понеделник, 11 јуни 2012  ::  Бр. 15011
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
Изјава на денот
Иднината не е во менувањето граници, туку во нивното отворање
Стипе Месиќ, поранешен претседател на Хрватска
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан и Свет Култура Спорт Забавна Од почеток Видео


ГЕРМАНИЈА РЕКОРДЕР ВО ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА ОД СОНЧЕВА ЕНЕРГИЈА


Македонското сонце со најсилен пик во светот, ама струја не се произведува!


Германските соларни електрани за само еден час во текот на попладнето на 25 мај годинава произвеле 22 гигават-часови електрична енергија што е еднакво на силата на 20 нуклеарни централи, а во Македонија соларната енергија се искористува едвај 4 отсто


Светски рекорд во искористувањето на сончевата енергија за производство на електрична енергија остварија неодамна соларните електрани во Германија. За само еден час тие во текот на попладнето на 25 мај годинава произвеле 22 гигават-часови електрична енергија што е еднакво на силата на 20 нуклеарни централи. Со ваква статистика не може да се пофали ниту една земја во светот, а за Германија тоа е една третина од нејзината енергетска потрошувачка.
Податоците ги пласираше Меѓународниот економски форум за обновлива енергија, посочувајќи дека Германија по хаваријата во јапонската нуклеарна централа "Фокушима" одлучила постепено да ја напушти нуклеарната енергија, односно Берлин планира да ја замени со обновливи извори, како ветерот, сонцето и електраните кои работат на биомаса.

Германија има инсталирано соларни електрани со капацитет што одговара на силата на фотоволтаичките паркови во остатокот од светот. Земјата со сончевата енергија покрива околу 4% од годишната потрошувачка на струја и таа планира да стане светски лидер во користењето на обновливи извори, а во моментот со нив покрива 20% од потрошувачката. Сепак, експертите информираат декаазелената" енергија не е доволно доверлива" и оти нема капацитет да ја снабдува земја со силна индустрија.

За разлика од Германија, во Македонија во моментов многу малку, или едвај 4% се искористува сончевата енергија, иако според светските анализи Македонија заедно со Калифорнија е на врвот на листата во светот со најквалитетен пик на сончева енергија што достигнува од 1.380 до 1.520 киловат-часови пик на квадратен метар. Според податоците со кои располага Регулаторната комисија за енергетика, 37 објекти произведуваат електрична енергија од обновливи извори, а 14 од нив ја користат сончевата енергија. Од фотоволтаичните централи четири се по 50 киловати, а најголемата од еден мегават е лоцирана во Новаци. Втората по големина и со моќност од 250 киловати е електраната во Штип. Цената достигнува 260 евра за мегават-час електрична енергија произведена од сонце, а инвестицијата за ваков објект е над 3 милиони евра.

Експертите предупредуваат дека иако сонцето го имаме во неограничени количини, се среќаваме со парадокс, бидејќи во моментов во земјава речиси и да немаме соодветно искористување на оваа енергија за производство на електрична и топлинска енергија. Во Македонија фотоволтаичните централи се домашна инвестиција. Странците не инвестираат во овој сектор, а виновни за ваквата состојба се долгата административна процедура што инвеститорот треба да ја реализира за да добие дозвола за работа, како и банките кои бараат посебни проекти за да го одобрат бараниот кредит.

Од Агенцијата за енергетика на Република Македонија укажуваат дека неопходно е да се поедностави процедурата со која инвеститорите треба да ја подготват документацијата за изградба на енергетски објекти од обновливи извори на енергија, односно да се воведе едношалтерски систем во изготвувањето и одобрувањето на документите.
Лазар Гечевски, директор на Агенцијата за енергетика, смета дека треба да се забрза постапката, бидејќи во Македонија во моментов има 3,5 мегавати инсталирана моќност во фотоволтаични електрани и 4,5 мегавати инсталирана моќност во хидроцентрали.
"Соларпро Холдинг" од Бугарија е сериозно заинтересирана да го гради соларниот парк во Битола. Компанијата досега во Бугарија има изградено 32 соларни електрани со вкупен капацитет од речиси 100 мегавати, а соларниот парк во Битола ќе биде првиот што компанијата го гради во странство.

Граѓаните заинтересирани за вградување на сончеви колектори
За разлика од инвеститорите, граѓаните во земјава голем интерес пројавуваат за вградување на сончеви колектори во своите домови. Токму од овие причини Министерството за економија и годинава продолжува со субвенционирање на домаќинствата, бидејќи со овие колектори користејќи ја сончевата енергија ќе овозможат затоплување на санитарната вода. За таа цел од државната каса за годинава се одвоени 6 милиони денари, при што од овие пари ќе се надоместат 30% од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски, односно по 300 евра во денарска противвредност по домаќинство. Годишно едно домаќинство со воведување на соларен термален колектор во својот дом за 8 месеци заштедува околу 2.400 киловат-часови струја, а тоа на годишно ниво е 8.400 денари.

