Во Скопје има толку темни улици што децата ги хранат со лук за да можат по миризбата да ги најдат во темницата


Можеме за многу работи да се расправаме, да имаме различни мислења но, речиси сите мислиме дека Скопје има најгрд, најгрозен, најружен, најтапанарски, најкомуњарски, најбезличен, најбездушен... плоштад на Светот. И дека има билборди кои дрско и безобразно, со амин на Градот, се поставуваат пред туѓи прозори, балкони, излози на дуќани... без никој да ги праша сопствениците за тоа. Човек балкон ќе загради, или дрво ќе посади, и мора некого од комшииите да праша. Овие не. Ќе ти зачукаат триес квадрата лим пред нос, и оди еби се.

Криминалот со билборди пред сечиј нос е непозната појава во досегашната урбана историја. Таков плоштад, пак, бетонскомермерна ледина без ништо на неа, сме гледале само во разгледниците од Тирана. И никаде на друго место.

И ај што плоштадот е таков. Него кога ќе прегори сијалица, или некоја будала ќе ја искриви бандерата, никој тоа со месеци не го поправа. Иако градот прима пари да биде се во ред. Трифун и Соколиќ, за кого допрва ќе се чуе кој е и што е во градот... тие двајца дома си менуваат сијалица кога ќе им прегори, или поправаат врата кога ќе се искриви... ама на плоштадот, ништо. Ама баш ништо не пипаат иако, нели, се платени да биде поинаку. Најпосле, тие скапи одела и коли што ги возат, особено Соколиќ советникот, не им ги дале дома, туку се од наши пари. Пари дадени Градот, особено плоштадот, да биде како што треба.

Обашка телефонските говорници без телефонски апарати, булевари и плоштад без канти за ѓубре, и пластични јавни тоалети среде престолнина како да се наоѓате на градилиште на некој локален пат... тоа се веќе финеси.

Затоа, ми се гади веќе од изјави за локални избори дека на општината, и на Скопје, ќе им го врателе духот. Ма, носи се у три пичке материне, будало! Врати ги ти сијалиците да светат на бандера, врати го алфалтот на дупките по улица и тргни ми ги билбордите од пред мојот прозор. И се ќе биде во ред. Во Скопје има толку темни улици што децата ги хранат со лук за да можат по миризбата да ги најдат во темница.

Ситуацијата е таа, и се решава многу лесно. Арно ама, Соколиќ го советува Градоначалникот поинаку.

Ај, ќе рече човек дека другото е како што треба, па сега можда и немало време, или немало пари, за плоштадот. Но, кога ќе види човек како именуваните давале дозволи на две компании да поставуваат огромни билборди, со квадратури на дуќан или на помал стан, пред секоја зграда, музеј, дури и пред Соборна црква... гледа дека пари и те како има. Е сега, дали дошле до градската каса, или парите за прекуредно, и до безобразно масовно поставување билборди, отишле во друга каса, ќе видиме. Допрва.

За причините да се даваат дозволи, и поставуваат билборди пред сечиј нос - злоупотреба на јавен простор, а на штета на приватни лични и имотни интереси на граѓаните - оваа власт ќе мора да спроведе истрага. Квадратурата на билбордите далеку ја надминува квадратурата на кинескиот ѕид позади стадион. И износот исто така. Или ќе има истрага, или ќе сметаме дека има соработка во корупцијата.

Дванаесет милиони евра годишно вреди тој скопски билбордски бизнис кој крши цела една серија закони. Никој пред ваша куќа, балкон... или пред музеј, амбуланта, школо или црква... не може да постави билборд од дваесет, триесет и повеќе квадрати, и да загрози непречено користење на туѓ приватен имот, на јавен сообраќај, безбедност или да покрива институции кои се градени со јавни пари. Никој. А најмалку градските шефови кои се платени да биде поинаку. Кога пред четири години дојдоа на власт имаше дупло помалку дозволи за билборди, а повеќе од четири пати помала квадратура на поставените билборди. Имаше стандарди како да изгледа билбордот, и од кои материјали да биде, а сега е тоа какофонија од кутии, заварени парчиња лимови собрани по отпади, на кои се накачени смешни грди сијалици за да се заштеди на внатрешен извор на светло.

Некој имал и личен интерес да се случи сето тоа. Во бизнис од дванаесет милиони евра годишно, и тоа само во Скопје, во кој одлуки се донесуваат од око, многу очи од страна треба да бидат широко отворени. А не биле. Зошто не биле?!

