сабота, 29 декември 2012  ::  Бр. 15177
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
Изјава на денот
Не гледам порно. Зошто да се радувам на туѓата среќа?
статус на Фејсбук
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан и Свет Култура Спорт Забавна Од почеток Видео


АЛЕКСАНДРА НАКОВА:


Во 2013 ја чекам вистинската љубов!


Верував во Дедо Мраз, затоа што секоја година под елката наоѓав подароци - по некоја кукла или барбика и мислев дека тоа е од него. Кога пораснав, сфатив дека Дедо Мраз, всушност, бил татко ми...

Дефинитивно 2012 е една од најплодните години за тебе, па што е она што ти ја одбележа годината?
Накова: Реалното шоу Преживеан дефинитивно е нешто што ми ја одбележа оваа година. Ми беше чест што бев дел од еден таков проект и што, нормално, преживеав. Морам да ги споменам и работните ангажмани кои ги имав по завршувањето на шоуто. Се на се, 2012 беше добра година за мене.

Освен што беше плодна, 2012 беше и скандалозна. Ајде да ги објасниме редоследно сите скандали еден по еден и конечно да ставиме крај на дилемите за тоа што е вистина, а што лага.

- Александра Накова се слече на Преживеан

Накова: Значи, морам да кажам дека јас пред камерите не сум се соблекла. Се трудев да бегам од нив кога требаше да се преслечам. Топлес се слекував само кога камерите не беа вклучени. Тоа е лага!

- Александра Накова се степа со Станија

Накова: Тоа беше нешто што јас и Станија го исцениравме. Ние сме многу добри другарки и тоа останавме и по завршувањето на шоуто. Откако бевме префрлени на Островот на исфрлените, јас не можев да ги поднесам условите таму и поради тоа намерно исцениравме тепачка за да бидеме дисквалификувани. Значи, тоа беше местенка!

- Накова и Станија правеа оргии со Црнци на Костарика

Накова: Ова е лага! Откако не исфрлија од шоуто, ни беше забрането да излегуваме од хотелот, а башка јас со Црнец немам муабет направено, а камоли пак да направам нешто повеќе од тоа. И да сме сакале да излеземе на Костарика, тоа би било невозможно, бидејќи како прво таму немавме кај да одиме, бевме сместени во едно село, во коешто немаше апсолутно ништо. Откако не дисквалификуваа, единствено во прилог ни одеше тоа што имавме простор за лична хигиена и храна.

- Накова и Станија се бакнуваа

Накова: Ова беше маркетиншки трик. Сакавме насловна и добивме. Се бакнавме еднаш во уста и тоа е тоа. Не направија лезбијки, а ние тоа го исцениравме. Да сме сакале нешто да правиме, ќе сме правеле кога сме биле сами. Многу пати сме спиеле заедно, една до друга, во ист кревет, па не сме направиле ништо. Ете тогаш само што се бакнавме. Ништо страшно.

- Накова ја утна тетоважата

Накова: Тетоважата не ја утнав, туку тоа беше намерно така направено. Не сум толку глупава да тетовирам нешто погрешно што ќе го носам на себе цел живот. И да не знам англиски, ќе проверам на интернет. Луѓето сакаа да им дадам нешто за да зборуваат и јас им дадов.

Скандалите се дел од твоето секојдневие, па колку се доживуваш како скандалозна и тоа ли е твојот рецепт за успех?
Накова: Не се доживувам како таква, но ете кај и да одам, што и да правам, само скандали има околу мене. Некогаш сакам да бидам обична личност, за чиј живот нема да се крева прашина, но тоа очигледно не може да биде така. Преку скандали, да можеш да се пробиеш во јавноста, но колку таквата кариера ќе ти потрае, е прашање на време. Многу новинари си дозволуваат лично мене да ми измислуваат изјави и приказни и затоа решив да почнам да пуштам тужби на сите оние кои ќе го оцрнат моето име. Прв на тапет е еден дневен весник кој на многу вулгарен начин исмеа една моја реклама на која допрва треба да работам.

Настрана од сите скандали, со оглед на тоа дека уште малку не дели од најлудата ноќ, колку ја чувствуваш новогодиш ната еуфорија?
Накова: Па ја чувствувам. Овој период од годината ми е убав, го сакам Скопје кога е украсено и кога свети, забавите кои се организираат, исто така, се убави, чувствувам дека луѓето се поблиски кога доаѓа овој празник и убаво ми е да го гледам сето тоа.

Каде ќе ја дочекаш Новата година?
Накова: Уште размислувам, но најверојатно ќе се одлучам за Белград. Таму славев и лани и одлично си поминав. Има преубав ноќен живот, има и убави машки кои имаат харизма и шарм, така што доколку заминам таму, знам дека забавата ми е загарантирана.