Во саботата Министерството за економија организираше јавно извлекување на лицата кои ќе го остварат правото на надомест на дел од трошоците направени за купен и вграден соларен колектор во своето домаќинство, по четвртиот повик за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на соларни колекторски системи во домаќинства за 2012 година. Овој повик траеше до 31 мај.

Секое четврто семејство кое аплицираше за субвенции за сончеви колектори доби пари од државата. Од примените 2 илјади барања преку јавно извлекување се избраа 480 семејства кои вградиле сончеви колектори од почетокот на февруари до крајот на мај годинава. Оние кои допрва сакаат да аплицираат за субвенции сметаат дека Владата треба финансиски да им помогне на семејствата без разлика кога ги поставиле сончевите колектори.
Владата годинава одвои 96 илјади евра за субвенции за сончеви колектори. Секое семејство доби третина од вложените пари, но не повеќе од 300 евра. Досега државни пари за колектори добиле 1.420 домаќинства.

Исто така, на градскиот плоштад Македонијаа се одржа отворен ден под мотото Сакам сончев колекторр, организиран од проектот на Европската унија Проширување на употребата на термалните сончеви колектори преку успешни моделии, како дополнителна поддршка на владината кампања за субвенционирање на сончеви колекторски системи во домаќинствата.

Валентина МАРЈАНОВИЌ






Статијата е прочитана 4433 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




Градител, 11.06.2012 09:47:49
Производство дома, па после субвенции, со разликата за увоз на ел.енергија све ќе се поврати за 1-2 години.
11.06.2012 09:47 | (29) | Like
Sime, 11.06.2012 09:42:27
Да претпоставиме дека математиката за заштеда ви е точна, значи 8400 денари годишно заштеда, значи речиси 140е. Околу 1500-2000 евра, а можеби и повеќе чини поставување на сончеви колектори за затоплување на вода, што овозможува толкава заштеда. Значи инвестицијата, во идеални услови, би се вратила за 11-15 години. Па сега сами видете колку е исплатливо за домаќинства.
11.06.2012 09:42 | (22) | Like
Zoran-075237701, 11.06.2012 09:21:44
Jas ne bi se slozil deka Investicijata e skapa ,ako se zemi predvid deka imam sonce i mozeme da napravime Solarni polinja da proizveduvame Struja,i da Drzavat dozvoli sto povekje MW,mesto da uvezuvame Struja.Za soncevite kolektori za koj Jas pisuvam se za proizvostvo na Elektricna Energija.
11.06.2012 09:21 | (32) | Like
tom bomb, 11.06.2012 06:47:53
Koga ke mozam jas ,kao graganin da ponudam na EVN 30-50 KW/h od mojata solarna elektrana i uste tolku od elektranata na bio gas od moite 30 kravi? Vo toj moment mozebi ke se odlucam da instaliram i veternica ,bidejki ziveam vo vetrovit kraj.Za zal zakonot toa ne go dozvoluva kaj nas bidejki se stitat monopolite koi proizveduvaat i distribuiraat energija. Kolku pokrivi ima vo Makedonija,na koi moze da se instaliraat Foto naponski kelii?Graganite denje bi prodavale el. energija na EVN , a noke bi kupuvale od istite.Vo mnogu drzavi distributerot e obvrzan so zakon da ja prifati celokupnata energija sto ke ja proizvedete ,po pazarna cena.Za zal kaj nas toa ne e slucaj.
11.06.2012 06:47 | (28) | Like
jovan, 10.06.2012 23:34:45
Germancite vrsat istrazuvanja za iskoristuvanje na soncevata energija i veke pocnuvaat da koristat sovremeni (dosta skapi) kelii koj ovozmozuvaat visoka iskoristenost. Kaj nas se koristat zastareni sistemi a so takvi sistemi skoro e neisplatlivo da proizveduvas struja na toj nacin. Istoto e i so sistemite koj im se nudat i na graganite. Prvo, dosta se skapi (3-5iljadi evra), Vtoro, traat okolu 5-6 godini, i Treto, nemaat resenie kako da se zacuva el.energija pri poniski temperaturi. Na kraj koga se ova ke se sobere, ke se dojde do zaklucok deka e neisplatlivo, pa zatoa i nema mnogu instalirano. Zainteresiranost ima, no koga ke se vidi kolku davas, a kolku dobivas, ispaga deka ne e isplatlivo. Da se nadevame deka Germancite(ili bilo koj) za nekoja godina-dve, ke ja ponudi novata tehnologija po poeftini ceni, pa togas moze da se razmisluva za vakva investicija. Sega za sega, nisto posebno ne se dobiva.
10.06.2012 23:34 | (74) | Like
 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 

Снег на Водно
Блесок 10
 
Марфи
Ако не можеш да го сфатиш, тогаш е нешто очигледно.