Сега на плоштадот се планира, конечно, да се постават скулптури, зеленило... да заличи на разгледниците од Европа, а не на сликите од Тирана. Особено од времето на Енвер Хоџа.

Има типови на кои тоа им смета. Кои сакаат Скопје и понатаму да личи на Тирана од времето на Енвер Хоџа. Има и зошто. Само во такво време, и само со такви слики, тие се свои на своето. Во свој амбиент.

Знаат тие дека Загреб има плоштад со Бан Јелачиќ, Белград со Кнез Милош... за Париз муабет да не правиме... ние го имаме Александар, кој во сите енциклопедии на Светов се презива - Македонски! Тито говореше дека на оваа нација и треба младина. Сега ние збориме дека на оваа младина - и треба нација.


Пишува: Драган П. ЛАТАС





Статијата е прочитана 9236 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




kseni, 23.02.2009 13:51:01
Ne mu zameruvajet za vulgarnosta toj ubavo si ja naplaka od moi pari i toa. Ime eden termin elementarna kultura. Za zal od takvi komentari nema da go citam poveke ovoj nekogas prekrasen vesnik.
23.02.2009 13:51 | (29) | Like
мене, 23.02.2009 12:43:01
Јас пак мислев ке напишете нешто за инцидентот во Струга и за вашата паравојска
23.02.2009 12:43 | (35) | Like
los do koska, 23.02.2009 12:33:54
BRAVO.... sve u oci.... mameto lopovsko, LATAS CARE. A "skopjsnecot" i drugite kako nego (n.pr. "rakita") da go potsetam....LATAS NE se kandidira za predsedatel na DRZAVA alooooo, ( ili ti mozda ne ja priznavas za drzava ovaa zemja ...aaaa), batka, tuku FRCE....
23.02.2009 12:33 | (52) | Like
paki, 23.02.2009 11:57:45
bravo dragane ,samo uste nesto,nekaza gostite koga doagaat vo skopje kade se mocat,
23.02.2009 11:57 | (30) | Like
Атанас-Скопје, 23.02.2009 10:57:40
Скопје би требало да стане една урбанизирана метропола пример за сите други градови. Но овој урбан хаос што владее, датира уште од поодамна. Јас мислам секој кој сака да се нафати со круни проекти птво би требало дворчето да си го среди, а тек после другите работи. Овие новопечени грдоначалници ( кој мислам дека немаат појма ) само ставиле капак на се. Прво погледнете ги корпите за смет изработени од мрежа,испаѓа се од нив, тој што ја изработал треба да добие златен медал. А за улиците кој не се обележани да и не говорам. Како да сне на месечина. И сега г-нот Градоначалник сака и трамвајска пруга. ВМРОВЦИ секој независен Градоначалник кој дојде на власт со ваша поддршка испаднаа за никаде, од Пенов па наваму. Крајно време е работите да ги преземите во свој раце.
23.02.2009 10:57 | (37) | Like
Неда, 23.02.2009 10:45:56
За време на светска криза ние ќе градиме склуптури и после ќе кажеме дека сне сиромашна држава.Никако.А земете ја во предвид и површината на нашиот плоштад,па потоа споредувајте ги со другите метрополи.
23.02.2009 10:45 | (38) | Like
mkd, 23.02.2009 10:21:48
Da gi ostavime grcite malku na strana.Aleksandar i majka Tereza najdobro se prodavaat vo svetot i se magnet za privlekuvanje na stranski turisti (pokraj toa da im se obezbedat pristojni propratni uslovi,pateki...)Kaj nas najgolem problem e toa sto nikoj ne znae za sto e nadlezen.Bas gi gledam kandelabrite ke se skrsat i nikoj ne postavuva novi tuku samo visat kabli i prava sreka e deka dosega ne se desila nekoja nesreka.Ovde ne gledam rasprava dali Aleksandar,Goce,Samuil da bide na plostadot Pela,vo naselba K.voda,Gazibaba ...tuku dali da ima pusta ledina ili da ima istoriski pokazateli za narodot koj zivee tuka.Pa na kraj kraevi sega se izbori pa narodot ke go kaze svoeto mislenje
23.02.2009 10:21 | (22) | Like
CONKA, 23.02.2009 10:18:51
Eve tema za latas: Zena mu na Zoran Zorav seta niz Strumickite sela i dava po 100 Evra za eden glas.