Во принцип не ја сакам зимата. Знам само да позирам на снег, и тоа е тоа. Не сакам да скијам, не знам да бордам, така што и да отидам некаде на планина, наместо да спортувам, ќе си седам во соба и ќе уживам со топол чај


Што е за тебе успешна новогодишна журка?
Накова: За мене има три опции кога е во прашање славењето Нова година. Првата е дома со семејството, втората е со саканиот на некое романтично патување, а третата е луда журка со другарки. Годинава се решив за третата и знам дека нема да зажалам.

Веруваш/ше ли во Дедо Мраз?
Накова: Верував, затоа што секоја година под елката татко ми ми оставаше подарок, некоја кукла или барбика, и јас мислев дека тоа е од Дедо Мраз. Кога пораснав, сфатив дека Дедо Мраз, всушност, бил татко ми.

Што е она што сакаш да ти се случи во 2013 година, кои се твоите неостварени желби?
Накова: Во 2013 сакам да ја запознаам вистинската љубов. Тоа е мојата најголема желба.

Велат кај и да си за Божиќ дома си... дали тоа е случај со тебе?
Накова: Да, за Божиќ ќе си одам во Гевгелија и ќе бидам таму со моите родители. Сакам да поминувам време со нив, бидејќи навистина ми недостасуваат. Живеам во Скопје, тие таму, ретко си одам дома и затоа секој момент поминат со нив ми значи.

Дали можеби ќе одиш некаде на зимување?
Накова: Во принцип не ја сакам зимата. Знам само да позирам на снег, и тоа е тоа. Не сакам да скијам, не знам да бордам, така што и да отидам некаде на планина, наместо да спортувам, јас ќе си седам во соба и ќе уживам со топол чај.

Колку се грижиш за твојот изглед, дали спортуваш, како се храниш?
Накова: Нормално дека се грижам. Редовно вежбам, одам на аеробик, се хранам здраво. Консумирам многу овошје и зеленчук. Кога е во прашање храната, слабост ми е нутелата, но кога морам да бидам во топ форма, ја избегнувам, бидејќи во неа има многу калории ха, ха, ха,...

Во однос на гардеробата, каков стил преферираш?
Накова: За преку ден сакам фармерки и маица, навечер без високи потпетици не излегувам, а некогаш знам за на кафе да облечам и тренирки. Во принцип носам облека во којашто се чувствувам пријатно. Фетиш ми се високите потпетици, имам безброј, и во сите бои.

Идни професионални планови?
Накова: Сакам да се испробам како водителка. Размислувам да почнам моја емисија која ќе биде поврзана со модата, но тоа се уште е само замисла за која се надевам дека ќе се реализира скоро. Твојата новогодишна желба ја слушнавме, а што е она што ќе им го посакаш на читателите на ВЕЧЕР?. Накова: Им посакувам многу среќа, здравје и љубов, пред се. Секогаш да бидат насмеани и позитивни, бидејќи тоа е она што е најважно, нели?!

Со Станија немаше тепачка. Тоа беше нешто што го исцениравме... Лага е и информацијата дека сме правеле оргии со Црнци. Па јас со Црнец немам муабет направено, а камоли пак да направам нешто повеќе од тоа. Маркетиншки трик беше и бакнежот. Сакавме насловна и добивме... Тетоважата не ја утнав, туку тоа беше намерно така направено. Не сум толку глупава да тетовирам нешто погрешно што на себе ќе го носам цел живот. И да не знам англиски, ќе проверам на интернет. Луѓето сакаа да им дадам нешто за да зборуваат и јас им дадов... Лага е и дека се слекував пред камерите во Преживеан...

ФОТОГАЛЕРИЈА


Текст: Јасмина Арсова
Фото: Наке Батев
Шминка и фризура: Даниел Николовски
Гардероба: Модно ателје "Елена Лука"
Декорација: JYSK, City Mall






Статијата е прочитана 20505 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




Od lisice, 29.12.2012 03:19:36
Za devojkava bravo kolku e pametna i elokventna ubava na majka i baska nisto ne pravela so crncite hahah
29.12.2012 03:19 | (36) | Like
К, 29.12.2012 00:28:22
Утната ти е тетоважата. Лингвист сум и совршено ги знам сленговите и литературниот англиски. Скриј се девојче, не се понижувај дополнително!
29.12.2012 00:28 | (32) | Like
 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 
 

Снег на Водно
Блесок 10
Марфи
Испробај ја својата среќа за да знаеш во каква работа можеш да се впуштиш.