петок, 15 февруари 2013  ::  Бр. 15213
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан и Свет Култура Спорт Забавна Од почеток Видео
Економија


ПОРТАЛ ЗА Е-ВРАБОТУВАЊЕ


Барај работа на zarabotuvaj.mk


Младите кадри кои бараат работа сега имаат можност да заработуваат од дома. Основачите на веб порталот www.zarabotuvaj.mk, Ангел Митев и Симона Тодороска, потенцираат дека со овој концепт ќе се борат против огромната невработеност, ќе помогнат во стекнување искуство кај младите кадри и ќе работат на развивање на е-свеста кај народот.
- Ова е нов концепт за барање работа, каде што не е важно местото на кое се наоѓа барателот на работа или работното време, туку едноставно се поставува рок од работодавачот до кога и под кои услови мора да се заврши одреден проект. Се дефинира и сумата за извршување на услугата, а работобарателот сам одлучува за времето кога ќе работи на проектот - објаснува Митев.

Според него, овој концепт одлично и успешно функционира во САД каде луѓето се откажуваат од своите работни места за да работат од дома. Системот почнува со функционирање и во европските држави, иако се уште не постои во нашето најблиско опкружување.
- Концептот е предност за сите кои сакаат да работат во време кое им одговара, сакаат да заработуваат дополнително и за сите кои бараат работа. Исто така е можност за работодавачите (компании или физички лица) да избираат работници по цена и по квалитет (според сработените проекти). Порталот претставува место каде што може да се најде секаква работа - вели Тодороска.

Основачите, исто така, велат дека работата не мора да е врзана само за одредена територија.
- Започнуваме во Македонија, но целта е да го прошириме пазарот. Првична цел е покрај работата која ќе ја нудат нашите работодавци, да донесеме проекти за работа од странство. Од друга страна, да им овозможиме избор на македонските работодавачи кога станува збор за вработени лица и надвор од Македонија. На сајтот ќе може да се понудат и бараат огласи за работа од сите компании - вели Митев.

Системот овозможува две можности за работа. Првата, работа на одреден период, односно хонорарна работа каде работодавачот ја огласува потребата за работник со опис на работата, нуди буџет за целосно завршена работа, а корисниците (работобарачите) се нудат со своја цена во рамки на буџетот на проектот и со време за кое ќе биде завршен проектот. Втората можност е долгорочна работа, каде што ќе се прикажуваат сите огласи за работа според категории, каде корисниците ќе можат да остават биографии и да аплицираат преку системот на заработувај.мк. Секој работодавач и корисник (работобарач) ќе биде рангиран (со свој рејтинг) како последица од претходните оценки и завршени проекти. На крај работодавачот избира соодветен корисник и започнува процесот на работа.






Статијата е прочитана 2279 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 
 

Снег на Водно
Блесок 10
Марфи
Никогаш не се вознемирувај. Важен знак на мудроста е секогаш да останеш смирен и никогаш да не се налутиш.