23.02.2009 10:18 | (29) | Like
skopjanec, 23.02.2009 10:07:34
Латац го критикува Фрчко за вулгарности а за своите вулгарности „еби се„ кој да го критикува.
23.02.2009 10:07 | (24) | Like
vilgarizam, 23.02.2009 09:28:55
ubav ni e jazikot so psovki bogat a i mozat da se koristat po kolumni neli...ne si ja pogodil kolumnava deneseka latas nema pocetok sredina i kraj..ajde slednata ke najdes nekoja tema sigurno sto ke ti legne...do togas pozdrav do cela makedonija
23.02.2009 09:28 | (45) | Like
Srgan S., 23.02.2009 08:20:43
A za kafulinjata na ulica Makedonija sto posle 23 casot stanuvaat turbo-folk diskoteki i imas vpecatok deka se naogas vo Sumadija, ane vo centar na Skopje.Koj za ova zema mito.
23.02.2009 08:20 | (55) | Like
a@o, 23.02.2009 08:17:28
Во Струга состојбата со центарот и плоштадот е во уште полоша состојба, ама барем тој е град на поезијата.
23.02.2009 08:17 | (24) | Like
Liljana, 23.02.2009 08:11:18
Латас, браво за статијата , во целост те поддржувам за секое зборче. Само заборави да не потсетиш , за мафиозот Трифун, за уште една мафиозка голема афера, а тоа е ФИ-КОМ. Со оној будалана што е во затвор , ги искрадоа парите од становите на многу граѓани ги вложија во Поштенска банка и после си ги префрлија во Австрија. И за тој криминал овој мафиоз Трифун треба дебело да одговара. Ги поболе сите луѓе кој имаа уплатени станови , и сега сака преку стечајната управничка со која се тандем, да доземе уште 1.500.000,00 евра. Како не му е срам, кај ќе му оди душата. Аир нема од крадени пари, затоа и ќе страда до седмо колено и он и неговата фамилија. Правдата ќе победи, ќе плати за сите гревови на недолжните луѓе кој го покраде.Со крадени пари не се прават цркви , не се покриваат гревовите. Затвор за мафиозите и враќање на парите на оштетените.
23.02.2009 08:11 | (47) | Like
prilep, 23.02.2009 08:03:43
Latas ako nesto me razveseluva sekoe ponedelnicko utro, toa se tvoite kolumni ti si car
23.02.2009 08:03 | (35) | Like
Мартин, 23.02.2009 08:03:07
Така е мајсторе у право си, само се прашувам кога ке се развие свеста кај овој народ, кога ке стаат прст на чело и ке се запрашаат "што направивме и што треба да направиме за да некој престане да си игра курташак со нас"
23.02.2009 08:03 | (26) | Like
bojan binoski, 23.02.2009 07:04:17
sekoja cest latas
23.02.2009 07:04 | (25) | Like
olio, 23.02.2009 04:51:31
hehehe ------------- eh da dojdite vo pp da vidite so se ulici:)))))))))))))))
23.02.2009 04:51 | (70) | Like
zoran kanada, 23.02.2009 04:09:40
te mrazam ama te citam
23.02.2009 04:09 | (53) | Like
koga ce pocneme, 23.02.2009 03:20:11
za site slucuvanja vo eden grad sekako najgolema odgovornost nosi gradonacalnikot najosnovni raboti shto sekoj grad vo drzavata treba da gi ima toa se ; cistotata na gradod;na prvo mesto ; kako vtoro alsvaltiranje ili poplocuvanje na ulici koi se oshteteni ili vo opshto ne se aslvaltirani ili popoloceni ; kako treto reguliranje na saobracajot postavuvanje na semafori i znaci na site mesta vo gradot ; cisti peshacki pateki ubavo poploceni ili alsvaltirani ; pateka za velosipet posebna i alsvaltirana obelezana so pravci nasoki na dvizenje; da se vodi smetka za sekoj invalid vo kolicka da moze bez nicija pomosh sam da stigne do odredenoto mesto vo gradot a toa se zavisi kako se napraveni peshackite premini za sekoj slep na peshackite pateki da se postavat posebni plocki vo eden red i toa plockite da bidat rebrasti koj shto ce mu pomagaat na slepiot da si go drzi pravecot site semafori vo gradot da bidad zvucni tonski koga ce pokaze zeleno da moze slepiot da pomine site cekalishta n
