петок, 04 јануари 2013  ::  Бр. 15179
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
Изјава на денот
Менувам новинарска за собраниска бојкот-плата!
статус на Фејсбук
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан и Свет Култура Спорт Забавна Од почеток Видео


ЗА 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА


Стопанска банка - Битола си купи акции во Европа


Стопанска банка АД Битола купи 9,4% од акциите во скопската кондиторска фабрика Европа" АД Скопје. Акциите во вредност од 1,22 милиони евра се купени во три трансакции на берзата на три дена пред Нова година. Се истргуваа 24.005 акции по просечна цена од 3.145 денари, или за 37% пониско од референтната цена. Продавачи на акциите се фирмите на Јовица Стефановиќ Нини: Вет фарм трејд" (6,3%) и Јака 80".

Официјална потврда за најновата трансакција стигна и од Централниот депозитар за хартии од вредност каде во евиденцијата стои дека нов сопственик на 9,4% од акциите во Европа" Скопје е Стопанска банка АД Битола. Според извештајот на Централниот депозитар за хартии од вредност најголем акционер во "Европа" е "Макошпед" кој поседува 19,05% од акциите, "Фершпед" со 18,06% од акциите, "Ветфарм Трејд" со 10,51%, а 10% поседува и самата фабрика. Сега Стопанска банка е четврти по големина акционер во фабриката со 9,39%. Други позначајни акционери се Мила Левентеич со 8,7% и Есамедин Хасани со по 8,2% од акциите.

Акционерската структура во најголемата кондиторска компанија во земјава никогаш не била по шарена". Клучниот акционерски збор за деловната политика на битолската банка сега ќе го имаат фирмите Орка холдинг", Тимох", Ексико" и Жито Полог" кои заедно контролираат над 75% од акциите на ЗК Пелагонија" која пак, е најголем акционер во Стопанска банка АД Битола со посед на 21,2% од акциите со право на глас.

"Европа" според јавно објавените информации на Комисијата за хартии од вредност работи профитабилно. Добивката пред оданочување за првите девет месеци од оваа година е зголемена за скоро три пати и изнесува 320.000 евра, а лани изнесуваше 114.000 евра.





Статијата е прочитана 1805 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 
 

Снег на Водно
Блесок 10
Марфи
Од подот не можеш да паднеш.