петок, 28 јануари 2011  ::  Бр. 14604
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан Црна хроника Култура Life Style Спорт Stars Свет Од почеток Видео


ЗА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ


Меѓу професорите вчера протестираа функционерите на СДСМ!


ВМРО-ДПМНЕ обвини дека зад протестот стојат актуелни или поранешни функционери на СДСМ, роднини и блиски пријатели на функционери на оваа партија, лугето на Црвенковски кои наместо да се однесуваат како академски граѓани се решија да дејствуваат како партиски војници. Тие протестираат за да не одат на работа, да не држат редовно часови и да не пишуваат научни трудови


Дел од професорите од Универзитетот "Св. Кирил И Методиј", поддржани од бивши функционери на СДСМ вчера протестираа против измените на Законот за високо образование. Еден час пред нив студентите организирани од Студентскиот парламент на УКИМ одржаа мирен протест поддржувајќи ги истите законски измени.

Измените на Законот за високо образование предвидуваат повеќе новини со кои ќе се подобри квалитетот, како што е обврската професорите да држат настава, обврската да се објавува самоевалуација, да се интернационализираат универзитетите со нудење студиски програми на англиски јазик, оневозможување конфликт на интереси или непотизам, финансиска отчетност како се трошат средствата од партиципацијата.

Според министерот за образование, Никола Тодоров, во демократска земја протестот не може да биде забранет, но повика да се прифатат промените што ќе донесат квалитетно високо образование. Во тој правец се и овие законски измени.
- Јас и вчера и сега апелирам до сите чинители - и до студентите и до професорите, пред да преземат каква било акција, да ги прочитаат измените на Законот за високо образование и да видат дека во нив нема ништо што ја нарушува автономијата, нема ништо што ги става професорите во подредена положба. Сите мерки што се нудат во Законот се искрени и во функција на подобрување на квалитетот, а не се насочени ниту против еден професор, ниту против еден универзитет во Република Македонија, рече Тодоров.

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека зад протестите на професорите стојат поранешни и актуелни членови на СДСМ. Потпаролот на партијата, Александар Бичиклиски, на прес-конференција посочи дека на протести биле Љубомир Фрчковски, Ана Павлова - Данева, Владо Бучковски, Слободан Унковски, Ѓунер Исмаил, Каролина Астеруд - Ристова, Људмил Спасов, Мирослав Грчев, Ферид Мухиќ, Петар Арсовски и Трифун Костовски.
- Заедничко за сите овие имиња е тоа што се актуелни или поранешни функционери на СДСМ, роднини и блиски пријатели на функционери на СДСМ. Ова се луѓето на Бранко Црвенковски кои наместо да се однесуваат како академски граѓани се решија да дејствуваат како партиски војници, рече Бичиклиски, додавајќи дека тие протестираат за да не одат на работа, да не држат редовно часови и да не пишуваат научни трудови.

Тој обвини дека СДСМ стои и зад вчерашниот протест пред Стоматолошката клиника во Скопје.
- Заклучокот е јасен, СДСМ ја руши демократијата. СДСМ сака политички да профитира преку политички исценирани протести, нагласи Бичиклиски.

(В.М.Б.)





