понеделник, 08 април 2013  ::  Бр. 15257
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
Изјава на денот
Не плашете се да бидете христијани
Папата Франциско
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан и Свет Култура Спорт Забавна Локални избори 2013 Од почеток Видео


ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО МАКЕДОНИЈА


Непознати документи за Македонија од Архивот на Тито


Досега непознати документи кои се однесуваат на Македонија, а потекнуваат од Архивот на Јосип Броз Тито, се објавени во најновото издание на списанието "Македоника". Изданието содржи и нови сознанија за грчката вооружена дејност во Македонија по Илинденското востание, за Пајсиј Хилендарски и Македонија, за дејноста на Жинзифов, една беседа од Григор Прличев...

Како главна тема е поместен и обемен извадок од досега необјавените спомени на Павел Шатев.
"Спомените набргу ќе бидат објавени интегрално во посебно издание на Македоника", како еден од осумте тома од досега необјавената пишана, пред се, историографска, оставина на познатиот македонски револуционер и национален деец. Освен извадокот од спомените на Шатев, во списанието е објавен и текст на Предраг Димитровски за оставината на Шатев, но и за некои контроверзи поврзани со него", велат од издавачот "Македоника литера".

Во овој број на списанието, за првпат на македонски јазик, е објавен и дел од најобемната и најбогатата книга досега напишана од странец за Македонија, книгата Македонија - предел и култура на живеење" од германскиот научник и истражувач на Македонија Леонард Шулце - Јена, кој земјава темелно ја проучувал за време на Првата светска војна. Пригоден текст за Шулце - Јена има Волф Ошлис, кој авторот на книгата го нарекува германски откривач на македонскиот јазик".





Статијата е прочитана 6261 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 
 

Блесок 10
Канаѓани со "Минус еден" премиерно во Скопје
Марфи
Непријателот главно напаѓа во две прилики - кога тој е спремен и кога вие не сте.