четврток, 16 октомври 2008  ::  Бр. 13928
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан Црна хроника Култура Life Style Спорт Stars Свет Топ 10 Од почеток Видео
Економија


ВЛАДА


Ваучери од 250 евра за апсолвенти


Владата и годинава ќе додели вредносни ваучери за апсолвентите во земјава кои за прв пат запишуваат завршна студиска година во учебната 2008/2009 на било кој државен или акредитиран приватен факултет во Македонија. Ваучерите што ќе бидат во вредност од 15.500 денари, и ќе можат да се искористат за купување компјутер или лаптоп, ќе ги добијат и студенти кои се евидентирани како лица со посебни потреби, како и оние студенти кои не го оствариле тоа право според Законот за издавање на вредносни бонови.

Оваа програма Владата ја спроведува заедно со Министерството за информатичко општество и е во рамките на проектот "Македонија-земја на информатичари". Според министерот за информатичко општество, Иво Ивановски ваучерот ќе го добијат апсолвенти кои до 15 ноември 2008 година ја запишале за прв пат последната година на студии.
- Проценките се дека меѓу 13 и 14 илјади студенти ќе ја запишат последната студиска година и ќе се пријават за добивање ваучер - изјави министерот Ивановски.

Лани беа поделени 12.222 ваучери чија поединечна вредност изнесуваше 12.300 денари. За да се избегнат ланските злоупотреби кога имаше случаи да се препродаваат ваучери на оглас, годинава студентите ќе мораат лично да се јават во ИТ компаниите за врачување на компјутерите.

(С. Бл.)





Статијата е прочитана 2811 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ
Насловна
 
Гола вистина
 

Снег на Водно
Блесок 10
 
Марфи
Ако чевлите ви се точни, тогаш се грди.