Статијата е прочитана 5816 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




студент магистрант, 28.01.2011 11:40:27
Какви се тие професори што им е страв да прифатат како обврска да пишуваат научни трудови ,да бидат редовни на предавањата а не да тераат приватни бизниси! Дојдете во Англија да видите што значи универзитетски професор и како си го заработува лебот кој не е поголем од тој што им го даваме на професорите во Македонија. Пишувањето научни трудови е измислено за да се афирмираат,дообразуваат,да ги следат новите научни тенденции.Без тоа сите во светот ќе станат како нашите професориЧЌе ги нема во предавалните,ќе ги има на тендери и по весниците како и во приватни проекти и ќе немаат врска со најновите научни достигнувања! Во светот ќе го има она што веќе го има одамна во Македонија: Професори згазени од времето,без енергија,немотивирани,корумпирани итн..
28.01.2011 11:40 | (52) | Like
Univerzitetski profesor, 28.01.2011 11:29:34
Pozadi protestite na Stomatoloski kliniki stojat profesori - clenovi na SDSM koi voedno se i clenovi na sovetot na grad Skopje.Poranesniot portparol na FZO Gacov koj e stomatolog neslucajno e pokanet na ovoj protest.Nekolku od profesorite (clenovi na SDSM)se mentori na aktuelniot dekan i na pretsedatelot na sindikatot.Toa se glavnite kocnicari na reformite i vo zdravstvoto i vo obrazovanieto.(se raboti za mladi i poletni kadri od 65god.)
28.01.2011 11:29 | (70) | Like
од внукот на ДЕЛЧЕВ, 28.01.2011 11:14:34
Додека асистентите во амфитеатрите и вежбалните ги вршеа секојдневните потребни активности на држателите на факултетските катедри,а тие со сиот резил демострираа незадоволство демек оти им била нарушена автономијата на универзитетот и факултетите.Дали се свесни оти таа државата преку даночните обврзници кои ги плаќаат,мора а и треба да има увид во нивната работа,едукација и дооусовршување со што ќе произведуваат и поквалитетен и пообразуван кадар.Голем број од демостраторите сигурен сум дека не поседуваат и минимално познавање и примена на компјутерската техника,а камоли истата да ја применат во едукацијата на нивните студенти,оти ако тоа се побара од вас сигурен сум дека мнозина од Вас другари професори ќе треба да им одстапите Вачите места на помладиот кадар-асистентите кои сигурно се пописмени од Вас.
28.01.2011 11:14 | (26) | Like
Anonimen, 28.01.2011 10:36:27
Ne e vo red site Profesori i sorabotnici da se stavaat vo ist kos i na vulgarfen nacin da se degradiraat so vakvi komentari.Golem del od niv se cesni i sposobni. Deka treba da se stavi red, da, treba.Deka ovoj predlog Zakon ne nudi resenie, ne nudi. Zatoa treba ministerot i profesorite da sednat i da iznajdat resenie.
28.01.2011 10:36 | (25) | Like
makedonka, 28.01.2011 10:24:20
tomo, odlicen komentar! tokmu toa treba da im se pleska na tie polupismeni akademci- kade voopsto se tie prifateni kako primer i koj toa tolku gi ceni?! epa nikoj! zatoa sami se falat i za zal site ne otekuvaat so tie nivni samovosnesuvanja. istite tie laat deka studentite se nepismeni. vidi, vidi! koj e kriv??? sigurno ne tie bidejki se premnogu "pametni". bravo bre profesorcinja! sega barem se pokaza deka siot narod e pointeligenten i pointelektualen od ovaa malubrojna grupa na totalno zakoraveni stvorovi! obrazovanieto e mesto kade treba da se ohrabruvaat progresivni idei! napred studenti! imate pravo na moderno i kvalitetno obrazovanie i nikoj nema pravo da ve unazaduva
28.01.2011 10:24 | (17) | Like
antika, 28.01.2011 10:07:26
na so deredze dojde frcko da seta transparenti po gradot, zamisli tipot sega e tolku isfrustriran so veke toj ne e najpameten vo drzavata pa padna i na najniska granka da seta niz gradot i kiselo da se smee. aj neka seta za da ja izvadi platata na fakultetot oti dosega nisase vrata zemase plata i prodavase pamet za pari
28.01.2011 10:07 | (15) | Like
marko jovanovski selanec, 28.01.2011 09:56:43
Ne se vinovni profesorite,vinovna e vladata t.e.ministerot za obrazovanie.Zasto dekanite ne davaat ocenki za uspehot na eden profesor? Zasto da nema nagradi samo za onie sto imaat ucestvo na megunarodni seminari? Do koga Makedonija ke slusa profesori kio-sto cel zivot nisto ne rabotat a se proglasuvaat od drzavata za doktori i vidni licnosti,kako pomladite asistenti Sekerinska,Makraduli,Sema???Merimu pametot na ovie ceni gi profesorite i vikaj URA, ama i dodelimu AKOT prema umot??
