петок, 30 ноември 2012  ::  Бр. 15152
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
Изјава на денот
Хаг им плукна во лице на жртвите од Србија
Никола Селаковиќ, министер за правда во Србија
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан и Свет Култура Спорт Забавна Од почеток Видео


ШТИП И БИТОЛА ПОМИНАА, ОСТАНУВА БЕРОВО


В година ќе се градат 64 станови за деца без родители


Битолчани вчера добија 78 социјални станови преку електронска аукција. Првите 13 станови ќе бидат доделени на деца без родители, 48 станови се за лица што добиваат финансиска помош, а 50 станови се за самохрани родители.
-Јавната електронска распределба мина мирно и без реакции, а по утврдувањето на листата ќе биде извршен теренски мониторинг со анализа на приложените податоци од страна на апликантите, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

До крајот на оваа година, според проектот на Владата за домување на социјално ранливите групи од кои предност имаат поранешните штитеници од домовите за деца без родители ќе бидат доделени уште 51 стан во Берово. За наредната година, предвидена е изградба на зграда кај општина Бутел, во Ресен и згради на уште две локации во државата.

Планирана е и изградба на 64 социјални станови наменети за децата без родители. Тоа вчера го најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски
-Сакам да знаете дека и Владата се грижи за сите фази од вашиот развој во животот. Определивме по 18.000 денари месечно да добиваат сите деца без родители што ќе одат на факултет. Владата донесе одлука да помогне на децата без родители кога ќе го завршат образованието да им додели станови. За следната година се планира да бидат изградени 64 станови за децата без родители, рече Ставрески за време на донацијата од вработените во УЈП за Домот 11 Октомври" во Скопје по повод Св. Матеј" - Светскиот ден на даночниците.
Ниските примања, барателите да се корисници на социјална помош и бројот на членови во семејство доколку барателот има семејство се основните критериуми кои треба да се исполнат за барање за социјален стан.

Со проектот за домување, се решава станбеното прашање на лица кои спаѓаат во една од социјалните категории: деца без родители или родителска грижа над 18 години, корисници на социјална или постојана парична помош, лица погодени од елементарни природни непогоди, инвалиди, лица на кои им е потребна помош и грижа, самохрани родители со малолетни деца и социјални случаи од ромската заедница.

Становите се помеѓу 27 и 45 квадрати. Киријата изнесува 15 денари за метар квадратен, пари кои се наменети за поправки во самите станови.
Проектот кој предвидува изградба на 1754 социјални станови треба да заврши во 2016 година. Во проектот вреден 50 милиони евра државата учествува со 50 проценти од вкупното финансирање, а другата половина ја обезбедува Банката за развој при Советот на Европа.

(С.Р.)







Статијата е прочитана 1015 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 
 

Снег на Водно
Блесок 10
Марфи
Невиноста е излечлива.