23.02.2009 03:20 | (59) | Like
Zbuneta, 23.02.2009 02:41:56
Ubavo rekol Tito.Na ovaa nacija i treba mladina.Mladinata e dvizecka sila.Samo taa e nositel na promenite i nikoj drug.Nemojte da se bunite
23.02.2009 02:41 | (34) | Like
скопје, 23.02.2009 02:35:54
на партизански одреди 9 месеци од бунјаковец до мал одмор немаше светило во 97, трифун чекаше тендер
23.02.2009 02:35 | (40) | Like
sadomazo, 23.02.2009 01:31:40
dobro be, kade so ovoj mozok lugeeeeee?
23.02.2009 01:31 | (21) | Like
mimi, 23.02.2009 01:11:58
Mafijas do mafijas,tatko mu na toj Buco-Lazov Grup,Drazo,ja prodade Lotarija so kriminalna privatizacila,gi izbrka vrabotenite na ulica,samo na sinceto da mu kupi biznis,mu go kupi gradov,moze da si postavuva bilbordi kaj saka i za toa da naplaka,sega e faca vo gradov,zagrozen zenkar,posto kako advokat site znaeme kolku go bivase,sega drma.Vo gimnazija ligus go vikavme,covek se raga so toa,taka ni licel,he he.A Sokolic-FALKO,neli Mercedesi prodavaa,ovlasteni bea za toa.???
23.02.2009 01:11 | (30) | Like
skopjanka, 23.02.2009 00:13:57
Latas, ne upotrebuvaj vulgarni zborovi, ti ja rasipuvaat kolumnata, a i veke kritikuvaa nekogo za takvi zborovi, neli?
23.02.2009 00:13 | (53) | Like
naciboy, 23.02.2009 00:05:47
pametno kazano nemam so da kazam cestiti care
23.02.2009 00:05 | (62) | Like
Zoran, 22.02.2009 23:57:19
Ubavo e da se postavat spomenici i sigeren sum deka nema Makedonec koj ne go saka toa,no ne e vreme sega za vlozuvanje vo skulpturi.Latas nema prblem so finansii ama kolku semejstva nemaat pari za hrana toa da se zaprasame.Daj tie pari da se vlozat vo momentov na pravo masto ,a ponataka ke imame i skulpturi i parkovi ............I golema greska e krajot na statijata ,tocno e toa sto TITO rekol....
22.02.2009 23:57 | (43) | Like
toni, 22.02.2009 23:37:47
Zlatko Late Sokolic e zenet za kerka mu na poranesniot direktor na Mlaz Bogdanci , koj lesno mu zemja , na misteriozen naxin zagina pri eksplozija na cisterna , vo vremeto koga Late so negovite cisterni svercuvase nafta za Srbija . Se zboruvase deka Petrit Ame ( koj istotaka misteriozno zagina ) ja sredil taa rabota po nalog na Zlatko . Zlatko mozese mnogupati da se vidi vo drustvo na Slobodan Bogoesvki i Pavle Trajanov vo bivsa Idadija . Site sto go poznavaat Zlatko znaat deka za pari i baba mu bi si ja prodal. Vo toa ne e nisto [porazlicen od Trifuna . Tie Dvajca se "dobro "drustvo
22.02.2009 23:37 | (29) | Like
holidej, 22.02.2009 23:28:17
latas-te zamoliv letovo vo eden nas restoran da ja otvoris i ovaa tema---mi odgovori da ke bide i toa,,i ti blagodaram. ma ne u tri u 10 p... m....... neka se goni toj trifun i tie okolu nego,pa koli iskrsivme po ulici,dupka do dupka,koj ke mi go plati mene toa i na site gragani koj imaat vozila i koj veke platile da se napravat ubavi ulici...tocno najkatastrofa grad nemame ni edna ulica kako sto treba-SRAMOTA e trifun trifun" kopito" edno
22.02.2009 23:28 | (21) | Like
Vac, 22.02.2009 23:14:46
Ni zbor ne bi dodal, ili odzemal na napisanoto. Se soglasuvam od pocetok do kraj. No, nema sila vo drzavava veke petnaeset godini sto ke mu zastane na vrat, i na kraj na Buco Lazov koj e poznat kako covek od onaa strana na zakonot i sopstvenik na najgolemata firma za izdavanje bilbordi. Drugata firma e so avtsriski gazda, a biznisot na Trifun Kostovski e vo Avastrija... i Trifun e avtsriski drzavjanin... dva i dva se seuste cetiri.
22.02.2009 23:14 | (24) | Like
 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ
Насловна
 
Гола вистина
 

Снег на Водно
Блесок 10
 
Марфи
Оној што плаќа најмалку, најмногу приговара.