28.01.2011 09:56 | (25) | Like
DE, 28.01.2011 09:46:44
So vakov univerzitet mislime deka ke ne primat vo Evropa? So profesori koi uste ne sfatile deka socijalistickoto samoupravuvanje zavrsi, za koi obvrskata da se zanimavaat so nauka e upad vo avtonomijata na univerzitetot, koi ne objavile nitu eden trud vo megunaroden casopis a lazat deka se vrvni svetski eksperti? Tesko nas ako ova od vcera bese slikata za nasata intelektualna elita!
28.01.2011 09:46 | (26) | Like
Aleksandar, 28.01.2011 09:37:52
Се виде резултатот од овие "професори" со фрц на чело. Се што можело македонско да се уништи - уништи. Олеле мајко !!
28.01.2011 09:37 | (33) | Like
Ljubo, 28.01.2011 09:24:40
Go podrzuvam ministerot bravo samo napred.
28.01.2011 09:24 | (20) | Like
ИД, 28.01.2011 09:17:53
Во Македонија професорите на универзитетите се заштитени како бели мечки. Никој ништо не им може !!! Никој !!! Кога сакаат држат консултации, еднаш во семестарот запишуваат оценки и тоа во ист ден кога даваат и потписи па тогаш има генерациска средба на студентите пред нивните канцеларии. Тогаш можеш да се видиш со некој што одамна не си го видел. И богами ќе има време да се муабетите, до вечерта. Не се сите професори такви, но ги има во доволен број за да ја нарушат глобалната слика.
28.01.2011 09:17 | (20) | Like
vlado, 28.01.2011 09:04:55
vakva intelegentna tortura ne e videna vo istorijata ...tortura na drzava od strana na luge koj ne mozat da se pomirat so toa sto se stava red za prv pat vo istorijata na ovaa drzava.grupa na luge koj go ubeduvaat narrodot deka se vo pravo a ne mislat deka i nie imame troska pamet
28.01.2011 09:04 | (20) | Like
Tomo, 28.01.2011 09:00:19
Toa e bagra koja so godini nisto ne raboti (a i ne znas) a udobno zivee na grbot na vredniot rabotnik vo nasava drzava.Po sistemot tebe-mene dobivaat nezasluzeni tituli na profesori pa duri i akademici , so sto bogato ziveat, a pravat nesogledivi steti za idniot razvoj i voopsto za obrazovanieto.Neka izleze nekoj od spomenatite profesori i neka kaze kolku negovi trudovi imaat prakticna primena ili se zemaat kako primer za edukacija vo zapadnite drzavi i kolku evra i donele na svojata zemja.Protestiraat bidejci ne sakaat drug da im go meri trudot.Bi im preporacal da otidat na nekoj od poznatite univerziteti vo svetot (Sorbona,Oksford,Kembridz...) kade ima potreba od vrvni naucnici i eksperti ( a neli i ovie se takvi) Tamo em dobrom ce ziveat , em nas ce ne oslobodat od nivnite maki.Samo se plasam deka so svoite CV nema da dojdat ni do portirite na tie ustanovi, bidejci tamo znaat sto da cenat i da placaat.Konecno treba da svatitedeka komunizmot umre, a vie zatvorivte stotina fabrik
28.01.2011 09:00 | (45) | Like
Cobe, 28.01.2011 08:56:55
eve videte Jani Makraduli kolku scientific papers ima: http://www.feit.ukim.edu.mk/en/about/orgStruktura/kadar/asistenti/jmakraduli.html Kako sto rece eden moj prijatel, najgolemoto zivotno postignuvanje mu e potpretsedatel vo partija. Vo isto vreme, veke 15+ godini e asistent na FEIT. What a professional...
28.01.2011 08:56 | (19) | Like
realen makedonec, 28.01.2011 07:46:53
Sovetot od Slovencite sto Branko go plati 300 ilijadi evra se odnesuva bash na toa, se shto ke predlozi vladata bes razlika shto e korisno za drzavata vie ke go bojkotirate. Branko reshil da go jade sapunot pejnel se ili ne se pejnel za nego pari e dadeno .
28.01.2011 07:46 | (41) | Like
GOCE SESHKO-, 28.01.2011 06:08:15
NEMOZAM DA VERUVAM. Mislev profesodite se pametni ke rabotaa za OBRAZOVANIETO na nasata denesna i idnite generacii na Makedonija,ovie PROFESORI obratno go vatija istiot pat so SDSM za rasturanje na Makedonija po sekoja cena,e tuka pogresija iako se kazuvaa profesori Makedonskiot graganin se razbudi znaat deka vladata raboti vo nas interes za dobra idnina na Makedonija i makedonskiot narod;
28.01.2011 06:08 | (17) | Like
pero magacinero, 28.01.2011 04:23:19
odsega i jas ke se samoproglasam za profesor i ke baram AVTONOMIJA se razbira finansiska sam da si odlucuvam za platata,ke prepisuvam trudovi,ke analiziram,dokazuvam deka za makedonskiot narod e podobro da go smenime imeto na drzavata i sigurno ke dobijam pari od soros i od papandrey,ne bilo nisto da si makedonski profesor ili car-taka rece GEORGI KOLOZOV
