понеделник, 15 јуни 2009  ::  Бр. 14125
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан Црна хроника Култура Life Style Спорт Stars Свет Од почеток Видео


ПРОГНОЗИ НА ТУРИСТИЧКИТЕ РАБОТНИЦИ ЗА ПРЕТСТОЈНАТА СЕЗОНА


Рецесија во елитниот туризам, доминантни патлиџан туристите


Македонците најчесто патуват за Грција во предсезона, притоа со себе носејќи храна за да поминат поевтино


Глобалната криза го разниша туристичкиот сектор во земјава. Во пресрет на туристичката сезона, речиси за 30 проценти е намалена понудата на туристичките аражмани. Македонците барат легло повеќе, но само за предсезоната кога се нудат туристички патувања по драстично пониски цени од оние во шпицот од 15 јули до 15 август. Стеван Пешевски, директор во туристичката агенција Савана вели дека за разлика од лани кога граѓаните ја бојкотирале Грција како дестинација за летување годинава сите бараат да летуваат на Егејско Море, но по популарни цени пред стартот на сезоната.
-Скапите аранжмани за летување во Турција, Египет и Шпанија ги има многу помалку оти и побарувачката за нив е редуцирана - нагласува Пешевски.

Со неговиот став се согласува и Живко Крстевски, долгогодишен туристички работник и сопственик на туристичката агенцијата Александар.
-Повторно е актуелен патлиџан туризмот, бидејќи граѓаните патуват за Грција преку евтини аражмани и носат многу храна за да поминат поевтино - појаснува Крстевски.

Според него, можеби е рано да се зборува за тоа како ќе помине понудата за јули и август, но засега немало интерес за луксузните патувања,
-Аранжманите за Шпанија се под знак прашалник бидејќи се уште не можат да се пополнат чартер турите за Палма де Мајорка. Поради овие причини аранжманите за оваа земја можат и да се откажат - вели Крстевски.

Според Крстевски, само пет отсто од Македонците можат да си дозволат луксузни патувања. Добар дел од нив најчесто своето патување го обезбедуваат преку странски тур-оператори или преку интернет.

Туристичките работници велат дека во изминатава недела до нив веќе почнале да пристигнуваат нови цени за аранжманите. Според нив, цените во елитните хотели со пет ѕвезди во Бугарија и Малта се движат од 30 до 35 евра. Токму поради овие причини тие сметаат дека откако ќе заврши семинарскиот туризам во Охрид, тамошните хотелиери ќе останат без туристи.

Тие, пак, не се согласуваат со овие прогнози на туристичките работници и сметаат дека високата класа на туристи не доаѓа во Охрид поради лошата инфраструктура и немањето евтин авионски превоз. Според Дончо Танески, претседател на ХОТАМ во Охрид има добри капацитети за елитни гости.
-Нашите хотели со четири ѕвезди се подобри од оние кои низ Европа се нудат како летувалишта со пет ѕвезди. Единствениот проблем е што нема соработка меѓу државните и градските власти со туристичкиот сектор - вели Танески.

Според него, пречка што туристички не можеме да се изгигнеме е што немаме квалитетен туристички кадар. Се прават напори да се воспостават релации со образовните туристички институции во земјава по европски терк.

-Повеќе пракса, отколу настава во клупа - предлага Танески и вели дека добар дел од хотелиерите би платиле за едукација на кадар но се плашат дека нема да се вратат потоа на работа кај нив.