28.01.2011 04:23 | (41) | Like
Mudar, 28.01.2011 02:23:56
Leleee ovie od sdsm nemozam povishe da gi gledam go obolia narodot! Kade dum tamu kum...samo laat, samo pljukat i kritizirat, opozicija NE znaci celo vreme da ja pravish sekoja ideja od Vladata losha, da go manipulirash narodot, da klevetish i da se nadmudruvash, konstruktivna pozicija dava svoi konstruktivni kritiki, svoi Idei i svoi mislenja, a ne se oblekuva kako "kanarinci" i nose metli vo sobranie, -smeshki! Zatoa se tamu kade sto se i kako sto izgleda ushte mnogu ce ostanat!
28.01.2011 02:23 | (38) | Like
Andrijana, 28.01.2011 00:59:28
Kakvi profesori bre?! So diplomi od privatni fakulteti? So nitu eden objaven trud? Ponepismeni i od studentite? Kaj za sekoj ispit si zemaat mito po 500 evra, ushte pa teshko im e sekoj den na rabota da odat i da drzhat predavanja?! Ili teshko im e bidejkji ne znaat shto da predavaat? M?
28.01.2011 00:59 | (56) | Like
Vane od Avstralia, 28.01.2011 00:40:12
Kako e mozno frckovski da gi uci nasite studenti koga e coveko otvoreno protiv drzava so ime Macedonia,ovoj covek trebase da bide razresen pred mnogu godini i ne samo toa tuku i osuden za sirenje anti drzavni nepriatni novini.Ako neko saka da zboruva za demokratia jas toa go razbiram,ama nema demokratska drzava na svetot vo koja licnos kako ova bitanga da mu bide dozvoleno da komentirat anti drzavni komentari oti so sigurnos ke odgovarae pod zakono.Da zive Republika Macedonia.
28.01.2011 00:40 | (36) | Like
3G, 28.01.2011 00:37:51
сдсм не, сака туку политички профитира веќе 20 години на најдолен и најбесрамен начин, далеку, далеку од европски и западен. Тука не помага собраниско мнозинство, ниту зборови. Дибидуз. И голем нивни успех секако. Увезуваат скапа НАДЕЖ те од Словенија те од Србија но за Македонија со нив нема надеж.
28.01.2011 00:37 | (23) | Like
ina, 28.01.2011 00:14:36
pa Frckovski, Buckovski, Ristova-Asterud se profesori, a sigurno i od drugive nekoj e
28.01.2011 00:14 | (37) | Like
Професор, 28.01.2011 00:05:21
За жал. Тоа се мои колеги кои со децениии немаат ништо конкретно направено на планот на образованието, а, пак, што се однесува до нивната научноистражувачка работа, можеме да ги сместиме дури и под нивото на некои студенти. Уште да го додадам и фактот дека можеби причина за тоа е нивната определба за политичко дејствување, а не за работа со научноистражувачка и високообразовна цел. Жал ми е што има такви „професори“ на нашиот Универзитет чијашто диплома и титула важи единствено во рамките на нашата држава и чијашто цел е политички да се одржат на нивните работни места и да напредуваат со помош само на својот политички ангажман.
28.01.2011 00:05 | (65) | Like
marija, 27.01.2011 23:57:57
naucni trudovi e poim za ovie tatini i mamini profesori.seminarskite sto gi pisuvaat studentite gi kompletiraat i so svoj potpis gi pecatat kako svoj trud.neuspesni na site polinja i kako profesori i kako politicari. GREBATORI. cel zivot im pomina kako polzavi koi osavija samo ligavenje zad sebe.(ako ne e taka zosto protestiraat?od sto se plasat ako se sposobni)
27.01.2011 23:57 | (70) | Like
Od fakelaki, 27.01.2011 23:49:12
Edino sto znaat da rabotat ustvari da kradat lazat protestira falsifikat atentati i drugo nisto ne pismeni kokoskati..........
27.01.2011 23:49 | (49) | Like
Тарататира, 27.01.2011 23:32:10
Аман, повлечете го членот од законот професорите ЗАДОЛЖИТЕЛНО да држат настава! Подискриминирачко нешто не можевте да смислите. Само ги понижувате врвните интелектуалци со тоа што се обидувате на таков беден начин да ги вратите на нашава планета, хехехе!
27.01.2011 23:32 | (50) | Like
Dreams, 27.01.2011 23:18:43
Ushte eden od neotstvarenite snishta na Trifun, da bide profesor (rektor) na UKIM?!
27.01.2011 23:18 | (44) | Like
Itar Pejo, 27.01.2011 23:03:40
Pa sto? Vo demokratskite zemji opozicijata sekogas gi podrzuva tie sto protestiraat protiv vlasta.
27.01.2011 23:03 | (77) | Like
 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ
Изјава на денот
Тероризмот нема да ја стави Русија на колена
Дмитриј Медведев, претседател на Руската Федерација

 
 

Снег на Водно
Блесок 10
Марфи
Работните карактеристики кои ги наведува производителот треба да се поделат со два.