Валентина МАРЈАНОВИЌ
Сузана ВРЕНЦОВСКА





Статијата е прочитана 5626 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




Alekso, 15.06.2009 10:33:22
jas obichno se sam si pravam - i smestuvanje preku internet si baram i aranzhmani sam. podobro taka, so agenciive ne si siguren i nema zoshto da im se davaat provizii koi odat i do 100% i poveke od cenata koja ja baraat ugostitelite.
15.06.2009 10:33 | (96) | Like
orevce, 15.06.2009 10:28:12
od sekojpat makedoncite odele na odmor vo Grcija so polni gepeci patlidzani i piperki i velat evtino si pominuvale.Vo Makedonija najevtino se pominuva, ama pusti falbi i malograganjsko odnesuvanje pred komsiite i prijatelite koj ke pokazuva a?
15.06.2009 10:28 | (69) | Like
Атанас-Скопје, 15.06.2009 10:20:37
Море малку е за тие луѓе што одат кај нашиот најлут напријател. Се чудам како некоја категорија на луѓе (и политичарите исто така) немаат ни капка гордост во себе, и понатаму одат кај тие просјаци од нашиот југи и исток. Трпат понижувања разни, згора на тоа ги гмечат и на граница и за вадење на визи. Господе поголеми мајмуни немам сретнато. Море дај господ и без гаќи да ги пуштат назад. Зарем нема нашата земја супер местенца?. Македонци, и понатаму трошите девизи кај нашиот јужен и источен сосед, а они нака ни удират шамари од сите страни. Чорба просјаци едни.
15.06.2009 10:20 | (91) | Like
citatelka, 15.06.2009 10:18:38
Ohrid e preubav grad, no samo za da setas, ima mnogu sto da se vidi. Za banjanje i soncanje ne e. Plazite se kamenesti, a vodata e ladna. I ne go zboram ova od inaet. Godini po red letuvam vo Petrovac, Crna Gora, plakame po 300 den (5 evra) od krevet vo soliden apartman (ne soba), plazata ni e na 5 minuti odenje peski, mestoto e prekrasno i sto e najvazno mirno e, nema muzika da eci do sabajle. Lani bev vo Ohrid, lugjeto se korektni i ljubezni (za razlika od pred deset godini), ama treba uste mnogu da da se uredat plazite. Pritoa ne mozam da ne posocam deka dodeka lezam na kamenesta plaza nad glava mi frcat koli i disam izduvni gasovi. Taka da so seta dolzna pocit, ama ne mozam da go sporedam Ohrid so bilo koe primorsko mesto. Primorskite mesta imaat svoi ubavini i prednosti, poinakva e klimata i podobro e za zdravjeto bez razlika dali se naogja vo Grcija, Crna Gora, Hrvatska, Spanija. I zatoa izlisni se site sporedbi.
15.06.2009 10:18 | (57) | Like
mkd, 15.06.2009 09:56:19
Ova e rabota za lokalnite i drzavnite vlasti vo korelacija so turistickite rabotnici. Turistickite rabotnici treba da predlozat a lokalnite i drzavnite vlasti da im izlezat vo presret i ISPOLNAT posebno za Skopje,Ohrid ,Dojran,zimskite turisticki mesta itn. Turisticki biroa koi ke nudat soodveten smestaj i Mapi,Vodici,obelezani pateki so znaci na Makedonski,Angliski idr.ako ima potreba.Ovlasteni taksisti i kombinja so vodici po odredeni standardi,Ovlasteni privatnici koi ke nudat sobi po odredeni standardi i ke davaat del od profitot da se stampaat mapi itn,trgovci koi isto ke subvencioniraat a za vozvrat turistickite rabotnici ke gi nosat vo nivnite dukani itn. Ima mnogu rabota no taa se resava za 12 meseci ako imame pamet vo glava
15.06.2009 09:56 | (57) | Like
HBG, 15.06.2009 07:40:01
Abre Makedonce zabegano, kaj ke najdis poubav i poeftin odmor od Ohrid. 300 den. za krevet (privatno), zemi si so tebe patlidzani i piperki kolku sakas, klima super da mojs da se iznaspies navecer. Ne mozam da vi se iznacudam na umot. Vo Grcija ve tretiret ko cigani, a vo Bugarija ste Bugari. Ami Srbive ne se glupi so go polnat gradov veke 3-4 god. nanazad, a vie so umot Crna Gora, ve izpotruja tamu i gi frlivte site pari. Mòooore um da se nemalo. izpruzi gi nozete kolku so ti e dolga cergata. Ova so go napisav ne vazit za skopjanite so krenat nos, ojte si vie vo Grcija z`s tamu i onaka ve viket skopjani
15.06.2009 07:40 | (63) | Like
vodkar, 15.06.2009 07:28:59
Znaci na ovie od Ohrid sega im e potreben visoko obrazovan kadar koj ke gi ubedi graganite deka e podobro da platis poskapo vo Ohrd a da ne se odi vo Grcija kade iako e podobro vo sekoj pogled i poeftino. E ova tesko da uspee pa ako sakaat site da imaat tituli M-r , Dr , ili Akademici.
15.06.2009 07:28 | (79) | Like
stb, 15.06.2009 07:28:53
mislam deka donco taneski e ocigledno tap i korav koga gi sporeduva hotelite na odhridskoto ezero i veli deka se podobri od nekoj evropski hoteli pred se nema vizija sto e dobar hotel i kakvi sve uslugi i ljubeznost se nudi vo hotelite niz svetov so kakva sve oprema i luksuznost raspolagaat organiziranost do perfektnost i da povtoram ljubeznost ogromna a da ne spomenuvam za cenite koj sto se vo ohrid povisoki od bilo kade vo svetov i nema razbiranje za makedonskiot turist da se dade usluga za poniska cena koja sto bi odgovarala na makedonskiot standard dodeka za turistite od stranstvo regularnata cena za stranci takov primer na turizam go ima da receme vo site nasi sosedski zemji i dobro im funkcionira so toa sto im dogaat i domasnite i stranskite turisti a uste sakam da napomenam nokniot zivot kulturnite programi zabavite po plazite kako vodeni lizgalki banana paraglajding pedalinki jetgliseri nurkanje ili [diving] pa mali sredeni restorancinja koj bi donele laden pijalok kafe na turi
15.06.2009 07:28 | (91) | Like
demirhisarka.redovna citatelka na vecer., 15.06.2009 01:05:42
TIE sto ke odat vo grcija na odmor podobro ke bide da ne se vratat, neka si ostanat tamo bidejki sigurno im e poubavo. GLUPAVI IDIOTI ZAREM NE GLEDAAT STO NI SE SLUCUVA.
15.06.2009 01:05 | (84) | Like
Edem, 15.06.2009 00:56:38
Sto ke ti e odmor, si imas internet, pa gledaj si sliki
15.06.2009 00:56 | (56) | Like
citatel, 14.06.2009 23:58:35
toa e makedonskiot turist.Koj ne saka da letuva ekskluzivno, ama toa ni e standardot.Sto da kazat pak tie sto nema nitu vo Grcija da odat,koi nemat pari nitu za pred sezona da letuvat.Barem da go napravea Ezeroto Treska mnogu gragani ke ima kade da se rekreirat.Neka se pokaze sega noviot gradonacalnik Koce
14.06.2009 23:58 | (93) | Like
 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ
Насловна

 
Гола вистина

 

Снег на Водно
Блесок 10
 
Марфи
Бесконечност е кога еден адвокат чека друг адвокат.